Општина Неготино
Во општина Неготино по втор пат се прскаше против комарци PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на спроведувањето на општите мерки за заштита на населението од заразни болести согласно годишната програма и оперативниот план за ДДД за оваа година, општина Неготино во координација со надлежните институции и служби по втор пат реализираше акција за прскање против комарци. Притоа, извршено е прскање на територијата на град Неготино, повеќе села во нашата општина, а беа опфатени и локации по течението на реката Вардар. Адултната дезинсекција со машинско прскање ја изврши Зотокс од Скопје, а средствата за активноста се обезбедени од буџетот на општина Неготино.

Read more...
 
Општина Неготино има потреба од невработени лица за Програмата општинско корисна работа PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, објавен е јавен оглас за пријавување на  евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата општинско - корисна работа.
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 
Се поставува вертикална, а подоцна и хоризонтална сигнализација PDF Print
There are no translations available.

   Врз основа на годишната Програма за работа на Одделението за комунални работи и сообраќај при општина Неготино, на неколку локации во градот се започна со замена и поставување на нова вертикална сигнализација, а по завршувањето на оваа активност ќе следува поставување и на хоризонтална сигнализација. Во моментов поставувањето на вертикална сигнализација се одвива во централното градско подрачје со опфаќање на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ацо Аџи Илов, Ставре Ставрев, Пекарев, Јане Сандански, Борис Кидрич и други. Се очекува оваа активност да заврши за 10-тина денови, по што ќе се започне и со поставување на хоризонтална сигнализација. Се апелира до сите учесници во сообраќајот за внимателно движење додека се одвиваат овие активности, а за што од страна на одговорните е поставена соодветна сигнализација.

Read more...
 
На 8 август во општина Неготино ќе се прска против комарци PDF Print
There are no translations available.

  Согласно годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за ДДД за тековнава година, општина Неготино во координација со Министерството за здравство на РМ по втор пат  ќе спроведе акција за прскање против комарци. Се информираат жителите на општина Неготино дека адултната дезинсекција со машинско прскање од страна на правниот субјект Зотокс од Скопје поради запрашување од комарци ќе се изврши на 08 овој месец (среда) почнувајќи од 23,30 до 05,00  часот. Се апелира до граѓаните и здруженија од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.
 
По поројните дождови, се расчистува центарот на Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Поројните врнежи од дожд кои ја зафатија нашата општина поради конфигурацијата на теренот на Неготино придонесоа најголемиот дел од водата да се спушти во централното градско подрачје. Токму затоа, веднаш по престанувањето на врнежите екипи на ЈП Комуналец и на Територијалната противпожарна единица од Неготино интервенираа на расчистување на центарот на градот. Покрај со работна рака и механизација, во акцијата се вклучени и 2 цистерни со вода со кои се чисти центарот на градот.

Read more...
 
ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани на општина Неготино !
Од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино до сите Вас упатувам честитки по повод верскиот празник св. Илија и големиот државен и македонски празник Илинден-денот кој е длабоко вкоренет во свеста на македонскиот народ. На овој ден 1903 година македонскиот народ востана против Турската Империја барајќи ја својата слобода, а 41 година по првиот Илинден познатите македонски борци и херои од Илинденската епопеја и НОБ на Македонија на вториот Илинден во манастирот Св.Прохор Пчински ги удрија темелите на современата македонска држава.  Илинден односно денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за македонскиот народ. Тој е празник на 3 настани од духовната и националната природа кај македонците. Првиот празник е денот на Св. Илија. Вториот настан е денот на почетокот на Илинденското востание во 1903 и како трет настан е Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Духовниот момент и двата други историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник, а токму традицијата го прави Илинден еден од најбитните и најголеми празници во Република Македонија.
 
 
<< Start < Prev 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Next > End >>

Page 154 of 314