Се известуваат сите заинтересирани лица дека рокот за легализација на дивоградбите e продолжен до 31 март 2016 година, за легализација на бесправно изградените објекти е потребна следната документација:
- копија од лична карта - сметка од струја или вода постара од 2011 година.(од 2010, 2009, 2008, 2007 година ...) - административна такса, износ 300 денари |
|
Во пресрет на одбележувањето на Новогодишните и Божикните празници 79 дечиња кои дневно престојуваат во игралните и тоа во Тремник 19 дечиња, во Војшанци-14, во Пепелиште и Криволак по 17 и во игралната во Црвени Брегови 12 деца денеска беа посетени од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. За време посетата Апостолов на сите дечиња во име на општина Неготино им подели новогодишни пакетчиња-чин кој кај дечињата измами насмевки и благодарност за добиениот подарок, а за возврат тие пред градоначалникот се претставија со изведба на песнички кои ги научиле во игралните Целата активност помина во пријатна и весела предновогодишна атмосфера, а согласно утврдената динамика за посета на детските игрални во руралните средини утре (петок) новогодишни пакетчиња ќе им бидат поделени на дечињата во игралните во Тимјаник и во Долни Дисан. |
Повеќе...
|
Општина Неготино, како дел од програмата за спорт, во коорганизација со ракометниот клуб “Вардар - Неготино” овој викенд (19 и 20 декември) во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” го организираше третото по ред издание на турнирот во ракомет за кадети (генерации помлади од ’99). На овој традиционален ракометен турнир учество зедоа четири екипи во машка конкуренција (кадети), една екипа во женска комнкуренција и две екипи во машка пионерска конкуренција. Победник на турнирот во кадетска конкуренција е екипата на РК “Вардар-Неготино” која во финалето го совлада тимот на РК “Торо - Спорт” од Виница, додека третото место и припадна на екипата на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци, која ја совлада втората екипа на РК “Вардар-Неготино”. Во пионерска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РК “Вардар - Неготино” одигра нерешено со екипата на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци. Во продолжение се резултатите од турнирот: Машка конкуренција (кадети) Трето место ГРК “Тиквеш” - РК “Вардар Неготино 2” 18:9 полувреме 8:5 Финале РК “Вардар-Неготино” - РК “Торо Спорт” 14:9, полувреме 7:3
Пионеска конкуренција РК “Вардар-Неготино” – ГРК “Тиквеш” 11:11 Ревијален натпревар ЖРК “Вардар-Неготино” (кадетки) – ГРК “Тиквеш” (пионери) 13:12 Најдобар стрелец на турнирот беше централниот бек на екипата на РК “Вардар-Неготино”, Драган Кузманов кој постига 24 гола на 5 натпревари, најдобар голман е Александар Мицев исто така од екипата на РК “Вардар-Неготино”, а најдобар играч е Димитар Михајлов од екипата на РК “Торо Спорт” од Виница. Во идеалниот тим на турнирот се најдоа Матеј Костов и Стефан Стоименов од РК “Торо Спорт”, Дончо Ефремов и Мартин Петров од ГРК “Тиквеш” и тројца ракометари на РК “Вардар Неготино” - Кире Паланков, Лазе Арсов и Симе Трајков. На најдобрите екипи и поединци на турнирот градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов им додели дипломи и пехари, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници за учество. Генерален спонзор на турнирот беше Кроација Осигурување - Неживот. |
Повеќе...
|
Во организација на ракометниот клуб Вардар Неготино и со финансиска поддршка на општина Неготино, оваа година по трет пат се одржува традиционалниот турнир во ракомет за младински категории „Неготино 2015”. Турнирот се игра во спортската сала на СОУ “Св. Кирил и Методиј”, а започна со одигрувањето на соседското дерби помеѓу екипата домаќин Вардар од Неготино и Ракометниот клуб Тиквеш од Кавадарци. Покрај овие две екипи, на турнирот учествуваат и екипите на Торо спорт од Виница и РК Делчево и тоа во машка конкуренција (кадети), 2 екипи во женска конкуренција (кадетки) и две пионерски екипи. Турнорот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака остварување на успешни, резултати, фер-плеј во играта и да победи најдобриот тим. Инаку, во финалето ќе се сретнат најдобро пласираните две екипи. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат екипите на РКЖ “Вардар Неготино” и ЖРК “Торо Спорт” од Виница, а мечот во пионерска конкуренција ќе го одиграат екипите на ГРК “Тиквеш” од Кавадарци и домаќинот РК “Вардар Неготино”. |
Повеќе...
|
Веќе извесен период во Неготино на терен се реализираат активностите од проектот вреден 38.000.000 денари-средства обезбедени од Светска банка за реконструкција на повеќе од 7 децении стариот и руиниран водоснабдителнен систем на улици во градот во должина од 8 километри. Подготвителните теренски работи започнаа на улицата „Енгелсова“ во должина од 200 метри каде што стручните служби утврдија присуство на најголеми дефекти и огромни загуби на водата за пиење кои на некои места достогнуваа и до 70 отсто од количините кои доаѓаат од Лукар. По завршувањето на работите на оваа, градежната механизација ќе биде активна на улицата „Ило Виларов“ каде што ќе се работи на зафати на водоводната мрежа во должина од 500 метри, а понатаму работите ќе се одвиваат според однапред утврдената динамика и на останатите улици во Неготино. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов беше на терен и на лице место го следеше текот на одвивањето на работите, притоа изразувајќи задоволство што истите се одвиваат според планот, што пак е основен предуслов за навремено завршување на реконструкцијата на водоводот во период од 9 месеци. Апостолов истакна дека доколку временските услови го дозволат тоа, работите на терен можат да завршат и пред предвидениот рок за тоа, а се во интерес веќе престојното лето во Неготино да нема редукции на водата за пиење и населението да има 24 часовно водоснабдување. |
Повеќе...
|
Врз основа на поднесената апликација и потребната техничка документација од страна на општина Неготино, Министерството за транспорт и врски при Владата на РМ го распиша тендерот за избор на најповолен изведувач на работите за изградба на резервоар за вода во с. Пепелиште. Станува збор за изградба на нов резервоар со зафатнина од 210 м3 и изградба на потисен цевковод во должина од 1.216 метри, а истиот ќе се гради со средства во висина од 4.855.928 денари обезбедени од Европската инвестициона банка. Основна цел на овој проект е обезбедување дополнителни количини вода за населението од Пепелиште, посебно за жителите кои живеат во повисоките зони и кое во изминатиот период имаше најголеми проблеми со водоснабдувањето. Деновиве е избран и најповолниот понудувач-фирмата „Жикол“ која ќе го гради резрвоарот и по потпишувањето на договорот доколку временските услови го дозволат тоа ќе стартуваат градежните работи на терен. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека со завршувањето на овој проект ќе дојде до долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Пепелиште кои уште престојното лето ќе имаат континуирано и редовно водоснабдување. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Следно > Крај >>
|
Лист 216 од 314 |