Општина Неготино
Објавен оглас за поднесување кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати

   Од денеска 18-ти октомври започна да тече и до 31 октомври  оваа година трае рокот за поднесување кандидатури за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино-8-ми Ноември. Општина Неготино го објави огласот за пријавување на кандидатури за добитници на највисоките општински награди и признанија кои се доделуваат по повод празникот на општината 8-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Како што информираат од локалната самоуправа признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Според одлуката, наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани, а крајниот рок за доставување предлози е вторник 31 октомври. Процедурата налага пристигнатите предлози најпрво да ги разгледа Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, а конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите и признанијата на добитниците новоизбраниот градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе им ги додели на свечената седница која ќе се одржи во среда на 8-ми Ноември Денот на ослободувањето на нашиот град.

 

 
Заврши шестото издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” PDF Печати
   Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во големата сала на СРЦ “Младост се одржа шестото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори.
На турнирот учество зедоа преку 40 млади борачи во конкуренциите машки - пионери и кадети и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Вардар” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, и “7ми Мај-Леов” од Прилеп. 
Повеќе...
 
Одбележана „Европската недела на мобилност“ во Неготино PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје денеска во Неготино беше одбележана „Европската недела на мобилност“. Стотици ученици од основните и од средното училиште од нашиот град, Здруженија на граѓани, претставници на Совет на млади на општина Неготино и други преку возење на велосипеди и други алтернативни средства со можност за одбирање секојдневен транспорт се вклучија во одбележувањето на овој настан кој протече во најдобар ред. Учесниците во одбележувањето на „Европската недела на мобилноср“ стартуваа кај Музејот на град Неготино и движејќи се по однапред утврдена маршрута пристигнаа на градскиот плоштад каде што и заврши настанот.

Повеќе...
 
Одбележување на “Европска недела на мобилност“ во Неготино PDF Печати

Агенда:

 

Дата и време:

 

18.09.2017 година; 11.00 – 13.00 часот

 

 

Локација:               

 

Стартот на учестиците ќе биде на ул. Маршал Тито кај Музејот на град Неготино во 11:30 часот, на семафорите се врте десно а потоа лево се продолжува по ул.Партизанска. Кај споменкостурницата се врте лево по ул. Баба Ана Ташева и потоа лево се враќаат по ул Маршал Тито назад кон плоштадот каде е и предвидено да заврши маршутата.

Целна Група

Ученици од основните и средното училиште, граѓани, совет на млади, медиуми, јавна администрација, здруженија на граѓани

 

ОРГАНИЗАТОР

 

ОПШТИНА  НЕГОТИНО

 

 

Национален координатор

 

Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија

 

Партнери во активноста

 

Европската Делегација во РМ и ЕУ Инфоцентарот во Скопје

Мото на акцијата

Споделувањето те движи напред

 

 

 

11,30 – 13,30

часот

 

Возење на велосипеди и други алтернативни средства  за можноста за одбирање начин за секојдневен транспорт (Учесници: ученици од основните и средното училиште, здружениеја на граѓани, совет на млади на општина Неготино)

 

 

Контакт:  Бранко Вељанов вработен во општина Неготино (моб.070/376-749)

               Митко Толовски вработен во општина Неготино (моб.076/212-094)

 

 

 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Печати
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 15.09.2017 година се објавува:

                                                                     Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
                                                                                       до
                                                    евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                         Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Продолжување на социјалните услуги за предшколски деца во постојните игрални во руралните средини во општина Неготино и социјални услуги во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник“  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-    Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Тимјаник
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Пепелиште
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Тремник
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Војшанци
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Ц.Брегови
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Криволак
     - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Д.Дисан
     - Асистент во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 15.09.2017 година до 20.09.2017 година.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Слободанка Кртева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Џеват Елмазов,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Љубинка Давидова.
 
Одлука за распишување на референдум на локално ниво за изјаснување на граѓаните од општина Неготино по следното прашање „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Неготино“ PDF Печати

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 185 од 314