Општина Неготино
Се одржа меморијалниот турнир во борење „Јован Димитров“ PDF Печати
   Под покровителство и организација на општина Неготино и БК„Неготино“ викендов по 9-ти пат се одржа меморијалниот турнир во борење во чест и сеќавање на нашиот сограѓанин Јован Димитров кој трагично го загуби животот во воениот конфликт на просторите на поранешната држава. Претставници на потесното семејство, на општина Неготино и на клубовите кои зедоа учество на турнирот положија свежо цвеќе на спомен бистата на Димитров. Активностите продолжија во салата „Младост“ каде што се одржа турнирот во борење со учество на 60-тина борачи од 9 боречки клубови од Македонија. Присутните имаа можност да проследат интересни борби, за тројцата првопласирани беа доделени пехари, медали и дипломи, а беа прогласени и најдобрите на турнирот и тоа: - најдобар млад борач Стефан Аризаноски од БК„7-ми Мај“ Прилеп, најдобар техничар Стефан Стојков од БК„Балканец“ Штип и за најдобар борач на турнирот беше прогласен Иван Јовановски од БК„Неготино“. 
 
Повеќе...
 
Спектакуларен настап на Црвена Јабука во Неготино PDF Печати
   Синоќа (18.09.) на градскиот плоштад во Неготино се одржа традиционалната “Неготинска музичка вечер 2022”, на која настапија познати имиња од македонската и балканската музичка сцена. Увертира во одличната музичка вечер беше настапот на Бојана Скендеровски, која настапи со неколку свои и хитови од други македонски изведувачи, а веднаш по неа присутната публика на градскиот плоштад имаше можност да ги слушне извонредните ДНК, кои со својот енергичен настап направија одлична забава за присутната публика на градскиот плоштад.
Богатата програма на овогодинешното издание на Неготинската музичка вечер ја затвори легендарниот сараевски бенд Црвена Јабука како кулминација на најпосетениот музички настан во Неготино во последните неколку децении. Вонвременските хитови на овој бенд беа испеани во еден глас од сите генерации присутни на градскиот плоштад во Неготино. Настанот беше масовно посетен и од граѓаните на многу други општини, на особено задоволство на организаторот и учесниците во програмата.

Повеќе...
 
Стојанчо Орешков победник на турнирот во пинг понг “Неготино опен 2022” PDF Печати

  Изминатите неколк уденови како дел од “Спортско културно лето 2022” беше одржан турнирот во понг понг кој се одигра на масите за пинг понг во близина на музејот и СРЦ Младост,  а кои се дел од новопоставената урбана опрема во градот. Турнирот се одигра по систем на елиминации, а најдобрите учесници од двете групи се сретнаа во финалето. Победник на турнирот е Стојанчо Орешков, кој во одличното финале го совлада Миле Лазов. Третото место му припад на Филип Петровски. На најдобрите учесници им беа доделени награди и дипломи, а претходно градоначалникот на општина Неготино им врачи благодарници на иницијаторите и помагателите на проектот за поставување на спортска урбана опрема во градот.

Повеќе...
 
ЦРВЕНА ЈАБУКА ѕвезди на “Неготинска музичка вечер 2022” PDF Печати
  Манифестацијата “СПОРТСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” продолжува да се реализира со несмален интензитет, а општина Неготино како кулминација на истата планира организација на традиционалната “Неготинска музичка вечер 2022” (18 септември, недела) на која ќе настапат познати имиња од македонската и балканската музичка сцена. Покрај веќе докажаните домашни музички артисти - Бојана Скендеровски и групата ДНК, на сцената на градскиот плоштад за првпат ќе настапи безвременската сараевска поп-рок група Црвена Јабука, чиј настап е на огромно задоволство на голем број наши сограѓани, а се надеваме и на голем број гости од соседните и другите градови во државата. Незаборавните хитови “Дирлија”, “Бежи кишо с прозора”, “Има нешто од срца до срца”, “Тамо где љубав почиње” и многу други, ќе се пеат на градскиот плоштад во Неготино на 18 септември, а почетокот на овој музички настан е закажан за 20.30 часот. Ова издание на Неготинската музичка вечер ќе го затворат двајцата домашни диџеи – DJ Andon и DJ Fitty Flow.
 


 
Спортско-културно лето 2022 продолжува со турнирот во пинг понг PDF Печати
   По завршувањето на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”, манифестацијата Спортско – културно лето продолжува со одржувањето на турнирот во пинг понг, кој општина Неготино ќе го организира на новопоставените маси за пинг понг кој се дел од урбаната опрема на 4 локации во градот. Овој спортски настан за првпат ќе биде организиран во нашата општина, на иницијатива на градоначалникот Горан Стојанов и се планира истиот да стане традиционален. 
Право на учество на турнирот имаат сите заинтересирани граѓани на Општина Неготино. Пријавувањето се врши на телефонските броеви 076/212-094 и 072/320-842, најдоцна до среда 14 септември, до 16.00 часот. За најдобрите учесници на турнирот општината ќе обезбеди пригодни награди, а по завршувањето на турнирот ќе им бидат доделени благодарници на сите бизнис субјекти кој дадоа свој придонес за поставувањето на опремата за пинг понг, која на граѓаните на Општина Неготино им обезбеди дополнителен простор за спорт и рекреација.
 
 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 314