Во рамките на одржувањето на традиционалната манифестација „Недела на виното-Свети Трифун 2018“ и предвидените програмски активности и годинава ќе се организира натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители. Право на учество имаат сите индивидуални производители со информација за нив дека потребните мостри од предходно споменатите пијалаци ќе можат да ги доставуваат во периодот од 25-ти јануари до 09-ти февруари на четврти спрат во зградата на општина Неготино кај лицето Дејан Дуровиќ, а за поблиски информации можат да се обратат на телефонскиот број 072/320-834 во периодот од 08 до 14 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составена од 5 членови од Здружението на енолози, а наградите и признанијата за најуспешните производители на вина и ракии ќе им бидат врачени за време одржувањето на централниот настан на 14-ти февруари на градскиот плоштад во Неготино. Годинава новина е тоа што по завршувањето на дегустацијата и оценувањето на мострите ќе биде организиран советодавен настан на кој членовите на комисијата пред производителите кои доставиле мостри од вина и ракија, како и останати заинтересирани граѓани кои ги произведуваат овие пијалаци и ќе изразат желба да присуствуваат на истиот, јавно ќе ги презентирани оценките, забелешките и сугестиите со единствена цел самите производители да се стекнат со нови знаења кои ќе им помогнат да прават уште поквалитетни вина и ракии. |
|
Во рамките на проектот ,,Водоснабдување и одведување на отпадни води” на Министерството за транспорт и врски кои се дирекно финансирање преку ЕИБ од општина Неготино подготвена е и поднесена е апликација за: Проект за уредување на дел од инфраструктура во индустриска зона УЗ8-водовод и канализација во тек на 2016 г.Истата е одобрена во Брисел во Европска Инвестициона Банка .Проектирана вредност е 20.840.000,00 МКД , додека крајната вредност на проектот ќе се утврди по спроведување на тендерскaта постапка која е во тек и објавена од страна на МТВ. Предмет на проектот e: Изградба на комунална инфраструктура (АБ канал, краци на улица 3 и 4 на водовод, атмосферска и фекална канализација во Урбана Заедница 8 блок 1, ( индустриска област) општина Неготино. Општина Неготино работи на обезбедување на Изјави – Согласност од засегнатите страни за Изведување на градежни работи предвидени со проектот во Урбанистичка зона УЗ8. По изборот на најповолниот изведувач и конечната вредност ќе се отпочне со градежните работи за што општина Неготино ќе обебеди и надзор за изведбата на истите. |
Повеќе...
|
Како и секоја, така и оваа година општина Неготино благовремено ги започна организационите подготовки за одбележување на„ Недела на виното -Св. Трифун 2018“ со посебен акцент на празникот на лозарите и организирање на централниот настан на 14-ти февруари. Во присуство на претставници на локалната самоуправа, лозари, винарии, енолози, здруженија на граѓани, образовни установи, фолклорни друштва и други, во големата сала на општината се одржа првиот состанок на кој присутните беа запознати со изготвената предлог-програма за одбележување на „Св.Трифун“, при што и самите имаа можност да дадат прелиминарни забелешки и предлози. Според предлог-агендата, оваа година манифестацијата со која ќе се одбележи празникот на лозарите и винарите е насловена како „Недела на виното-Св. Трифун 2018“, а предвидено е истата да трае 3 дена со бројни активности кои ќе се одржуваат во деновите понеделник, вторник и среда ( 12, 13 и 14 февруари ). Општина Неготино за оваа година предложи спроведување на повеќе нови проекти во рамките на манифестацијата, меѓу кои одржување едукативен настан поврзан со вино и грозје- вино терапија и унапредување на можностите за користење на виното и грозјето во козметичката индустрија, организирање на дводневна работилница на ракотворби за вино, декорации на маса за вино и работилници за подготовка на храна, како и отворање на ликовно-копаничарско ателје за креирање препознатлив експонат, а нема да изостане и традиционалната копаничарска изложба. Исто така, како новина се планира организирање на социјални и спортско-натпреварувачки игри и забава со реквизити за производство и складирање на вино , одржување на хуманитарен базар, музичко ликовен уличен перформанс, збогатување на трајна етно-винска поставка во винскиот дел на Музејот на град Неготино, можност за организирање на тридневна тура во регионот, настапи на фолкорни друштва, денс групи и други музичари. Основна цел е да се понуди програма со содржини која ќе предизвика интерес кај сите генерации граѓани, како и присуство на гости од земјава и странство. Главна новина која се предлага од општина Неготино, а во зависност нормално од временските услови е тоа што на самиот ден на одбележување на „Св. Трифун“ – 14-ти февруари на градскиот плоштад програмата се планира да започне претпладне и да трае целодневно .Во вечерните часови пак се планира забавата да продолжи на Старата градска чаршија . Се разбира ќе бидат застапени и други настани кои и во минатите години беа карактеристични за оваа манифестација со главен акцент на виното. Од општина Неготино информираат дека станува збор за предлог-програма која е подложна на измени и дополнувања, па токму затоа и во наредниот период ќе следува организирање на други состаноци на кои ќе се дефинира што точно ќе содржи програмата.Општина Неготино во следниот период очекува поголема зиантересираност токму од винариите , од угостителите и од останатиот приватен сектор од кои се очекува да дадат значаен придонес во севкупната организација за оваа манифестација . Главната цел е во текот на трите дена од одбележувањето на празникот во Неготино да се привлечат што е можно повеќе гости од регионот, земјава и странство а со тоа манифестацијата да се издигне на ниво на препознатлива стопанско-туристичка манифестација.
|
При изведувањето на градежни активности на патниот правец Горни Дисан - Вешје пред извесен период беше предизвикан дефект на главната водоводна линија преку која жителите на Вешје се снабдуваат со вода за пиење. Согледувајќи ја потребата од итно санирање на дефектот, општина Неготино во соработка со Јавното претпријатие „Комуналец“ ангажираше механизација и работна рака, при што беше интервенирано на отстранување на настанатиот дефект. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков информира дека е набавено и поставено ново црево Ф-63 со должина од 2 километри, со што дојде до нормализирање на водоснабдувањето и жителите на Вешје за сопствените потреби на располагање ги добија неопходните количини вода за пиење. Од општината информираат дека додека дефектот не беше отстранет, во 3 наврати потребите на „вешјани“ од вода за пиење беа задоволувани со дотур на вода во цистерни. |
Повеќе...
|
На неколку часа пред дочекот на Новата година, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ги посети и се задржа во краток разговор со вработените во установите кои за време на дочекот беа на своите работни места водејќи грижа за безбедноста и здравјето на граѓаните од неготинска општина. Вработените во Полициската станица, Пожарната и Итната помош при Здравствениот дом го запознаа градоначалникот дека во функција се ставени сите расположливи ресурси со цел да се одговори на потребите на нивните работни обврски. Градоначалникот Делков им посака да имаат што е можно помалку работа за време на празниците, а на сите дежурни им врачи пригодни подароци притоа честитајќи им ја Новата 2018 година. |
Повеќе...
|
Прекрасен настап на учениците од ООУ„Гоце Делчев“, избор на најубава елка во организација на градската библиотека „Страшо Пинџур“, десеттина штандови на кои се продаваа реквизити со новогодишни мотиви изработени од родителите на дечињата од детската градинка „Фемо Кулаков“, од штитениците во Дневниот центар „Порака“ и од учениците во ООУ „Гоце Делчев“- се моментите кои го одбележаа третиот и последен ден на тридневната манифестација „Новогодишна забава“ што во пресрет на дочекот на најлудата ноќ во годината општина Неготино ја организира со надлежните установи. Имено, денеска на градскиот плоштад се одржа настанот насловен како „Неготино весел бонбонград“, а атратктивната и со богати содржини исполнета програма придонесе неколку стотици граѓани од општина Неготино да излезат од своите домови и да ја проследат програмата која се одвиваше на градскиот плоштад во Неготино. Од локалната самоуправа истакнуваат дека трите дена од Новогодишната забава поминаа во одлична атмосфера и со масовно присуство на граѓаните на плоштадот, што пак ќе претставува дополнителен мотив оваа манифестација да продолжи да се одржува со надградување и на концептот и на содржините на истата, а на задоволство и на учесниците и на граѓаните на општина Неготино. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>
|
Лист 176 од 314 |