Општина Неготино
На 18.05.(среда) во Неготино изложба на воена и медицинска опрема PDF Print
There are no translations available.

   Се информираат граѓаните на општина Неготино дека во среда на 18-ти овој месец во периодот од 17 до 19 часот на ракометното игралиште во склоп на Спортската сала „Младост“ во Неготино ќе се одржи изложба на воена и медицинска опрема на армијата на САД и на АРМ. Оваа несекојдневна изложба ќе биде од отворен карактер и  истата можат да ја посетат сите заинтересирани граѓани од општина Неготини и одблизу да се запознаат со изложената опрема. 
 
Со 101.630,53 евра ќе се уредува околината на Саат-кулата во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   По спроведената тендерска постапка, заедно со претставникот на избраниот изведувач на работите „Градба промет“-Кавадарци денеска го потпишавме договорот за реализација на проектот „Уредување на околината на Саат-кула“ кој е со вкупна вредност од 101.630,53 евра. Проектот опфаќа уредување на просторот со хортикултура, поставување на урбана опрема, поставување на детски играчки и реквизити, изведба на паркинг-места за велосипеди и автомобили, како и поставување на електрика, водоводо и канализација. Инаку, врз основа на договорот за партнерство и договорот за субвенционирање на проектот WINE-UP-CN2-SO1.3-SC052 од 08.10.2021. Oпштина Неготино во рамки на проектот „Подобрување на прекугранично винско искуство за локален развој“ со акроним wine-up ја реализира проектната активност „Подобрување на атрактивностите за развој на туризмот преку реализацијата на проектот „Уредување на околината на Саат-кула“ во Неготино. 
 

 
Финишира реконструкцијата на сите краци на улицата „ЈНА“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во согласност со Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу нашата држава и Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, а врз основа на договорот помеѓу општина Неготино и Министерството за транспорт и врски за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во општина Неготино, финишира реконструкцијата на сите краци на ул„ЈНА“ во нашиот град во должина од 860 метри. Од денеска се започна со асфалтирање на улицата-активност која ќе се одвива во наредните 3 денови заклучно со понеделник, па токму затоа се замолуваат граѓаните да не ги паркираат возилата на оваа улица. Изведувач на работите е фирмата Жикол ДООЕЛ Струмица, а за надзорот е задолжена фирмата ГЕИНГ ДООЕЛ Скопје.

Read more...
 
Изложба под наслов „Кружни емоции“ PDF Print
There are no translations available.

  На ден 03.05.2022 (вторник) во 19.00 часот во Музеј на град Неготино беше отворена ликовната изложба под наслов „Кружни емоции“ на ликовната уметница Петра Јовановска со нејзините гости од Р. Чешка, уметниците Вит Павлик и Теодор Бузу. На изложбата свое обраќање имаше градоначалникот на општина Неготино, г-дин Горан Стојанов, а свечено ја отвори заменик амбасадорот на Р.Чешка во РМакедонија, Лубомир Пшенка. Свое обраќање и поздрав имаа и чешките уметници Вит Павлик, воедно и градоначалник на Волари, Р.Чешка и уметницата Петра Јовановска. Настанот беше збогатен со изведба на композиции од чешкиот композитор Антониј Дворжак како поздрав до чешките гости, од страна на Емилија Кабранова Филипова-пијано и Силвана Чулева Атанасова-флејта. Гостите беа презадоволни од пречекот во општина Неготино а посетителите разгледувајќи ги нивните дела, го искористија нивното присуство за понатамошна дружба во дворот на музејот.

Чешките уметници имаат зад себе големо ликовно искуство, имаат реализирано голем број самостојни и групни ликовни изложби, добитници се на голем број награди, и самите се организатори на меѓународни проекти, симпозиуми во областа на визуелни уметности.
Петра Јовановска е родена 1972 год. во Р.Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје, смер графика. Таа е ликовен уметник, организатор, куратор и координатор на многубројни ликовни проекти, до сега има реализирано 52 самостојни изложби, голем број од нив во своја организација. Има учествувано во над 300 групни изложби, добитнк е на бројни награди, има учествувно на многубројни ликовни симпозиуми, колонии.

 Вит Павлик, роден 1976 год., има завршено Јужночешки универзитет. Директор и професор е во Уметничка школа во Волари, претседател на здружението АЈВ. Има реализирано голем број на самостојни и групни изложби во Р.Чешка, Германија, Франција, САД и др. Се занимава со сликарство, цртеж и фотографија. Добитник е на број награди во Р.Чешка и Германија.
 Теодор Бузу, роден 1960 год, има завршено Академија за уметности и дизајн. До сега има реализирано 96 самостојни изложби, и има земено учество во над 120 групни иложби. Добитник е на многубројни награди во Р. Чешка, Германија, Молдавија, Словачка. Учесник е на голем број меѓународни ликовни симпозиуми и колонии. Работи како професор во уметничка школа во Табор, Р. Чешка. 

Read more...
 
До 31-ти овој месец на АП Криволак ќе се реализира обука и гаѓања PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за информирање на јавноста, а заради безбедно извршување на планираните обука и гаѓања на Армискиот полигон Криволак кои ќе се изведуваат во периодот до 31-ти мај, им се соопштува на месното население од општините кои гравитираат околу воениот полигон дека во повеќе реони на истиот ќе се извршува обука и гаѓања. Токму затоа, потенцираат од Командата на полигонот, во споменатиот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока на овој потег, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или убојни средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е населението истите да ги одбележат и да се известат надлежните органи од АП Криволак или Полициската станица-Неготино. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, како и обезбедени со физичко обезбедување.
 
Ј А В Е Н П О В И К за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди/електрични тротинети за 2022 година PDF Print
There are no translations available.


О П Ш Т И Н А  Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година, објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди/електрични тротинети за 2022 година

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди/електрични тротинети, а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик а најдоцна до 31.05.2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност и електричен тротинет.

1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со платен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на електричниот тротинет но не повеќе од 6.000,00 денари. За набавка на адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност општината ќе субвенционира 50% од вредноста, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со платен персонален данок на доход.

1.3. Средствата што се превидени во Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од буџетска програма L00.

1.4.  Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“ , до исцрпување на вкупно предвидените средства, а најдоцна до 31.05.2022 година.
2.  Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.05.2022 година и кои ќе ги исполнат условите од овој Јавен повик.

3.  Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

-    да е жител на општина Неготино,

-    велосипедот да го купи од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на Јавниот повик (31.05.2022 година), доколку средствата не бидат претходно исцрпени.

-    да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).

4.  Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави:
- барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино или на веб страната на општина Неготино),
- доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност,
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик, односно денот на исцрпување на предвидените средства.
- потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација,
- решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган.
Документи од алинеја 5 и 6 приложуваат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед.

4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед/електричен тротинет.

4.3. Лица од исто потесно семејство и лица кои живеат на иста адреса не можат истовремено да добијат надоместок за велосипед/електричен тротинет на објавениот јавен повик.

4.4. Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед/електричен тротинет заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или лично во архивата на општина Неготино.

4.5. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед/електричен тротинет - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“

4.6. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.  Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира комисија и тоа: Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед.

5.2. Општина Неготино, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.05.2022 година.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства пред крајниот рок (31.05.2022), општина Неготино ќе објави завршување на Јавниот повик преку својата веб страна.

5.5. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решенија за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства за барателите кои ги исполниле критериумите, согласно Јавниот повик.

6.2. Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува условите согласно Јавниот повик.

Б А Р А Њ Е

И З Ј А В А

 

 
<< Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>

Page 15 of 314