Општина Неготино
Денеска (20.03) ќе се одржи редовна седница на Советот на општината PDF Печати

   Со почеток од 16,00 часот денеска (вторник 20.03) ќе се одржи 9-тата по ред седница на Советот на општина Неготино на која советниците ќе водат расправа по 9 точки од предложениот дневен ред за работа. Меѓу другото, ќе се разгледуваат годишниот план за вработување за 2019 година и Статутот на детската градинка Фемо Кулаков, предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за отпочнување постапка за изработка на Урбанистички план вон населено место со намена Г2 лесна и незагадувачка индустрија, како и предлог одлуката за прифаќање иницијатива за изработка на локална урбанистичка планска документација за стопански комплекс со намена Г2 лесна и незагадувачка индустрија на 2 катастарски парцели на територијата на општина Неготино. Советниците денеска ќе расправаа и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Отворено со Вас – Отчет на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков PDF Печати

  Почитувани сограѓани! Пред Вас е електронската верзија на мојот Отчет насловен како Отворено со Вас. Преку оваа форма Ви овозможуваме да направите увид и да ги проследите реализираните проекти и активности во изминатиот период од моето стапување на функцијата градоначалник на општина Неготино.

 

 За да го превземете отчетот, кликнете на сликата или на следниот линк. (отчет)

 
ПРЕС: Отчет на градоначалникот Делков за реализираните проекти и активности во првите 100 дена PDF Печати

Во духот на транспарентното работење, на одржаната прес-конференција градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  информираше за неговото работење во првите 100 дена и потоа од неговиот мандат, за постигнувањата на општина Неготино, Советот на општината и општинската администрација. Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од одржаната прес-конференција.

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ!

ВО ОВА МОЕ ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ САКАМ ДА ДАДАМ ЕДНА СЛИКА НА МОЕТО РАБОТЕЊЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ОД СТАПУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК, КАКО И ДА ДАДАМ ОДГОВОР НА НЕКОИ ПРАШАЊА КОИ СЕ ПРИСУТНИ ВО ЈАВНОСТА.

КАКО ПРВО, ЕДНАШ РЕКОВ ДЕКА НЕМА ДА ЗБОРУВАМ ЗА ЗАТЕКНАТИТЕ СОСТОЈБИ ВО ОПШТИНАТА ПО МОЕТО ДОАЃАЊЕ, ТОА ВЕРУВАМ ГРАЃАНИТЕ ДОБРО ГО ЗНААТ, А ЈАС ПАК УШТЕ ПОДОБРО БИДЕЈЌИ ЈА ВРШАМ ОВАА ОДГОВОРНА ФУНКЦИЈА.

НА ПОЧЕТОКОТ, ДРАГИ СОГРАЃАНИ, САКАМ ДА ИСКАЖАМ ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ЗА БУДНОСТА СО КОЈА ГО СЛЕДИТЕ МОЕТО И РАБОТЕЊЕТО НА ОПШТИНА НЕГОТИНО, НЕКОГАШ СО ПОФАЛБИ, НЕКОГАШ СО КРИТИКИ, НО ЈАС БЕВ И СУМ ПОДГОТВЕН НА ТОА ИМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА ИЗВРШУВАМ ЈАВНА ФУНКЦИЈА. НЕКОИ КРИТИКУВААТ ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, НЕКОИ ОД ПОЛИТИЧКИ ПОБУДИ, НО ЈАС СУМ СЕКОГАШ ТУКА ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕКОГАШ И ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА ЌЕ НАИДАТ НА МОЕТО РАЗБИРАЊЕ ЗА НИВНИТЕ ПОТРЕБИ.

КАКО ИЛУСТРАЦИЈА НА ПРЕДХОДНО КАЖАНОТО, БИ САКАЛ ДА ИСТАКНАМ ДЕКА ОД СТАПУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ДО СЕГА НА РАЗГОВОР СУМ ПРИМИЛ НАД 1.000 ГРАЃАНИ КОИ ИЗРАЗИЛЕ ЖЕЛБА И ПОТРЕБА ОД ТОА, А НАЕДНО СЕКОЈДНЕВНО И ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА СУМ ДОСТАПЕН ДА ОДВОЈАМ ВРЕМЕ И ДА РАЗГОВАРАМ СО СЕКОЈ ШТО ЌЕ ГО ПОБАРА ТОА ОД МЕНЕ, А ВПРОЧЕМ ГРАЃАНИТЕ ТОА НАЈДОБРО ГО ЗНААТ.

 

Повеќе...
 
Рапределени средствата за спортските клубови од општината за 2018 г. PDF Печати
   Со цел за поддршка и унапредување на спортот и спортските активности во општината, на одржаната Седница на Советот на општина Неготино на 13 март врз основа на претходно објавената методологија беа распределени средствата за поддршка на спортските клубови од општината. Планираните средства во Буџетот на општината во вкупна висина од 1.500.000 денари, беа распределени по систем на бодување на сите 16 пријавени спортски клубови од Општина Неготино врз основа на три критериуми содржани во методологијата:

1.      Првенство (сениорско) во кое настапува клубот;

2.      Младинска школа (број на категории кои работат во истата);

3.      Масовност (вкупен број на членови во клубот)

На клубовите кои собираат средства по основ на членарина од своите членови, при извшеното бодување им беа одземени соодветен број на бодови, што влијаеше за намалување на одобрените средства на истите во висина на износот кој го собираат по основ на членарина. На овој начин по еден подолг временски период спортските клубови од Општина Неготино добија средства за сопствено егзистирање и непречена работа, преку правична распределба на планираните средства во буџетот на годишно ниво. Воспоставената практика ќе продолжи да се спроведува и во иднина, со напомена дека Градоначалникот и Советот на општината во наредните години ќе направат напори за обезбедување на повеќе средства за оваа намена, со што спорските кулубови ќе добијат поголема поддршка за раеализација на планирание активности.
 
Се носи нов ГУП за создавање услови за изградба на кружни текови и паркинг-простор PDF Печати

  Имајќи предвид дека постоечкиот Генерален урбанистички план на општина Неготино не е променет од 2002 година или точно 15 години, по налог на градоначалникот Тони Делков стручните служби пристапија кон изработка на нов ГУП со опфат на целиот град Неготино и пошироко. Големината на планскиот опфат изнесува 545,12 хектари, во најголем дел се движи по границите на катастарските парцели, а со изработката на ГУП-от треба да се обезбедат површини за градба за планираните намени во согласност со важечките стандарди и прописи. Како што истакнува градоначалникот Делков, по усвојувањето на новиот ГУП ќе се создадат услови за изготвување сообраќајно решение за градот со изградба на кружни теков (3), нови паркинг простори, како и промена на намените кои се усогласуваат со барањата на физичките и правните лица кои се во рамките на законската регулатива. Делков додава дека со изработката на овој ГУП треба да се овозможат услови за градба на објекти кои ќе овозможат позитивни ефекти со својата функција врз непосредното опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот, со крајна цел остварување економски ефекти манифестирани преку привлекување инвеститори и изградба на стопански капацитети и отворање на нови работни места и урбанизација, развој и напредок на населените места. Инаку, со ГУП се планираат примарната инфраструктура и наменските зони во градот, а пак врз основа на усвоениот ГУП се изработуваат Деталните урбанистички планови.

Повеќе...
 
Делков: За само 100 дена вративме 1/3 од вкупниот долг на општина Неготино PDF Печати

   Почитувани сограѓани ! Непобитен е фактот дека за нормално функционирање на локалната самоуправа, основа е стабилна финансиска состојба на општината. За жал, со моето стапување на функцијата градоначалник и извршените анализи од страна на стручните служби, констатиравме дека долгот на општината по разни основи изнесува вкупно 117.000.000 денари, што, верувам ќе се согласите, за една мала општина како нашата е премногу. Со гордост сакам да Ве информирам дека со транспарентно, домаќинско и одговорно мое и работење на локалната самоуправа, за само 100 дена успеавме да исплатиме достасани обврски во висина од над 27.000.000 денари со што долгот на општина Неготино го намаливме за речиси 1/3 од вкупните побарувања. Наедно, Ве информирам дека вративме и една рата од 50.000 евра долг од  кредитот за водоснабдување кој дојде за наплата, а на ЈП Комуналец му префрливме наменски 2.000.000 денари со цел вработените навремено да можат да користат здравствено осигурување. Продолжуваме и понатаму со домаќинско работење, а паралелно подготвуваме и бројни проекти за реализација, за што деновиве благовремено ќе бидете информирани преку моја прес-конференција.

 
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>

Лист 171 од 314