Меѓу многубројните проекти кои општина Неготино ги спроведува со цел за стабилизирање на состојбата со водоснабдувањето е и проектот за изградба на нова мрежа на паралелниот систем за наводнување на дворните површини со технолошка вода. Така, деновиве на постоечкиот паралелен систем доградени се нови 600 метри мрежа на потегот од црквата Св. Атанасиј до населбата Саат-кула што ќе придонесе и оние семејства кои досега немале технолошка вода истата да ја добијат на располагање, а постоечката мрежа пак, ќе се подели на уште 2 крака со кои ќе бидат поставени околу 200 до 300 метри мрежа на паралелниот систем за граѓаните кои живеат на дел од останатите улици во Саат-кула. Основна цел на овој проект според градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов е и граѓаните од овој дел од градот да добијат технолошка вода и истата да ја можат да ја користат, за да останува повеќе вода за пиење и хигиенски потреби. Паралелниот систем се доградува со поставување цевки Ф-100 од 10 бари. |
Повеќе...
|
|
Олдтајмер клубот „ Класик“ во соработка со Општина Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов викендов ја организираа манифестациjата Олдаимер Викенд 2016 - Автомобилизам – Туризам на која учество зедоа сопственици на олдтајмер возила од Македонија и соседните држави. Манифестацијата беше од спортско рекреативен карактер со запознавање на културните и историските места во Македонија со олдтајмер возила кои ја спојуваат историјата и културата. Интересот на олдаимер изложбите е голем и буди емоции и сеќавање на возилата од минатoто, а младите генерации го гледаат прогресот на автомобилот во годините. На настанотк кој се одвиваше на градскиот плоштад беа изложени околу 15 автомобили и неколку моторцикли, а во знак на благодарност за помошта при реализацијата на изложбата, организаторите на градоначалникот Апостолов и на општина Неготино им доделија благодарници. |
Повеќе...
|
Извонредно атрактивен спортски настан ќе се одржи овој викенд на 18 и 19 јуни (сабота и недела) во Неготино во спортската сала Младост. Имено, нашиот град е домаќин на Државното првенство во кик бокс во три конкуренции-сениорска, јуниорска и кадетска на кое настапуваат најдобрите кик боксери од Република Македонија, се разбира секој во својата категорија. Организаторот на овој настан кој се одвива под водителската палка на најдобриот шоумен во нашата држава Игор Џамбазов е Кик боксинг федерацијата на Македонија со техничка поддршка на Кик бокс клубот „Гладијатор“ од Неготино и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. На свеченото отворање на Државното првенство и почетокот на борбите градоначалникот Апостолов истакна дека е горд што токму во Неготино се одржува еден ваков значаен спортски настан кој е подржан од него и од локалната самоуправа, како што впрочем подрѓка добиваат сите спортски клубови и спортисти од општина Неготино. Апостолов кој го прогласи натпреварувањето за отворено на сите учесници им посака успех на спортски план со желби да победат најдобрите. Инаку, Државното првенство има и хуманитарен карактерр со тоа што приходот од сите продадени влезници по цена од 50 денари ќе бидат донирани за лекување на нашиот сограѓанин Илија Таневски. |
Повеќе...
|
Министерот за труд и социјална политика во Владата на РМ Диме Спасов придружуван од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката Гордана Трајковска беше во работна посета на Неготино ви чии рамки престојуваше и се запозна со работата на Дневниот центар „Порака“, а беше посетена и една заедница за организирано живеење на штитениците.„Процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика го поддржува од самото негово започнување и имајќи предвид дека дава одлични резултати, со средства во висина од 16.500.000 денари на годишно ниво и понатаму ќе продолжиме со напорите за подобрување на социјализацијата на лицата со умерен и тежок хендикеп кои се сместени во заедници за организирано живеење“-истакна министерот Диме Спасов . Во вкупно 76 заедници во Македонија 43 се во Неготино и 33 во Волково и во нив престојуваат 76 корисници кои предходно престојувале во установи од затворен тип, а во овие заедници од страна на стручни лица ја имаат целосната поддршка за нивно 24 часовно егзистирање, посетуваат разни настани од јавен карактер и се прифатени од населението во градот. Градоначалникот Апостолов истакна дека општина Неготино имала и ќе има одлична соработка со Дневниот центар „Порака“ преку поддршка за разни манифестации што установата ги организира со цел за спроведување на бројни активности преку директно учество на штитениците на настани кои придонесуваат за нивна социјализација во општството. |
Повеќе...
|
„Огромна чест и задоволство е што токму Неготино и неговиот градски стадион се избрани за одржување на тренинг кампот на Англискиот премиерлигаш и фудбалски гигант Арсенал на кој млади фудбалери од Југоистична Европа ќе можат да ги покажат своите фудбалски вештини“- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го посети кампот и ја следеше неговата работа, а оствари и средба со „ловецот на фудбалси таленти“ на Арсенал Лакис Папајоану. Инаку, Папајоану во Неготино раководи со фудбалслкиот „Арсенал камп“ за талентирани фудбалери од Југоисточна Европа, а оваа година честа да биде домаќин ја имаше градскиот стадион и градот Неготино чиј прв човек градоначалникот Ванчо Апостолов оствари средба со „скаутот“ на Арсенал и се задржа во краток разговор со неготино. Инаку, во работата на кампот учествуваат 70 млади фудбалери од Македонија, Србија, Грција и Албанија генерација од 2001-2003 година и 2004-2008 година кои добиваат инструкции и тренираат по теркот со кој се работи со младите фудбалери на Арсенал. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска во својот работен кабинет ги прими ракометарките и ракометарите на „Вардар“ од Неготино придружувани од тренерите и членовите на Управата кои ја претставуваа Република Македонија на Меѓународен турнир во ракомет што се одржа во Германија на кој учествуваа вкупно 80 екипи од повеќе држави. На турнирот кој се играше на тревна површина, а секој меч траеше по 15 минути, машката екипа на Вардар во конкуренција на 8 екипи го освои одличното второ место со 6 победи и само 1 пораз, додека ракометарките го освоија четвртото место во конкуренција на 8 екипи. Градоначалникот Апостолов им го честиташе успехот на двете екипи на РК„Вардар“ истакнувајќи дека како и останатите спортисти и спортски клубови, и ракометарите и ракометарките ја имале и ќе ја имаат неговата поддршка во рамките на можностите на општината со единствена цел за унапредување на спортот во општината. Членовите на Управата и играчите му се заблагодарија на Апостолов за поддршката и истакнаа дека и понатаму со макотрпна работа и дисциплина ќе се трудат да постигнуваат резултати со кои ќе се афирмира општина Неготино и Република Македонија. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Следно > Крај >>
|
Лист 205 од 314 |