Во четврток на 21. 12. 2017 година со почеток во 18.оо часот, во салата на општина Неготино, ќе се одржи презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и други објекти“. Презентацијата е во организација на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион. Презентацијата опфаќа три дела и тоа: Општо за енергетската ефикасност и значење на истата Енергетска ефикасност во домови и други објекти Потенцијали кај нас и придобивки од енергетска ефикасност Презентацијата ќе ја реализира раководителот на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Варадарскиот плански регион, Ванчо Петров и на истата се поканети и можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино. |
Повеќе...
|
|
Како градоначалник на општина Неготино, долгогодишен спортист и љубител на спортот, би сакал на неготинските кошаркари да им го честитам освојувањето на првото место во Третата кошаркарска лига и да им посакам успешни резултати и во пролетниот дел од натпреварувањето. Имено, по завршувањето на есенскиот дел од сезоната и деветте одиграни кола во третата кошаркарска лига, неготинските кошаркари иако новајлии во лигата, со само еден несреќен пораз и осум убедливи победи, стигнаа до титулата есенски првак во ова натпреварување и ја најавија својата кандидатура за влез во втората, исклучително силна македонска кошаркарска лига наредната сезона. Честитки за залагањето и упорноста на кошаркарите и раководството на КК “Спорт Тим”, се надеваме дека неготинската кошарка повторно ќе се врати на старите патеки и дека во иднина во Неготино ќе гледаме квалитетна кошарка, а јас како градоначалник и локалната самоуправа и понатаму ќе продолжиме со поддршката за овој спортски колектив во рамките на расположливите финансиски можности. |
Повеќе...
|
Утре (вторник 19.12) со почеток од 17,00 часот ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино на која е предвидено советниците да го разгледаат, да дискутираат по него и да го усвојат Буџетот на општина Неготино за наредната 2018 година, одлуката за негово извршување, а ќе се разгледа и предлог-проекцијата на општинскиот Буџет за 2019 и 2020 година. Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се најде предлог-одлуката за согласност за имплементирање на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ и учество на ЈП„Комуналец“ во овој проект, одлуката за учество на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во имплементирањето на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политика на животна средина, предлог-програмата за изменување на програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2018 година, како и измените на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште. На дневен ред ќе се најдат и други точки за расправа од делокругот на работа на Советот на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Претставници на локалната администрација, на Јавното претпријатие „Комуналец“,претставници на градежни фирми и проектантски куќи и други компетентни лица зедоа активно учество на работниот состанок кој беше инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а на кој се дискутираше за актуелните состојби со водоснабдувањето во општината и преземањето на мерки и активности за нивно подобрување. Во воведното обраќање градоначалникот Делков ги запозна присутните со досега реализираните активности и зафати за подобрување на состојбите со водата за пиење и воедно предложи насоки и правци во чии рамки би се одвивале активностите за еден од приоритетите на градоначалникот и на општината-решавање на проблемот со водоснабдувањето. За таа цел, се донесе заклучок во рамките на општина Неготино да биде формирано Координативно тело кое ќе ги следи состојбите на овој план, ќе дава предлози за спроведување и насоки за конечно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето што го имаат граѓаните на општина Неготино. |
Повеќе...
|
Драстично опаднатиот интерес кај населението од општина Неготино последниве години за присуство на овој настан и лошата финансиска состојба на локалната самоуправа, се само дел од причините поради кои е донесена одлука оваа година на градскиот плоштад во Неготино да не се организира заеднички дочек на Новата 2018-та година. Со одлука на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе се изврши пренамена на средствата предвидени за организирање на оваа манифестација, истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и овие пари ќе бидат донирани на семејство или установа каде што ќе се утврди дека средствата се најпотребни. Инаку, наместо организиран дочек, стручните служби при локалната самоуправа во координација со надлежните институции од општината подготвуваат и ќе организираат дневен музичко-забавен хепенинг кој ќе се одржи на 27 и 28-ми декември 2017 година на градскиот плоштад во Неготино со учество на повеќе категории учесници. За содржините на овој настан граѓаните на општината ќе бидат точно и благовремени информирани во наредните неколку денови. |
Повеќе...
|
Почитувани граѓани на општина Неготино ! Би сакал од мое лично име како градоначалник на општина Неготино и од име на локалната самоуправа да Ви го честитам празникот 8-ми декември Свети Климент Охридски и да Ви посакам истиот да го поминете во пријатна домашна атмосвера. Свети Климент Охридски го славиме како македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој во 886 година ја формира Охридската книжевна школа попозната како „Првиот словенски универзитет“ од кој излегле подготвени над 3.500 ученици. Исто така тој е и познат македонски и словенски учител, а Свети Климент бил и првиот Епископ Словенски со титулата Епископ Велички. Во чест на овој македонски светец го славиме и празнуваме 8-ми декември. Нека ни е за многу години празникот ! |
|
|
|
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>
|
Лист 178 од 314 |