Како мој и приоритет на локалната самоуправа го поставив долгорочното решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето на територијата на општина Неготино. За таа цел реализиравме неколку паралелни проекти кои веќе даваат резултати, а со нивната комплетна реализација очекуваме редукциите на вода да бидат минато за неготинци. Започнавме со проектот за хидраулично регулирање на потисокот на водата за пиење, кој беше 10 бари и придонесување за настанување на чести дефекти на повеќе од 60 години старата и дотраена водоводна мрежа. Со овој проект, потисокот го намаливме на 2,5 до 4 бари, ја елиминиравме опасноста од пукање на цевките и губење драгоцени количини вода за пиење, а околу 35 литри вода во секунда се вратени во системот и доаѓаат до домовите на граѓаните. Во 2016 година заврши изградбата и ставени се во функција два нови резервоари за вода со зафатнина од 500 м3 и 250 м3 со кои се обезбедија нови количини вода за жителите од висока зона во Неготино, а се реши и прашањето со водоснабдувањето во селата Пепелиште и Тимјаник. Во моментов го завршуваме и проектот за реконструкција на старата со поставување нова водоводна мрежа на 10 улици во градот во должина од 8 километри, додека во 2017 година продолжуваме со реконструкција на водоводот на уште пет улици во градот. |
Повеќе...
|
|
И оваа година во рамките на одржувањето на манифестацијата „Недела на виното“ која општина Неготино традиционално ја организира во чест на празникот на лозарите и овоштарите „Св. Трифун“ ќе се одржи натпреварот за избор на најдобри вина и ракии од индивидуални производители. Мостри од вина и ракии можат да доставуваат сите заинтересирани производители, а квалитетот на истите ќе биде оценуван од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Република Македонија. За пријавување за натпреварувањето потребно е да се донесат по 2 мостри од вино и од ракија во општина Неготино на 3-ти кат кај лицето Ивица Златковиќ од 08,00 до 11,00 часот секој работен ден заклучно со петок 10-ти февриари, оваа година., а информации можат да се добијат на телефонскиот број 072-320-833 од 08,00 до 16,00 часот. За најдобрите производители организаторот обезбеди пригодни награди и признанија. |
Повеќе...
|
На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а по најавите на метеоролозите за обилни врнежи од снег и присуство на екстремно ниски температури, денеска се одржа координативен состанок на Управното тело за справување со временски непогоди. На состанокот присуствуваа и активно учество во расправа зедоа претставниците на Полициска станица Неготино, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Центарот за социјална работа, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие Комуналец, претставници на фирмата Павер-трејд со која општина Неготино има склучено договор за одржување на улиците и патиштата во зимски услови, како и вработени во локалната администрација. На состанокот беа утврдени мерките и активностите што секоја установа посебно во рамките на своите надлежности треба да ги преземе во услови на присуство на временски непогоди какви што се најавуваат за наредните денови, со цел за благовремено интервенирање за санирање на состојбите на терен. Градоначалникот Апостолов информираше дека општина Неготино има набавено 20 тони ризла и 5 тони сол кои заедно со расположливата механизација се очекува да бидат доволни за интервенирање на терен и расчистување на улиците и патиштата. Надлежните од Одделението за комунални дејности упатија апел до граѓаните на општина Неготино доколку се остварат очекувањата за обилни врнежи од снег, а согласно законските обврски во случај на временска непогода, дека се должни самоиницијативно да преземат активности за расчистување на снегот пред своите домови и деловно стопански објекти. Исто така, се сугерира возилата да не се паркираат по коловозите и тротоарите, со цел да не се јавуваат проблеми при чистењето на снегот од страна на надлежните служби. |
Повеќе...
|
Ј.П.„Комуналец“ ги известува граѓаните на Неготино дека поради приклучување на реконструираната водоводна линија на ул.„Ќиро Крстев“ на ден 05.01.2017 год.(четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето за целиот град во периодот од 10 до 17 часот.
|
Почитувани сограѓани ! Од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино, најсрдечно Ви ја честитам Новата 2017-та година и Ви посакувам се најдобро во истата. Во Новата година, пред се, Ви посакувам многу здравје и среќа Вам и на Вашите семејства, нека мирот, спокојот, слогата и хармонијата владеат во Вашите домови во наредните 365 денови, имајте успех на личен и професионален план и бериќетна година. Ваш градоначалник Ванчо Апостолов |
Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино бр.05-377од 29.12.2016 за утврдување на потреба од УСЛУГИ за организирање на завршна конференција за проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област,,(,, Support and development the Bee-Product’s Economy in the cross-border area-BEE-CONOMY,,)со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 , АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот од 06.07.2016 и АДЕНДУМ бр. 2 на Доворот од 23.12.2016, од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за УСЛУГИ за организирање на завршна конференција за проектот ,,BEE CONOMY”опишано во тендерскaта документација 05-377.
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 30.12.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта поставена на ЦД.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>
|
Лист 193 од 314 |