Општина Неготино
Семинар на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во училиштата“ PDF Print
There are no translations available.

   Мултидисциплинарен тим на експерти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики-Европа за тебе, во соработка и со поддршка на општина Неготино, во нашиот град реализира семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и средните училишта“. Со семинарите кои денеска и утре се одржуваат во ООУ„Гоце Делчев“ опфатени се наставници од одделенска и предметна настава, професори од средните училишта, како и стручните соработници и директорите на основните и средните училишта. Семинарот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој истакна дека воспитно-образовните институции, но и пошироката заедница, се исправени пред  предизвикот да се соочат со барање на соодветни стратегии и начини за намалување и превенирање од насилното однесување меѓу учениците, а токму ваквите семинари се добра можност за размена на исксутва и предлагање на мерки како би се добиле очекуваните резултати. Семинарите ги реализираат реномирани универзитетски професори и тоа Дејан Мицковиќ, Татјана Стојаноска-Иванова, Ана Фрицханд, Елизабета Томевска-Илиевска и Тања Милошевска, а истите се од интерактивен карактер со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија за создавање ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијално би можеле да се јават во училиштата.

Read more...
 
Урнебесната комедија “Од кол на кол” ќе гостува во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во среда, 9 октомври во Центарот за култура Ацо Ѓорчев во Неготино со почеток од 19.30 часот ќе биде одиграна театарската комедија “Од кол на кол”.
Претставата “Од кол на кол“ е работена според текстот "Run for your wife" од Реј Куни, во адаптација и режија на  Диме Коцевски, а во изведба на Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.
Во претставата играат одличните актери од кавадарeчкиот театар - Диме Боцев, Валентина Ѓорѓиева, Ребека Малиминовска, Диме Коцевски, Видан Станоев, Магдалена Атанасова и Саше Орешков. Сценографија е на Трајче Јованов, а сценската подршка на Диме Темков. Музика и светло Марјан Тодоровски.
Претставата е финансиски поддржана од општина Неготино.
 
Се одржа вториот инфо ден за проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино беше домаќин на вториот по ред информативен ден во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка-проект кој заеднички се спроведува со водечкиот партнер општина Алмопија-Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец-Неготино.Како што истакна претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов кој го отвори настанот, генерално проектот Wa_mbrella дава одговор на прашањето како можат локалните власти, а посебно органите на локалната самоуправа  со комуналните претпријатија да придонесат за заштита на биолошката разновидност и чуствителните еко-системи,  бидејќи со проектот се предлагаат мерки и активности во севкупниот пристап во управувањето со водите во општините Неготино и Алмопија со очекување заштитата на екосистемите да произлезе од интервенциите во три области и тоа наводнување, канализација и водоснабдување. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, но веќе е најавена можноста и потребата од негово продолжување со цел планираните активности во целост да бидат реализирани. Пресек на проектните активности на општина Неготино и ЈП Комуналец направи проектниот менаџер на општина Неготино Лолита Ристова, додека проектниот менаџер на општина Алмопија Никос Цимас ги презентираше проектните активности на водечкиот партнер општина Алмопија и тамошното комунално претпријатие. Свои обраќања на информативниот ден имаа Влатко Трпески и Сашко Јорданов од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Љупка Димоска Зајков од секторот води. Активностите продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Read more...
 
Општина Неготино спроведува акција за заловување на кучиња скитници PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино во соработка со Ветеринарната станица од нашиот град започна и во тек е акција за заловување на кучиња скитници кои потоа се носат во соодветните простории со кои располага Ветеринарната станица со услови за нивно сместување и третирање. Како што информираат службите кои се активни на терен, досега се заловени околу 20 кучиња од кои дел скитници, но има и такви кои имаат сопственици. Притоа, констатирано е дека поголемиот број од заловените кучиња се чипирани и нивните сопственици се познати, па поради нивната негрижа согласно законските прописи ќе бидат соодветно санкционирани. Токму затоа се апелира до сопствениците на кучиња да водат поголема грижа за нивните миленици и нивното движење, со што би се спречило нивно заловување и би се избегнала можноста за санкционирање.

 
Се врши санација на улицата „Борис Кидрич“ во должина од над 200 метри PDF Print
There are no translations available.

    Општина Неготино во соработка со Јавното претпријатие „Македонија пат“ веќе извесен период спроведува активности за комплетно санирање на над 200 метри од улицата „Борис Кидрич“ во нашиот град. Станува збор за една од најфрекветните улици во тој дел на Неготино, на потегот од Музејот кон Здравствениот дом, па токму затоа надлежните од локалната самоуправа одлучија да се пристапи кон санација на дел од оваа улица. Градежните работи се однесуваат на замена на коловозната покривка (засторот) по целата ширина на коловозот, а паралелно предвидено е да се нивелираат шахтите и решетките на овој потег од улицата „Борис Кидрич“. Се очекува работите комплетно да бидат завршени до крајот на тековниот месец.

Read more...
 
ПОКАНА за учество на информативни денови за одлучувачки тела - Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Почитувани, ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на двата информативни дена наменети за носители на одлуки на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на загадувањето на отпадните води“ кои ќе се одржат на 2ри и 3ти октомври 2019, со почеток во 10:30 ч. во хотел Памела, општина Неготино. Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10:00 ч.
Првиот инфо ден ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општината г – н Тони Делков и одговорните лица на проектот за општина Неготино и за општина Алмопиа, Грција. Понатаму, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе је презентираат законската основа и моменталната состојба во државата од аспект на заштита на биодиверзитетот и управување со водите и отпадните води, а денот ќе се затвори со претставување на човековото влијание врз загадувањето на водите. Вториот инфо ден ќе биде отворен со презентација за значењето на пречистителните станици за секој град со проследување на видео од изградбата на постојните пречистителни станици во државата. Понатаму ќе бидат презентирани податоци за квалитетот на водите во државата и податоци од извршениот мониторинг на каналот за наводнување во Неготино и Тимјаничка (Неготинска ) Река. Вториот инфо ден ќе се затвори со посета на текот на реката со осврт на изведбата на колекторот и водоводната мрежа, испустите од канализација и сл.
Со цел подобра организација Ве молиме потврдете го Вашето присуство на 078-344-904 или на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 11:00 часот на 01 октомври 2019 година. Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella). Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e  општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е  Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4  е  ЈП ,,Комуналец“, Неготино.
Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе присуствувате на информативните денови, останувам со почит,     
Градоначалник, Тони Делков

 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 108 of 314