Општина Неготино
Во Неготино се одржа матурскиот бал PDF Печати

   Традиционално како и секоја, така и оваа година на градскиот плоштад во Неготино се одржа настанот „Матурски бал-2017“ на кој стотина матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ го одиграа матурскиот квадрил. Настанот беше проследен од голем број граѓани од општина Неготино, а честитки до матуранти со желби за успех во понатамошниот живот упати директорката на училиштето Оливера Николова-Ташева.

Повеќе...
 
На 18-ти мај (четврток) во Неготино ќе се одржи матурскиот бал PDF Печати

  Стотина ученици од средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино на 18-ти мај (четврток) заедно со своите врсници од повеќе градови во Република Македонија на градскиот плоштад во нашиот град ќе го одиграат традиционалниот матурски баал – квадрил. На свеченоста свое обраќање ќе има директорката на училиштето Оливера Николова-Ташева.

Повеќе...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

   Се известуваат граѓаните дека е пуштен во функција паралелниот систем за наводнување на дворните површини. Ги замолуваме граѓаните да извршат проверка на своите приклучоци и да ги доведат во исправна состојба.Во случај на евентуални дефекти да се пријави во Ј.П.„Комуналец“ или на тел: 361 – 711.
                   

                                                                       Ј.П.„Комуналец“- Неготино
                                                                      Р.Е.„Водовод и канализација“

 
Тони Лазов победник на отвореното градско првенство на Неготино во шах PDF Печати

   Од 4 до 7 мај во нашиот град се одржа шестото отворено првенство во шах. На првенството учество зедоа 24 учесници кои одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино во шах е младиот шахист Тони Лазов кој во седумте одиграни партии освои максимални 7 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место на турнирот и втората награда му припадна на Павле Давчев, а третопласиран е Илија Ѓорѓиев. Награди во висина од 1.000 денари добија и најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваа на турнирот. Наградите ги обезбеди општина Неготино, а првенството беше организирано во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”.

Повеќе...
 
Започна отвореното градско првенство на Неготино во шах “НЕГОТИНО 2017” PDF Печати

   Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб Неготиноод 4 до 7 мај во нашиот град се одржува шестото по ред отворено првенство во шах. На првенството се пријавени 24 учесници кои според правилата на ФИДЕ, по швајцарски систем ќе одиграат вкупно 7 кола. Предвидено е да се игра темпо 60 минути + 30 секунди додавање за секој одигран потег.

Распоред:

1 и 2 коло се одиграа вчера, 4 мај

3 и 4 коло на распоредот се денес, 5 мај

5 и 6 коло ќе се одиграат на 6 мај, а последното

7 -то  последно коло е закажано за 7 мај, за кога е предвидено и доделувањето на наградите и затварањето на првенството.

 Победник на овогодинешното отворено првенство на Неготино ќе биде шахистот кој од одиграните седум кола ќе освои најмногу поени. При делба на место, односно во случај на шахисти со ист број освоени поени се применува критериум бухолц. Првата награда е во вредност од 5.000 денари. Покрај останатите, предвидени се и награди за најдобро пласираниот млад учесник (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваат на турнирот. Дипломите и наградите на најдобрите шахисти од нашиот град на ова првенство ќе им ги додели покровителот на овој настан - градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов.

Повеќе...
 
Патронен празник на ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино PDF Печати

   Во присуство на ученици, вработени, сегашни и поранешни просветни работници и други гости од општина Неготино, денеска во просториите на училиштето на пригоден начин беше одбележан патрониот празник на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“. Пригодно обраќање пред присутните имаше директорката на оваа образовна установа Весна Јованова, која наедно и ги додели наградите на учениците чии творби беа прогласени за најусшешни по предходно распишан конкурс. Настанот беше збогатен и со богата културно-уметничка програма.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 189 од 314