Општина Неготино
Доделени средствата за финансирање на проекти на здруженија и фондации од Буџетот на општина Неготино за 2022 година PDF Print
There are no translations available.

Финансирање на проекти на здруженија и фондации по јавен повик
бр. 08-566/1, објавен на 10/08/2022 година

 

Здружение/фондација

 

ПРОЕКТ

 

Доделени  средства

 

 

 

1.

 

Здружение Доброволно противпожарно здружение ПОВАРДАРЕЦ - Неготино

МИСЛИ ПАМЕТНО, ДЕЛУВАЈ ЗЕЛЕНО: РЕЦИКЛИРАЈ!

 

30.000

 

2.

 

Пчеларско здружение

НЕГОТИНСКИ МЕД - Неготино

СОВРЕМЕНО ПРОИЗВЕДУВАЊЕ НА ПЧЕЛНИ СТАНИЦИ

 

10.000

 

3.

 

Здружение на граѓани – Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА - Неготино

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ

ВО ДНЕВЕН ЦЕНТАР

 

60.000

 

 

4.

 

Здружение на граѓани АНТИГОНЕА БАЈКИНГ - Неготино

ФИТНЕС НА ОТВОРЕНО

20.000

 

 

5.

 

Здружение на граѓани ЕКОВИТА” – Неготино

 

ИНКУБАТОР ЗА ПРОЕКТИ

60.000

 

6.

 

Здружение Ловно друштво ВАРДАР - Неготино

ИЗГРАДБА НА ЧЕКИ, ХРАНИЛКИ И

ПРИХРАНА НА ДИВЕЧ

 

 

20.000

 

 

ВКУПНО                                                                                                                                                                                              200.000                   

 

 
Во Неготино ќе се одржи вториот Саем на социјални претпријатија во ВПР PDF Print
There are no translations available.

  Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион кој го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 6-ти овој месец (четврток) со почеток од 11ч. и на истиот сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на 20-тина социјални претпријатија од регионот и невладините организации кои  се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување соодветна поддршка. Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани.
 
Се поставуваат нова линија и приклучоци за технолошка вода во с. Криволак PDF Print
There are no translations available.

Со средства од Буџетот на општина Неготино во селото Криволак се изведуваат активности за поставување на нова линија и приклучоци за технолошка вода во делот од селото каде што досега истите не беа поставени. Со оваа активност 35 домаќинства сега ќе можат да ги уживаат привилегиите од водата за наводнување на дворните површини. Изведувач на работите е ЈП Комуналец од Неготино.


Read more...
 
Поставена првата од предвидените 10 мерни станици за „смарт земјоделство“ PDF Print
There are no translations available.

  Денеска започна поставувањето на 10-те мерни станици на територијата на општина Неготино со кои ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, односно на лозаро-овоштарските насади. Со поставувањето на овие мерни станици се овозможува електронски мониторинг, истите ќе даваат информации за влажноста на воздухот, сончевите денови во годината, количеството врнежи, степенот на температурни осцилации и други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер. Мерните станици ќе овозможат и да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, што ќе придонесе за намалување на трошоците за третирање со пестициди, зголемен принос на производство и негов значително подобар квалитет. Проектот го реализираме во соработка со Бирото за регионален развој, вкупната вредност е 10 милиони денари од кои 9 обезбедува Бирото, а општина Неготино учествува во проектот преку ко-финансирање со средства од 250.000 денари од Буџетот на општината.
 
Read more...
 
Амбасадорот на Франција Бомгартнер во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

Неговата екселенција амбасадорот на Република Франција во Македонија Сирил Бомгартнер оствари работна посета на Неготино во чии рамки остваривме заедничка средба во просториите на локалната самоуправа на која разговаравме на теми поврзани со унапредувањето на активностите за заживување на наставата по француски јазик во двете основни и средното училиште во општина Неготино. Во рамките на посетата, со амбасадорот Бомгартнер престојувавме во ООУ„Гоце Делчев“ кое е дел од регионалниот проект за заживување на наставата по француски јазик во образовните системи во земјите од Западен Балкан. За потребите на учениците од ООУ„Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ амбасадорот донираше интерактивна смарт табла која беше ставена во функција и која позитивно ќе влијае врз бројни аспекти во однос на учењето и развојот на учениците. Во знак на благодарност за донацијата од име на училиштето, учениците од 8-мо и 9-то одделение изведоа кратка пригодна програма.

Read more...
 
Дводневна антикорупциска обука за претставници од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Целта на оваа обука која е во организација на Центарот за граѓански комуникации и на која свои обраќања ќе имаат експерти од повеќе области е започнување процес на јакнење на капацитетите на претставници од општина Неготино и јавните претпријатија во делот на зголемувањето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните иснтитуции. Обуката е првенствено наменета за вработените во општината кои работат на прашања за антикорупција, интегритет, транспарентност, јавни набавки и други сектори кои се значајни за јакнење на интегритетот на локалните институции. Според агендата за работа на обуката, ќе бидат опфатени повеќе теми како што се важноста од борбата против корупција на локално ниво, клучните аспекти за спречувањена корупцијата, градење на механизми за превенција од корупција и мерки за нејзино спречување-се во насока на спречување на коруоцијата во јавните набавки. 
 
Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 2 of 314