Општина Неготино
Божикна честитка од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков PDF Print
There are no translations available.

Почитувани сограѓани, верници од Православна вероисповед !

По повод одбележувањето на големиот Христијански празник, Раѓањето Христово-Божик, од мое лично име и од име на општина Неготино Ви упатувам искрени и срдечни честитки со желби за добро здравје, духовен мир, меѓусебно почитување и разбирање. Во духот на Христијанството, а почитувајќи ги и негувајќи ги заедништвото и хуманоста како едни од најголемите човекови вредности, овој празник нека биде причина повеќе да споделите убави и пријатни моменти со семејството, најблиските и пријателите. Вашите домови во деновите од Божикните празници нека бидат исполнети со надеж, добрина и верба и истите нека ве водат во деновите што доаѓаат.

Христос се роди-Вистина се роди ! Среќен Божик !

 
Се расчистува снегот од улиците во градот и дел од населените места PDF Print
There are no translations available.

   Веднаш по започнувањето на обилните врнежи од снег, надлежните општински служби излегоа на терен и се ангажираа на расчистувањето на снегот. Најпрво на терен излегоа работници на Комуналец кои беа ангажирани за отстранување на снегот од главните улици, тротоарите и правење патеки за движење на пешаците во централното градско подрачје. Ним им се приклучија со соодветна механизација и работна рака вработени во фирмата Коп инжинеринг ангажирана од општина Неготино за зимско одржување на улиците и локалните патишта. По завршувањето на работите на примарната улична мрежа, ќе се пристапи кон чистење и на споредните улици, а се чисти снегот и од патиштата кои водат до населените места. Од локалната самоуправа до возачите и пешаците апелираат на внимателно движење, а сопствениците на деловни објекти и домаќинствата ги потсетуваат на обврската за чистење на просторот пред дуќаните и семејните домови. Ангажираната механизација и понатаму останува присутна на терен и работи на расчистување на снегот од најфреквентните улици и патишта во општина Неготино.

Read more...
 
Ј А В Е Н П О В И К PDF Print
There are no translations available.

Имате идеја, предлог, сугестија за успешна организација на стопанско туристичката манифестацијата  Недела на виното,,Св.Трифун- 2019,,  
Споделете ја со нас!
Предлозите на граѓаните и другите чинители се секогаш добредојдени !
За  поуспешна стопанско туристичката манифестацијата  Недела на виното,,Св.Трифун-2019,, Вашите предлози и идеи ќе бидат добредојдени и дополнително разгледани  и на тој начин  концептот за Св. Трифун 2019 ќе биде наша заедничка цел!
ЗАЕДНИЧКИ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ УСПЕШНА МАНИФЕСТАЦИЈА – СО ГРАЃАНИТЕ И ЗА ГРАЃАНИТЕ!
Ве повикуваме сите граѓани,институции, установи, бизнис секторот и невладините организации  од општина Неготино да дадете свои идеи, предлози, сугестии со пополнување на дадениот  прашалник најдоцна до 09.01.2019 год.(среда).


Вашите идеи, предлози, сугестии испратете ги на:
meil: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
тел:043-361-045 лок.123
Општина Неготино

П Р А Ш А Л Н И К

А Н К Е Т А

 
Посета на вработени кои се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните PDF Print
There are no translations available.

   Додека најголемиот број од граѓаните во пријатна и весела атмосфера ја испраќаа 2018 и го прославуваа дочекот на Новата 2019 година, десеттина службени лица се наоѓаа на своите работни места и поради нивната специфичност ги извршуваа своите редовни работни обврски. Станува збор за лица кои во текот на новогодишната ноќ се грижеа за здравјето и безбедноста на населението. На неколку часа пред полноќ нив ги посети градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој им посака да имаат што помалку работа притоа честитајќи им ги претстојните празници. Во знак на внимание градоначалникот Делков на 9 припадници на Полициската станица Неготино, 2 пожарникари и 6 вработени во Итната помош при Здравствениот дом во нашиот град им врачи пригодни подароци. Дежурните работници се заблагодарија и на Делков му посакаа среќни Новогодишни и Божикни празници.
Read more...
 
ПРВА ВОВЕДНА СРЕДБА ВО ОПШТИНА ПЕЛА PDF Print
There are no translations available.

   ПРОЕКТ ,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,
,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или ,, “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  со акроним, ENPOL-EE,,

Јаница, Декември28  и 29 ,2018

На 28 и 29 Декември 2018 година проектниот  тим  од општина Неготино и  од СОУ,,Св Кирил и Методиј,,Неготино заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,присутвуваа на дводневна работна посета во  општина Пела-во местото Јаница .Ова е прва  воведна средба на која сите проектни партнери  меѓусебно се сретнаа и го формираа Управувачкиот Комитет .На средбата  се договорија за проектните активности што како обврски следуваат за сите 4 проектни партнери.Беа договорени официјалните алатки за комуникација за проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,.Се утврдија сите превземени досегашни активности во правец на развој на проектот, а посебен акцент беше ставен на заедничките активности кои всушност ја одразуваат и прекуграничната соработка.Се подготви сет од активности за следните 3 месеци, а беа договорени и сите менаџмент процедури кои е потребно да ги следат проектните партнери.На средбата градоначалниците на двете општини  г-дин Тони Делков и г-дин  Григорис Стамкос  остварија посебна посета, на која беа разменети информации за двете општините, а воедно беа договорени и потребните процедури околку потребното кофинансирање од 20% кое Водечкиот партнер –општина Пела во следните денови треба да го изврши кон општина Неготино и кон Св,;Кирил и Методиј,,Неготино, со што   ќе може реално  да се спроведуваат и да се покриваат трошоците  за дел од планираните проектни активности.

Read more...
 
Делков: Со љубов, единство и слога да го направиме Неготино уште поубаво место за живеење PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани на општина Неготино !

Празниците се момент за нова надеж и верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас и кога си посакуваме многу здравје, радост и среќа во годината што доаѓа. Новата 2019 година е нова шанса да продолжиме да работиме за доброто на Неготино и населените места во општината, затоа што од нас самите зависи иднината и развојот на општината. Само со љубов, единство и слога заедно можеме да го изградиме нашиот сакан град и да ја реализираме програмата за работа. Јас како градоначалник на општина Неготино од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници. Ви посакувам празничните моменти да Ви бидат исполнети со најдобри желби за здравје, среќа, бериќет и разбирање.

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ, ДРАГИ МОИ СОГРАЃАНИ !

 
<< Start < Prev 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Next > End >>

Page 137 of 314