Општина Неготино
Делков: Средбите со граѓаните на општина Неготино ќе бидат правило, а не исклучок PDF Печати

   Со одржувањето работни средби со жителите на селата Тремник, Дуброво и Војшанци започна серијата состаноци кои градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе ги одржи со претставниците на месните и урбаните заедници во населените места и во градот. Придружуван од претседателот на Советот Диме Витанов, советникот Борче Коцев и вработени во локалната администрација Делков пред присутните истакна дека овие средби ќе бидат правило во неговиот 4-годишен мандат, а не исклучок, а нивна цел е да се слушне гласот на граѓанинот, проблемите со кои населението се соочува во одредена средина каде живее и функционира, да се слушнат предлози и мислења за приоритетите за решавање, за по завршувањето на сите средби да се сублимира се она што било кажано на состаноците, а градоначалникот, Советот и администрацијата да преземат соодветни мерки за надминување и санирање на одредени состојби, се разбира во зависност од финансиската моќ на општината. Според градоначалникот Делков, наскоро ќе се започне со изготвување на Буџетот на општина Неготино за 2018 година и програмата за работа, па токму затоа од овие средби се очекува да се слушнат што е можно повеќе предлози, мислења и сугестии, кои ќе бидат вградени во програмата и ќе придонесат за решавање на проблемите на граѓаните од општина Неготино.

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на финансиски програми на спортските клубови од општина Неготино PDF Печати
ЈАВЕН ПОВИК за доставување на финансиски програми на спортските клубови  од општина Неготино

Со цел за успешно претставување, натпреварување и постигнување на очекуваните резултати, Градоначалникот и Советот на општина Неготино ги повикуваат сите спортски клубови од Општина Неготино да достават финансиска програма и план на активности до општината, со цел предвидените средства од Буџетот на општината за 2018 година да бидат соодветно планирани и распределени.

Потребните документи треба да бидат доставени кај одговорното лице во општината најдоцна до 15 ноември 2017 година до 16.00 часот, зграда на Собрание на општина Неготино, IV спрат, соба бр.39.

Подетални информации и контакт:
Александар Донов – советник за култура,
спорт и соработка со ЗГ и фондации    
моб. 072/320-842
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите             
                                                                                            
 
Доделени општинските признанија и наградата „8-ми Ноември“ PDF Печати

   Трговското друштво „Дуки Дасо“ ДООЕЛ Неготино е добитник на највисоката општинска награда „8-ми Ноември“  која се доделува по повод Денот на ослободувањето на градот. Пред присутните на свечената седница одлуката ја презентираше претседателот на Советот Диме Витанов, а наградата и признанијата на добитниците им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Покрај осмоноемвриската награда, беа доделени и 5 признанија кои им беа врачени на Илија Цветковски-филмски работник, Атанас Николов-атлетичар маратонец, Ракометниот клуб Вардар од Неготино, Ленче Лазова-крводарител и Ангела Глигорова-научен истражувач.

Повеќе...
 
Свечена седница на Советот на општина Неготино-73 години слободно Неготино PDF Печати

   На денот кога општина Неготино прославува 73 години слободно живеење, се одржа свечена седница на општинскиот Совет која ја отвори и присутните ги поздрави претседателот Диме Витанов кој како прв меѓу еднаквите ги повика сите советници да работат на носење заеднички одлуки, заклучоци, предлози и решенија за доброто на граѓаните на општината. Пригоден говор по повод празникот на општината 8-ми Ноември имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој потенцираше дека за време на мандатот максимално ќе се труди и посветено ќе работи на остварување на проектите ветени во неговата Програма со која ја доби довербата на граѓаните на локалните избори. Делков рече дека очекува поддршка од Владата на РМ и домашни и меѓународни финансиски организации и дека приоритет ќе му биде решавањето на проблемот со водоснабдувањето. За таа цел, според градоначалникот, по спроведената ревизија на досега реализираните проекти, ќе се пристапи кон поставување приклучоци до домаќинствата кои живеат на улиците каде што водоводната мреже е реконструирана, а најави и реконструкција на мрежата на нови 6  улици во градот и поставување нови приклучоци.Во соработка со МТСП Делков најави преземање активности за изградба на нова детска градинка, реконструкција на улици во градот и населените места, систем за подобро сервисирање на комуналните услуги, подобрување на енергетската ефикасност на територијата на цела општина, обезбедување нови места за паркирање, изградба на затворен градски пазар и соработка со младите како активен чинител во заедницата. Градоначалникот Делков најави и поефикасна соработка со бизнис заедницата, поставување водовод и канализација во Индустриската зона, продажба на парцели во зоната Дуброво-Тремник, како и реализација на бројни други проекти за подобрување на севкупните услови за живеење во општина Неготино.

Повеќе...
 
Неготино го чествува Денот на ослободувањето PDF Печати

   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистите и спомениците на паднатите борци и хеорите од Народноослободителната борба и на борците кои ги изгубија животите во воените конфликти на просторите на поранешна Југославија и во Република Македонија, започнаа денешните активности со кои се одбечежува 8-ми ноември-Денот на ослободувањето на Неготино. Повеќе делегации и делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков посетија повеќе локации на територијата на нашата општина каде што се лоцирани спомениците и во знак на почит и сеќавање на нивната жртва, положија букети свежо цвеќе. Исто така, букети свежо цвеќе беа положени и пред спомен бистите на загинатите борци во НОБ во паркот до зградата на општина Неготино. Како дел од денешното чествување на празникот, градоналникот Делков организираше прием за делегации кои присуствуваа на одбележувањето на празникот 8-ми Ноември.

Повеќе...
 
Изложба на слики од ликовни уметници од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на општина Неготино 8-ми Ноември во изложбениот салон на Музејот на град Неготино се одржа традиционалната изложба на слики создадени од ликовни уметници од неготинска општина. Во присуство на голем број љубители на ликовната уметност, изложбата за отворена ја прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој упати благодарност до сите уметници кои со свои дела ја збогатија оваа изложба и уште еднаш покажаа и докажаа дека Неготино има ликовни уметници и нивни дела со кои може да се гордее и изрази надеж дека нивниот број од година во година се повеќе ќе се зголемува, а посетителите ќе имаат можност да ги разгледуваат и уживаат во нивните слики. Организаторот на сите учесници на изложбата во знак на благодарност за нивното учество им додели пригодни подароци.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 182 од 314