Општина Неготино
Во среда (19.07.) на старата градска чаршија ќе се одржи „Неготинска музичка вечер“ PDF Print
There are no translations available.

Во рамките на 6-дневната програма што општина Неготино ја подготви и ќе ја реализира во периодот од 18-ти до 23-септември (вторник-недела), во среда на старата градска чаршија ќе се одржи “Неготинска музичка вечер“. На вечерта која ќе изобилува со музика и забава за сите генерации ќе настапат босанската музичка sвезда Амар Гиле, Бени Шаќири и DJ COSMO Z. Настанот започнува во 21,00 часот, а организаторот упатува покана до сите заинтересирани граѓани од општина Неготино и поширокиот регион да присуствуваат на „Неготинската музичка вечер“.


View on YouTube
 
Во среда (19.09.) во Неготино одбележување на „Ден без автомобили“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и градоначалникот Тони Делков активно ќе се вклучат во одбележувањето на „Европската недела на мобилност“ што се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а по тој повод се покануваат сите заинтересира граѓани да се вклучат во активноста која во нашиот град ќе се спроведе во среда на 19-ти овој месец. Настанот кој ќе се одвива под мотото „Комбинирај и движи се“ ќе започне од 11,00 часот со старт кај Музејот на град Неготино, со движење по ул„Партизанска“, “Баба Ана Ташева“ и повторно назад по ул„Маршал Тито“ до градскиот плоштад каде е предвидено завршување на маршрутата. Учество ќе земат ученици од основните и средното училиште, граѓани, претставници од Советот за млади, административци, Здруженија на граѓани и сите заинтересирани граѓани кои ќе се возат на велосипеди и други алтернативни превозни средства до 13,00 часот.

Read more...
 
Денеска (понеделник 17.09.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

 Денеска со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 16-тата седница на која на дневен ред се 12 точки по кои советниците ќе расправаат и ќе носат закучоци, одлуки и решенија. Се очекува да бидат разгледани и усвоени годишниот извештај за работа и годишната програма за работа на СОУ Св. Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев и Страшо Пинџур и музичкото училиште Владимир Арсовски од нашиот град. На дневен ред ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за состојбите со јавната безбедност, јавниот ред и мир, безбедноста на сообраќајот на патиштата за првата половина од 2018-та година од МВР-ПС од општа надлежност-Неготино, предлог-решението за давање согласност за измени и дополнувања на правилникот за систематизација на работните места во градинката Фемо Кулаков, а советниците ќе расправаат и по други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
Неготино домаќин на семинар за етнокореолози PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на покана на организаторот, по втор пат за краток временски период го прогласи за отворен семинарот за етнокореолози кој се одржува во нашиот град. Станува збор за настан со учество на околу 100 семинаристи од Република Македонија на кои градоначалникот Делков им посака успешна работа во теоретскиот и во практичниот дел. На семинарот учество зедоа претставници од културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли, а покрај локалната самоуправа, домаќини на настанот беа и градскиот Музеј, Центарот за култура Ацо Ѓорчев" и КУД,,Јане Сандански" од Неготино.

Read more...
 
Во ООУ,,Гоце Делчев"одбележана европската недела на спортот PDF Print
There are no translations available.

   Со учество на околу 40 ученици и нивните наставници по физичко образование во ООУ,,Гоце Делчев" Неготино и во 15 општини во Македонија се одбележа европската недела на спортот. Координатор на проектот беше Гордана Јованова-родител на ученик, а настанот содржеше штафетни игри и спортски натпревари во кошарка, фудбал и одбојка, а се одржа и работилница во кливинг техника. Активностите беа поддржани од Агенцијата за млади и спорт и истите ги проследија градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на училиштето Петар Мантев и голем број заинтересирани граѓани.

Read more...
 
Започна асфалтирањето на главната улица „Маршал Тито“ PDF Print
There are no translations available.

   Започна асфалтирањето на дел од улицата „Маршал Тито“ која се санира во должина од 800 метри и тоа од потегот од раскрсницата со ул„Никола Петров“ до раскрсницата со ул„29 Ноември“ по целата ширина на коловозот од 7 метри. Се информираат граѓаните на општина Неготино, но и од соседните општини кои со возила поминуваат по оваа улица, дека во понеделник и вторник 17 и 18 септември во времето од 08,30 до 17,00 часот улицата „Маршал Тито“ од раскрсницата кај маркетот „Дијана“ до Полициската станица Неготино ќе биде затворена за сообраќај. Се апелира до моторизираните граѓани во овие два денови да не се движат по главната улица, туку да ги користат другите улици кои им се на располагање. Асфалтерските работи на терен ги изведува „Градба промет“ од Неготино.

 

Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 149 of 314