Општина Неготино
Прва победа на кошаркарите на Спорт Тим од Неготино PDF Print
There are no translations available.

  По неуспешниот старт на сезоната во Втората кошаркарска лига – запад кога кошаркарите на КК “Спорт Тим” од Неготино беа поразени во првото коло од екипата на Гостивар на гостински терен иако на моменти имаа и 16 поени предност, синоќа во драматичен натпревар со пресврт во последната четвртина од натпреварот против силната екипа на Партизан Мулти Шпед од Скопје успеаа да слават со 1 поен разлика и да ја запишат првата победа во второто коло од новата сезона. Резултатот од 64 – 63 во корист на нашиот тим зборува за извонредно драматичниот меч, кој нашите кошаркари со умешност и голема борбеност успеаа да го добијат во последните неколку минути на огромна радост на многубројните гледачи во салата на СОУ “Св.кирил и Методиј”. Во следното коло екипата на Спорт Тим гостува во Скопје, а потоа во четвртото коло (3-ти ноември) следува комшиското дерби со екипата на Спортисимо од Кавадарци на кое со помош на многубројната публика во клубот очекуваат нова победа и пробив кон врвот на табелата.
 
Во Неготино се врши одбележување на хоризонталната сигнализација PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за придонесување за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како на моторизираните граѓани, така и на пешаците, општина Неготино започна со одбележување на хоризонталната сигнализација на повеќе локации во градот. Според однапред утврдената динамика, одбележувањето се врши на двете главни улици во градот „Маршал Тито“ и „Партизанска“, потоа на улиците „Борис Кидрич“ и „Фемо Кулаков“, пред училиштата и градинките, во централното градско подрачје и на други локации каде што постојат раскрсници. Се апелира до моторизираните граѓани за внимателно возење и почитување на поставените значи при одбележувањето на хоризонталната сигнализација, со напомена дека одбележувањето на хоризонталната сигнализација на двете главни улици ќе се врши во текот на ноќните часови кога и фреквенцијата на возила и пешаци е помала.

Read more...
 
Во Музејот отворена изложба „Некрополите од Мали дол“ во Тремник PDF Print
There are no translations available.

  Ископувањата спроведени во рамки на истражувачкиот проект Археолошки истражувања на Мали Дол, с.Тремник, во континуитет се одвиваат од 2009 година до денес како резултат на соработката помеѓу НУ Археолошки Музеј на Македонија и ОУ Музеј на град Неготино. Во рамки на овие археолошки ископувања пронајдени се голем број на бронзени игли, дел од накит – ѓердан, комбиниран со килибарни перли, разни керамички садови како урни, кантароси и други керамички и метални предмети, сместени во два хоризонта на погребување (две некрополи)....
Сите погребувања од некрополата Мали Дол, вклучувајќи ги и средновековните, укажуваат на нејзино долготрајно користење и континуитет во развојот. Генерално кога ќе се соберат сите релевантни факти како гробните ритуали, движниот археолошки материјал и антрополошките остатоци, можеме да реконструираме слика на постоење на една зедница од крајот на бронзеното време, кој со сите специфики припаѓаат на Уланечката културна група.....
Оваа приказна е преточена во Археолошка Изложба “Некрополите на Мали Дол“, с.Тремник, Неготино, финансирана од страна на Министерството за култура на Р.Македонија според програмата за проекти од национално значење, која со особено задоволство Ви ја најавувам на 17 октомври 2018 година во 13.00 ч. во Изложбениот салон на Општинската Установа Музеј на град Неготино. На изложбата ќе бидат претставени 54 предмети од археолошкиот локалитет “Мали Дол“ поставени во стаклени витрини, 4 банери и 1 рекламно пано.
Read more...
 
Пензионери од „Анри Динан“ реализираа акција за чистење на градот PDF Print
There are no translations available.

   На иницијатива на раководството на клубот на пензионери-хуманисти „Анри Динан“ при Црвен крст Неготино, а со поддршка на градоначалникот Тони Делков и ЈП„Комуналец“, денеска поголема група пензионери реализираше акција за чистење на делови од градот. Акцијата ја спроведоа членови на клубот преку чистење на јавни површини, повеќе улици и тротоари, со цел, како што истакнаа од иницијативниот одбор, како што сакаме дома почисти дворови, така сакаме да имаме и почисти јавни површини со посебен акцент на чистотата во централното градско подрачје, маркетите и производствените погони. Како што истакнаа учесниците во акцијата, со оваа скромна активност целта е да се поттике вклучување во вакви и слични акции на сите категории граѓани кои живеат во Неготино, пред се помладите генерации, училиштата, културните институции и други, а со тоа самите да придонесеме да имаме почист град и да живееме и егзистираме во почиста животна средина.

Read more...
 
Се гради на просторот на салата на ДТВ „Партизан“ PDF Print
There are no translations available.

   Отстранета е и повеќе не постои зградата каде што беше лоцирана салата на ДТВ„Партизан“ во нашиот град, простор кој со години беше запуштен и ја нагрдуваше сликата  во централното градско подорачје. На тој простор приватен инвеститор гради станбено-деловен простор со чија изградба овој дел од градот ќе добие сосема нов и модерен лик.

Read more...
 
Седмо издание на меморијалниот турнир во борење “Јован Димитров” PDF Print
There are no translations available.

  Во организација на боречкиот клуб “Неготино” и општина Неготино годинава во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се одржа седмото по ред издание на меморијалниот турнир во борење слободен стил “Јован Димитров”. Во рамките на програмата во 10 часот беше положено свежо цвеќе на споменикот на трагично загинатиот наш сограѓанин Јован Димитров во војната на поранешните југословенски простори, а од 11 часот започнаа борбите на турнирот на кој учество зедоа преку 80 млади борачи во следните конкуренции: машки – помлади пионери и пионери и женска конкуренција од боречките клубови: домаќинот БК “Неготино”, “Лирија”  и “Тефејуз” од Скопје, “Бучим” од Радовиш, “7ми Мај-Леов” од Прилеп, “Олимпија” и “Балканец” од Штип и “Борец” од Велес.

Read more...
 
<< Start < Prev 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Next > End >>

Page 145 of 314