Општина Неготино
Општина Неготино со богата програма пред и за време на Неготинскиот панаѓур PDF Print
There are no translations available.

  Шестдневна забава исполнета со музички доживувања за сите вкусови и саемска манифестација  нуди општина Неготино во периодот од  18-ти (вторник) до 23-ти овој месец (недела) кога врпочем и завршува традиционалниот Неготински панаѓур. Според програмата, активностите започнуваат во вторник со одржување на настанот „Неготински серенади“ кој ќе се одржи во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ со почеток од 19,00 ч, продолжува во среда со одржувањето на „Неготинска музичка вечер“ на старата градска чаршија со настап на босанската музичка sвезда Амар Гиле, Бени Шаќири и Нон-стоп и  ДЈ Cosmo Z, а меѓу настаните секако е и традиционалната „Манастирска вечер“ која се одржува во четврток на 20-ти овој месец. Деновите од 21 до 23 септември се предвидени за одржување на стопанско-туристичката манифестација „Неготински панаѓур“- најголема и најмасовно посетена во цела држава, со настап на голем број естрадни музички имиња ангажирани од сопствениците на угостителските објекти.

Read more...
 
Завршница на реализацијата на проектот - Отворена забавна фудбалска школа 2018 PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на проектот “Оворена забавна школа за фудбал 2018” во нашата општина досега беа организирани три работилници, од кои две се одржаа на градскиот стадион во Неготино (1 и 2 септември), а една беше организирана на 8 септември, а во истата беа вклучени и деца од Општина Демир Капија. Последната, четврта работилница ќе биде одржана на 15 септември (сабота) на градскиот полштад во Неготино со почеток од 18.00 часот. Со неа ќе биде заокружен циклусот од четири работилници на овогодинешната отворена фудбалска школа, во која учество земаа 90 деца од Неготино и 40-тина од Демир Капија.  Општина Неготино како субјект кој даде целосна финансиска поддршка на овој настан, со реализацијата на истиот даде импулс за афирмација на интересот кај најмладите за спортот и спортските активности.  Комплетната опрема која со проектот општина Неготино ја доби од Канцеларијата на ОФФС Македонија, ќе биде рамномерно распределена на основните училишта и фудбалските школи од општината кои ја поддржаа реализацијата на истата.
Read more...
 
Започна поставувањето на урбана опрема и детски реквизити PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино започна со градежни активности за набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места во неготинска општина. Како што информираат стручните служби, градежните активности опфаќаат набавка на материјали и поправка на постоечката урбана опрема и детски реквизити, како и обновување на подлогата на која тие се лоцирани. Согласно  проектот кој е во фаза на реализација, нова урбана опрема и детски реквизити се поставуваат во 4 села во општината и тоа Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак.

Read more...
 
Подобра енергетска ефикасност во ООУ„Страшо Пинџур“ PDF Print
There are no translations available.

  Во  ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино за време на летниот распуст се работеше на подобрувањето на енергетската ефикасност и осветлувањето на сите училници во старата училишна зграда. Комплетно во сите училници кои се наоѓаат во стариот училишен дел е изведено спуштање на плафоните со цел да се заштеди топлинска енергија и на истите се променија светилките со нови LED ламби. На тој начин, училиштето ќе  заштеди на сметките за струја, ќе го подобри осветлувањето,  како и визуелниот изглед на училниците- истакна директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев. Исто така, реализирани се и други активности со цел создавање подобри услови за одвивање и следење на воспитно-образовниот процес.

Read more...
 
Во сабота Неготино ќе биде домаќин на едукативен семинар за етнокореолози PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран-2018г.“ во сабота на 15-ти септември нашиот град ќе биде домаќин на едукативен семинар и јавен час за етнокореолозите од Република Македонија со присуство на околу 100 учесници. Настанот за отворен ќе го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој ќе има можност уште еднаш да отвори настан поврзан со културата, науката и стручните кадри-етнокореолози. Овој настан, според организаторите, е поврзан со практичен и едукативен момент, а како резултат на тоа ќе се одржи и јавен час кој ќе го изведуваат етнокореолозите од РМ, со што пак ќе се придонесе за развој на образовниот едукативен систем. Покрај општина Неготино, домаќини на дел од настаните ќе бидат и Музејот на град Неготино, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ и КУД„Јане Сандански“ , а настанот ќе заврши на градскиот плоштад во Неготино каде што и ќе се одржи јавниот едукативен час.

Read more...
 
Актерите од кавадаречкиот театар до солзи ги насмеаа неготинчани PDF Print
There are no translations available.

  Синоќа во преполната сала на центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, беше одиграна претставата “Пасивно пушење” во изведба на кавадаречкиот театар. Актерите од театарот “Иван Мазов Климе” со изведбата на оваа извонредна комедија предизвикаа смеење до солзи кај бројната неготинска публика, која во оваа прилика покажа дека го сака театарот и дека ваквите културни настани се добредојдени во нашиот град. Одличната посетеност и феноменалната актерска игра која беше изведена на сцената во Центарот за култура се мотив повеќе за општина Неготино и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во иднина да работат на збогатување на театарскиот репертоар на оваа културна установа.
Воедно, овој културен настан беше увертира во богатата културна програма која општина Неготино ја подготвува за периодот кој следува (18 – 23 септември).
Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 150 of 314