Општина Неготино
Изложба од продажен и хуманитарен карактер во Музејот на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве во дворот на ОУ Музеј на град Неготино се одржи еднодневна ИЗЛОЖБА на ДЕКУПАЖ- рачни ракотворби изработени од дечиња од 4 до 11 годишна возраст од Неготино кои што работат во ателјето “Мис Креатив“ (Miss Creativ) кое што официјално функционира две години, под менторство на Велика Димова. Беа изложени околу 80-тина украсени предмети како: магнетчиња, свеќници, шишиња, штипки, разни тацни и др.
“ДЕКУПАЖ“ е техника за декорирање на предмети или мебел, од исечени парчиња хартија (салфети, оризова хартија , дури и платно) и нивно лепење на предметите. Во пракса декупажот со векови наназад се користел за разубавување на обични и стари предмети каде што со крајниот резултат тие изгледаат како вистински насликано уметничко дело. Самиот термин за називот на техниката доаѓа од француското “decuper“ што значи изрежи или исечи. Причините за се поголемата популарност на декупажот лежат во неговата разноликост, при што оваа техника може да се работи на секакви површини (стакло, керамика, дрво и др.) и на предмети од ситни кутии за накит па до големи парчиња мебел. Изложбата беше продажна и од хуманитарен карактер, а средствата добиени од влезниците ќе бидат наменети за Василие Петридов.
Read more...
 
Награди и признанија за учениците и менторите PDF Print
There are no translations available.

   „Убавината на секое признание е во тоа што претставува награда за сработеното, но и мотив да се биде подобар во иднина, па токму затоа од ова место најавувам дека овој настан на наградување на учениците и нивните ментори ќе продолжи и во наредните години, а јас како градоначалник и општина Неготино секогаш ќе ги поддржуваме ваквите и слични проекти“-истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на синоќа одржаниот настан на кој на најдобрите ученици и нивните ментори од двете основни и средното училиште им беа доделени награди- ваучери. Градоначалникот Делков додаде дека почнувајќи од оваа година, општина Неготино за прв пат воведе вреднување и наградување на учениците, професорите и наставниците во неготинските училишта, бидејќи, како што рече Делков, со промоција на нивните успеси се презентира се она што се создава во образованието и училиштата и се стимулираат креативноста и богатството на знаењата на учениците. Градоначалникот упати јавна благодарност и до професорите и наставниците за кои рече дека со години инвестираат во образованието на учениците и имаат клучна улога во обезбедувањето квалитетно образование кое секој ученик го подготвува да го реализира својот потенцијал. На 40-тина ученици и нивните ментори од неготинските училишта Делков им додели пригодни награди,а присутните на градскиот плоштад имаа можност да уживаа и во богата културно-забавна програма во изведба и со учество на учениците од основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ и средното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Read more...
 
На 12 и 13 јуни во општина Неготино ќе се прска против комарци PDF Print
There are no translations available.

   Согласно годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за ДДД за тековнава година, општина Неготино во координација со Министерството за здравство на РМ ќе спроведе акција за прскање против комарци. Се информираат жителите на општина Неготино дека адултната дезинсекција со машинско прскање од страна на правниот субјект Зотокс од Скопје поради запрашување од комарци ќе се изврши на 12 и 13 овој месец (вторник и среда) почнувајќи од 23,30 до 05,00  часот. Се апелира до граѓаните и здруженија од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.

 
Одбележани 75 години од воените настани во 1943 година PDF Print
There are no translations available.

   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистите на паднатите борци од НОБ лоцирани во паркот до општина Неготино, пригодни говори, рецитали и културно-уметничка програма, а во присуство на голем број граѓани од општината и гости од други градови од Македонија, во Неготино се одбележаа 75 години од воените настани случени во 1943 година. Станува збор за формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“, „Јунската офанзива“ и загинувањето на првите партизани од општина Неготино пред чии спомен бисти се одвиваше денешниот настан. Во чест на одбележувањето на овој значаен јубилеј од Народноослободителната борба и во спомен на борците кои ги положија животите за слободно Неготино и слободна Македонија, свежо цвеќе положи делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, претставници на Сојузот на борци од нашиот град, како и претставници на боречките организации од Битола, Кавадарци, Штип, Струмица, Виница и Гевгелија. За присутните на настанот беше подготвена и истите имаа можност да проследат богата културно-уметничка програма.

Read more...
 
Се обновува урбаната опрема и реквизитите на повеќе локации во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на годишната Програмата за комунални дејности и сообраќај, општина Неготино на неколку локации во градот започна со активности за санација на урбаната опрема, кантите за собирање на отпад  и поставените реквизити. Како што информираат стручните служби, извршено е обновување на сите клупи за седење во централното градско подрачје каде што и фреквенцијата од посетители е најголема, во населбата Саат-кула, а следуваат активности и на просторот околу Спортско рекреативниот центар Младост. Исто така, се врши санирање и на реквизите наменети за најмладите наши сограѓани кои наедно се и најмногу експлоатирани и подложни на оштетување и тоа како во центарот на градот, така и во населбата Саат-кула.

Read more...
 
Награди и признанија за најдобрите ученици од неготинските училишта PDF Print
There are no translations available.

  Во четврток на 7-ми овој месец на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 20,00 часот ќе се одржи настан под мотото „Играме и пееме за крај“ на кој на најдобрите и најуспешните ученици од трите неготински училишта ќе им бидат доделени пригодни награди и признанија. Настанот ќе се одржи под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а организацискиот дел е на директорите и вработените во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ , ООУ„Гоце Делчев“ и ООУ„Страшо Пинџур“ Драган Василев, Петар Мантев и Сашо Ѓорѓиев. Според предвидената програма која ќе се реализира на бината на градскиот плоштад, пригодно обраќање пред присутните ќе има градоначалникот Делков кој воедно ќе им ги врачи наградиите и признанијата на најдобрите ученици како знак на внимание за сите успеси што ги постигнале, за трудољубивоста, за огромната љубов и почит кон своето училиште, кон наставниците и родителите. Како што истакнуваат организаторите, настанот ќе биде проследен и со богата културно-забавна програма, па токму затоа апелираат до сите граѓани на општина Неготино во четврток навечер да повелат на градскиот плоштад и да ги проследат содржините од манифестацијата која за прв пат се одржува во нашиот град.

Read more...
 
<< Start < Prev 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Next > End >>

Page 161 of 314