Општина Неготино
Се асфалтира улица во Урбаната заедница 8 во Неготино PDF Печати

   По пробивањето и тампонирањето на три улици во Урбаната заедница 8 во нашиот град, започна и асфалтирањето на една од нив. Станува збор за асфалтирање кое се реализира од страна на општина Неготино во соработка со Вардарскиот плански регион и Бирото за регионален развој. Како што информираше градоначалникот Ванчо Апостолов, во следната фаза ќе биде поставена водоводна, атмосферска и фекална мрежа на останатите 2 улици во оваа урбана заедница кои се веќе пробиени и тампонирани, по што истите ќе бидат асфалтирани. Овој дел од работите ќе се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски на РМ преку Европската инвестициона банка. Со тоа ќе дојде до заокружување на урбанизацијата на овој простор на кој се лоцирани и функционираат десеттина стопански капацитети

Повеќе...
 
Продолжува соработката помеѓу општините Неготино и Алмопија PDF Печати

  Општина Неготино и градоначалникот Ванчо Апостолов изминативе денови беа домаќини на делегација составена од претставници на општина Алмопија со која заеднички се спроведува проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција. Имено, во нашиот град се одржа третиот по ред проектен состанок помеѓу општините Неготино и Алмопија во рамките на спроведувањето на проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ на кој претставниците на двете партнер-општини  презентираа информации за досега реализираните проектни активности. Работната средба се искористи и за меѓусебно информирање за напредокот на проектот и подготовките за идните активности, а беше посетена и со мебел и ИТ опрема новоотворената училница за пчелари сместена во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа.

Повеќе...
 
Проект ,,Поддршка и развој на Економијата на пчелни производи во прекуграничната област“ PDF Печати

ТРЕТ ПРОЕКТЕН  СОСТАНОК

 

  Во рамките на програмата “Грција-Поранешната Југословенска Република Македонија ИПА прекугранична соработка 2007-2013” и проектот со наслов “Поддршка и развој на eкономијата на пчелни производи во прекуграничната област” со акроним “БЕЕ-КОНОМИ”, трет проектен состанок меѓу двата проектни партнера (општина Неготино и општина Алмопиа) ќе се одржи  на 30.10.2016 и 31.10.2016 Октомври во просториите на општината Неготино.

Повеќе...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

   Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна на 05.10.2016 година  за потребата за УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,, во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,,  со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 и  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот број IPA2010/DN23657/CN358809  од 06.07.2016, за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 25.10.2016 вторник  до 12.00 часот, ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 07.11.2016( понеделник) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 05.10.2016 година.Во истата извршени се промени и  прилагодени се само датумите согласно продолжениот рок.Документите во кои има промена исто така се објавени заедно со ова известување.  Доколку сте заинтересирани тендерска документација може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Повеќе...
 
Се уредува просторот околу Спомен костурницата PDF Печати

    Општина Неготино во соработка со Вардарскиот плански регион, Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа реши да го уреди просторот околу Спомен костурницата  на површина од близу 4 хектари за што ќе бидат реализирани средства во висина од 4.000.000 денари. Како што информира градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов согласно изготвениот проект по кој се изведуваат работите на терен, ќе бидат уредени јавните површини околу Спомен костурницата со набавка и поставување на урбана опрема, изградба на амфитеатар, фонтана, трим патеки за рекреативци, игралишта за кошарка, одбојка на песок и шах на отворено, а ќе бидат поставени и реквизити за најмладите. Со завршувањето на работите и комплетирањето на проектот, граѓаните на Неготино на располагање ќе добијат уште едно пријатно катче каде што во спортување, рекреирање, одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 197 од 314