Во рамките на бројните настани и активности кои се одржуваат во рамките на „Неделата на виното-Свети Трифун 2018г.“ во големата сала на локалната самоуправа во организација на општина Неготино и Трговското друштво ДООЕЛ Изида од Охрид се одржа едукативен настан чија целна група беа повеќе кагетории учесници како козметичари, физиотерапевти и други. На овој настан преку аудио и видео презентација пред присутните бешепретставена „вино терапијата“, како и можностите за користење на виното и грозјето во козметичката индустрија. Презентацијата ја реализираа Сузана Наумоска-дипломиран менаџер, лаборант, козметичар и естетичар како претставник на Спа изида од Охрид и професор д-р Ангела Василевска од Факултетот за туризам. Настанот беше искористен да се изврши и извлекувањето на 5 добитници на наградите кои ги обезбеди Спа изида, а по преходно рапишаниот оглас за пријавување на сите заинтересирани граѓани, со напомена дека наградените бесплатниот третман ќе можат да го искористат во текот на утрешниот ден (вторник 13.02.2018) во адаптиран простор за тоа во времето од 11 до 14 часот. |
Повеќе...
|
|
По одржаната дегустација од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на РМ на над 60 пристигнати мостри на вина и ракии од индивидуални производители, објавени се резултатите од истата и прогласени се најдорбите вина и ракии. Според оценките на комисијата во категоријата бели вина за најдобро е прогласено виното „Куве“ на производителот Тоше Николов, второто место го освои виното „Темјаника“ на Горан Ристов и на трето место се најде виното „Ризлинг“ на Коле Мицев. Во категоријата црни вина највисоки оценки доби и првото место го освои виното „Вранец“ на Ристе Миов, второ место освои производителот Зоран Марков, а трето место Горан Ристов и двајцата со вино „Вранец“. Во категоријата ракија за најдобар производител беше прогласен Милан Андов, второпласиран е Љупчо Јанчев, а третото место го освои мастиката произведена од Павле Петров. Денеска во големата сала на општина Неготино, а по завршувањето на дегустацијата и објавените резултати, се одржа советодавен настан со индивидуални производители на вина и ракии на кои од страна на стручни лица-енолози им беа презентирани насоки со единствена цел како да се дојде до поквалитетно производство на вина и ракии во домашни услови. Инаку, наградите на најуспешните ќе им бидат врачени во среда на 14-ти февруари на градскиот плоштад на централниот настан по повод празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. |
Повеќе...
|
Со дегустацијата на вина и ракии од индивидуални производители започнаа активностите и настаните од 4-дневната манифестација Недела на виното која општина Неготино ја организира по повод празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. Како што истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој присуствуваше на дегустацијата радува фактот што од година во година расте интересот за пријавување, при што годинава се пристигнати над 60 мостри од вина и ракии. Истите се оценувани од страна на енолози кои ќе го имаат конечниот збор за тоа кои вина и ракии ќе бидат прогласени за најквалитетни, а наградите и признанијата на најуспешните ќе им бидат врачени во среда на 14-ти февруари на централниот настан на градскиот плоштад од 12,00 часот. Игно Тасев претседател на комисијата и прв човек на Здружението на енолози на РМ потенцираше дека и покрај лошата ланска реколта, произведени се доста квалитетни вина и ракии и тие како комисија нема да имаат воопшто лесна задача при прогласувањето на најдобрите. |
Повеќе...
|
Голем број познати музички имиња од македонската естрада, фолклорни друштва, танцови формации ќе настапат во Неготино во рамките на одбележувањето на централниот настан по повод празникот „Свети Трифун“ во среда на 14-ти овој месец. Организаторот подготви музичка програма во која ќе можат да уживаат повеќе генерации на граѓани од најмладите па се до највозрасните, а забавата ќе се одвива на 2 локации во Неготино. Првата е во среда со почеток од 12,00 часот на градскиот плоштад и истата ќе трае до кај 16,00 часот, додека во вечерните часови на старата градска чаршија од 20,00 часот ќе започне настанот „Вино, љубов,музика“, а забавата предвидено е да трае до раните утрински часови. Општина Неготино и градоначалникот Тони Делков упатуваат јавна покана до сите граѓани од општината и регионот да присуствуваат на забавите и да уживаат во понудената забавно-музичка програма. |
Повеќе...
|
Во рамките на одржувањето на настаните и активностите од „Неделата на виното-Свети Трифун 2018г.“ оваа година ќе се вклучи и „Изида спа“ од Охрид која на заинтересираните им нуди третмани за убавина-терапија со вино и грозје. Во соработка со општина Неготино по случаен избор ќе бидат доделени 5 бесплатни ваучери кои ќе можат да се искористат на 13-ти февруари од 11 до 14 часот во просториите на винаријата Бовин. Сите заинтересирани можат да се пријавуваат на ПРИЈАВАТА во периодот од 31 јануари до 9 февруари која треба да биде пополнета со име, презиме и контакт телефон на апликантот, а добитниците на гратис ваучери ќе бидат избрани по случаен избор на 12 февруари во текот на одржувањето на едукативниот настан организиран од „Изида спа“ од 13 до 14 часот. Исто така, „Изида спа“ нуди можност и за резервација на третмани за убавина-терапија со вино и грозје по промотивна цена од 500 денари со закажување на тел. број 070-304-565, а третманите ќе се работат на 13 февруари од 15 до 19 часот по предходно резервиран термин во просториите на винаријата Бовин. Од „Изида спа“ на граѓаните на општина Неготино и потенцијалните посетители од цела Македонија по повод Свети Трифун им порачуваат да ја искористат можноста допирот на телото да прерасне во допир на душата и да добијат одговор на прашањето зошто виното и винските терапии ја враќаат енергијата и виталноста на човечкото тело и душа. ПРИЈАВА ЗА ГРАТИС ВАУЧЕР |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>
|
Лист 175 од 314 |