Општина Неготино
Првоаприлска забава под маски на плоштадот во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со забавна програма која содржеше музичко-забавни изведби од страна на деца  и ученици на градскиот плоштад во нашиот град и маскенбалското дефиле кое се одвиваше по улиците низ градот, во Неготино денеска се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал 2019г.“. Истата општина Неготино ја организираше во соработка со воспитно-образовните установи, вработените, учениците и нашите најмлади сограѓани. Во рамките на маскенбалското дефиле своите поединечни и групни маски ги презентираа дечињата од клоновите Мајски цвет и Пролет во склоп на детската градинка Фемо Кулаков од Неготино, ученици од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур и средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Дефилето се одвиваше  по главните улици Маршал Тито и Партизанска со пристигнување на плоштадот од повеќе правци. Учесниците на маскенбалот и многубројните посетители кои беа присутни и го следеа дефилето, имаа можност да уживаат и во забавната програма во изведба на ученици од основните и средното училиште кои се претставија со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби,а свој настап имаа и дечињата од двата клона на неготинската градинка.

Read more...
 
Реализирана еколошка акција „Сите за почисто Неготино“ PDF Print
There are no translations available.

   Стотина љубители на природата и чистата и здрава животна средина во саботата се вклучија во еколошката акција насловена „Сите за почисто Неготино“. Настанот се одржа во организација на Спортско планинарското друштво „Неготино“ во соработка со ООУ„Страшо Пинџур“, општина Неготино и ЈП„Комуналец“ и истиот започна во раните утрински часови. Акцијата беше со цел да се собере отпадот кој се наоѓаше на несоодветни места за тоа и да се исчисти околината во која сите ние се движиме и живееме, а воедно и да се даде придонес во развојот на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот, како и развивање на механизми за поддршка во справувањето со проблемот околу неорганизираното и неконтролирано фрлање на отпадот. Учесниците во акцијата „Сите за почисто Неготино“ го расчистуваа просторот кај паркот во близина на Музејот, главните улици „Маршал Тито“ и „Партизанска“, како и кругот на СРЦ Младост. По завршувањето на активностите, екипи на Комуналец со соодветни возила собраниот отпад го транспортираа во градската депонија, а организаторите најавија одржување на вакви и слични акции и во наредниот период.
Read more...
 
Утре (сабота 30.03.) ќе се спроведе акција „Сите заедно за почисто Неготино“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на СПД„Неготино“, а во соработка со општина Неготино, ООУ„Страшо Пинџур“ и Јавното претпријатие „Комуналец, во текот на утрешниот ден (сабота 30.03) ќе се реализира аколошка акција „Сите заедно за почисто Неготино“. Акцијата има за цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места за тоа притоа развивајќи ја свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот, како и да развие механизми за поддршка на граѓаните како подобро да се справат со неорганизираното и неконтролираното фрлање на отпад во нивната заедница. Активностите од акцијата ќе започнат од 08,00 часот од паркот кај градскиот Музеј, потоа се планира чистење долж главните улици „Маршал Тито“ и „Партизанска“,а акцијата ќе заврши  со расчистување на кругот на СРЦ„Младост“. Организаторот апелира до сите заинтересирани граѓани активно да се вклучат и да дадат сопствен придонес за посупешно спроведување на акцијата „Сите заедно за почисто Неготино“.

 

 
Маскенбал 2019 PDF Print
There are no translations available.

   На 1ви април, (понеделник) Општина Неготино во соработка со воспитно-образовните установи од градот ќе ја организира манифестацијата “Маскенбал 2019”, чии дел ќе бидат маскенбалското дефиле и забвната програма на градскиот плоштад која ќе содржи музичко-забавни изведби на децата и учениците од нашиот град.
Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ќе ги презентираат децата од клоновите “Мајски цвет” и “Пролет” од детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Дефилето ќе тргне од двете основни училишта “Гоце делчев” и “Страшо Пинџур” во 12.15 часот и ќе се движи по улиците “Маршал Тито” и “Партизанска” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне забавната програма во рамките на која учениците од основните и средното училиште ќе се претстават со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби. Претходно, на бината на градскиот плоштад со почеток од 12 часот свои изведби ќе имаат и децата од двата клона од детската градинка “Фемо Кулаков”.

 
Граѓаните можат да пријавуваат проблем до општината по електронски пат PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино повторно во функција го стави системот кој на граѓаните им овозможува по електронски пат во секое време од денот, 7 дена во неделата, преку општинската веб-страница да пријавуваат комунален проблем кој општинските служби ќе се обидат да го решат или во најкраток можен рок барателот на информацијата да го запознаат до каде е решавањето на пријавениот проблем. Секој граѓанин од листата на проблеми во менито на системот (објавено подолу) може да го одбере својот проблем и во пријавата да ја наведе точната адреса или да ја опише локацијата на која треба да се врши интервенција, а треба да остави и контакт за стручните служби при општина Неготино да можат да одговорат на пријавата и да информираат за истата. Граѓаните преку оваа форма можат да пријавуваат проблеми со улично осветлување, улици, патишта и тротоари, објекти склони на рушење, урбана опрема, градба и  дива градба, животна средина, отпад, кучиња скитници, јавно зеленило, гробишта, водовод и канализација и сообраќајна сигнализација.

 
Театарска претстава “Црвените чизмички” PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и оваа година ќе биде дел од глобалното одбележување на Светскиот ден на театраот – 27 Март и во соработка со Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” на театарската публика во Неготино ќе и понуди две театарски претстави од кои првата ќе биде детска претстава, намената за помладата публика.
Претставата “Црвените чизмички” чиј автор е Слаѓана Милосављевиќ е во режија на Димче Бањански, а во изведба на актерите на аматерскиот театар Мирка Гинова од Демир Капија. Истата ќе има двојна изведба во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” на 27 март (среда) со почеток од 15.30 часот за учениците од основното училиште “Гоце Делчев” и од 17.00 часот за учениците од основното училиште “Страшо Пинџур”. Влезот за учениците ќе биде бесплатен.
Организацијата на културни настани наменети за помладата публика е во насока за доближување на театарскат уметност и културата воопшто до помладата публика и нејзина културна едукација.

 
<< Start < Prev 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Next > End >>

Page 129 of 314