Општина Неготино
Започна реконструкцијата на спортската сала „Младост“ PDF Print
There are no translations available.

    После долги години провлекување на овој проблем, општина Неготино започна со негово решавање. Станува збор за отпочнувањето на работите за реконструкција на спортската сала „Младост“.Во оваа фаза на реконструкција ќе бидат опфатени подната и кровната конструкција во големата и во малата сала.

Read more...
 
Се расчистува дивата депонија кај селото Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино согласно Програмата за заштита на животната средина започна со реализирање на активност за чистење на дивата депонија во близина на селото Криволак, конкретно кај мостот лоциран пред Армискиот полигон Криволак. Изведувач на работите е фирмата Ас машини чии работници предвидено е сметот и шутот од околу 650 метри кубни од дивата депонија да го кренат и да го дислоцираат на градската депонија Бучето во близина на село Дуброво. Средствата за расчистување на дивата депонија се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Од локалната самоуправа апелираат до месното население од Криволак, но и до сите граѓани на општина Неготино, сметот и шутот да го исфрлаат само на градската депонија. Комуналните редари секојдневно се присутни на терен и секој што ќе биде регистриран да фрла смет и шут на несоодветни места за тоа, ќе биде казнет согласно законските прописи.

Read more...
 
Во Неготино се изврши дератизација и дезинфекција на јавни површини PDF Print
There are no translations available.

   Стручни лица од фирмата Зотокс од Скопје со асистенција на вработени во одделението за комунални дејности и сообраќај при локалната самоуправа, а врз основа на издаденото решение од страна на Државниот и здравствен инспекторат, во текот на денешниот ден извршија дератизација и дезинфекција на јавни површини во Неготино. Оваа активност е реализирана согласно Програмата за спроведување превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општината. Дезинфекција се изврши во просториите на општина Неготино и во Желковата куќа на вкупна површина од 600 метри квадратни, а дератизација се изврши на вкупно 900 ревизиони шахти со поставување на 2.700 мамци или по 3 на секоја шахта.

Read more...
 
Поради дефект, денеска (среда 16.10) ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

  Од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информираат потрошувачите од Неготино дека поради настанат дефект на главниот цевковод Ф 315 кон нашиот град, денеска (среда 16.10) од 10,00 часот па натаму ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на „Комуналец“ се присутни на терен и работат на санирање на дефектот, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.

 
Во среда (16.10) во Неготино ќе се врши дератизација и дезинфекција на јавни површини PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги информира граѓаните дека согласно програмата за спроведување на превентивни ДДД услуги на територијата на општината, утре (среда 16.10.2019г.) со почеток од 08,00 часот ќе се започне со вршење на дератизација и дезинфекција на јавни површини. Работите на терен ќе ги изведуваат работници стручната фирма Зотокс од Скопје, а врз основа на издадено решение од страна на Државниот и здравствен инспекторат. Дезинфекцијата ќе се изврши во просториите на општина Неготино и во објектот Желкова куќа, додека дератизација ќе се изврши на вкупно 900 ревизиони шахти.

 
Финишираат работите за уредување на просторот околу Спомен-костурницата PDF Print
There are no translations available.

   На терен веќе извесен период се одвиваат и во завршна фаза се работите за уредување на просторот околу Спомен-костурницата во Неготино-проект кој локалната самоуправа го спроведува во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Со реализацијата на овој проект граѓаните на Неготино на располагање ќе добијат пријатно катче каде во одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

Read more...
 
<< Start < Prev 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Next > End >>

Page 106 of 314