Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по петти пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2016. Првенството ќе започне на 20 мај (петок) во 17.00 часот и ќе се одржува во Туристички-информативниот центар Желкова куќа (на вториот кат). Истото ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на Градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 20 мај (петок) до 13.00 часот. |
Повеќе...
|
|
Се повикуваат граѓаните на општина Неготино на кои ниските температури кои ја зафатија општина Неготино во периодот од 27.03.2016 до 29.03.2016 за овошни насади и 20.04.2016 за лозови и други насади им има нанесено материјална штета истата да ја пријават во просториите на општина Неготино. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот во период од 06.05.2016 година (петок) до 12.05.2016 година (четврток) во архивата на општина Неготино. Лице за контакт од општина Неготино за пријавување на штетите е Митко Толовски контакт телефон 076/212-094. Барањето за настанати штети може да го доставите и по електронски пат преку пополнување на Пријава за излез на лице место која може да се превземе на општинскиот веб сајт negotino.gov.mk и да ја доставите на емаил адреса на општина Неготино
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
. Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист). Барање за пријавување на материјални штети на земјоделски насади |
По завршувањето на неопходните земјени работи, создадени се услови од наредната недела да започнат градежните работи за изградба на новиот резервоар за вода со зафатнина од 500 м3 кој ќе биде лоциран веднаш до постоечкиот во Тимјаник, а на кој досега се извршени неопходните земјени работи. Станува збор, вели Апостолов, за уште еден проект со кој се очекува да дојде до подобрување на водоснабдувањето во градот и тоа за населението кое живее во високите зони и во дел од населените места, а паралелно течат работите и за изградбата на новиот резервоар во селото Пепелиште со зафатнина од 200 м3 вода со чие ставање во функција долгорочно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето на пепелиштани. Според градоначалникот Апостолов, по завршувањето на изградбата на новиот резервоар во Тимјаник, истиот ќе биде поврзан со водоводната мрежа во Неготино со обезбедување на дополнителни количини вода за населението од градот. |
Повеќе...
|
Денеска во просториите на ООУ„Страшо Пинџур“ во нашиот град во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за образование и наука и под покровителство на општина Неготино се одржува четвртиот по ред општински натпревар „Детски семафор-2016“. Дејан Нацев-претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата информираше дека на натпреварот учествуваат ученици од три основни училишта и тоа „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ од Неготино и „Димката Ангелов Габерот“ од Д.Капија, како и 3 екипи од СОУ„Св.Кирил и Методиј“. Најуспешните од ова натпреварување ќе се стекнат со право на учество на регионален натпревар, а соколку и таму постигнат добри резултати, ќе се натпреваруваат и на државниот натпревар. Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на сите учесници им посака успех во натпреварувањето со желби да победат најдобрите и најподготвените, додавајќи дека тој како градоначалник и локалната самоуправа водат континуирана грижа за да имаме безбедни и проодни улици како во градот, така и во населените места, што пак придонесува за зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот. |
Повеќе...
|
Од ЈП „Комуналец“ информираат ставањето во функција на паралелниот систем за наводнување на дворните површини ќе се случи од понеделник (25.04) кога низ системот ќе биде пуштена технолошката вода која граѓаните ќе можат да ја користат за наводнување на дворните површини, миење на возилата и за други потреби. „Комуналци“ ги замолуваат граѓаните во пресрет на пуштањето на технолошката вода да си ги проверат дворните инсталации и доколку се во можност да ги доведат во исправна состојба,а доколку се соочат со одредени проблеми да се обрата во ЈП „Комуналец“ или на телефонскиот број 043/361-711. |
Ваутер Пломп-амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија оствари работна посета на општина Неготино која самиот ја опиша како една од најубавите општини во земјава. За време престојот, амбасадорот Пломп најпрво оствари работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на која се говореше за актуелни прашања и можностите за остварување подобра соработка на релација општина Неготино-Кралство Холандија. Веднаш потоа, амбасадорот Пломп и неговиот домаќин градоначалникот Апостолов присуствуваа во Музејот на град Неготино и за отворена ја прогласија изложбата „Ана Франк-историја за денес“ која за сите заинтересирани граѓани ќе биде отворена до 25-ти овој месец. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Следно > Крај >>
|
Лист 208 од 314 |