Општина Неготино
Се врши санација на улиците „8-ми Ноември“ и „ЈНА“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино ги информира граѓаните дека врз основа на годишната Програма за работа во тек е санација на оштетувањата на асфалтот на 2 улици во градот. Имено, се санираат улиците  „8-ми Ноември“ и „ЈНА“ со цел за овозможување побезбедно одвивање на сообраќајот, како за моторизираните граѓани, така и за пешаците.

Read more...
 
Неготинската администрација чистеше смет на 2 локации во градот PDF Print
There are no translations available.

   И вработените во администрацијата од повеќе локални и државни установи од општина Неготино се вклучи во големата акција што се спроведува на територијата на цела држава. Од ѓубре и смет се расчистуваше просторот на 2 локации во нашиот град и тоа кај СРЦ Младост и просторот под хотел Парк. Сите ученици добија соодветна опрема, а поддршка во работна рака и механизација имаа од ЈП Комуналец. Акцијата е со цел за расчистување на расфрланиот смет на споменатите локации, почиста животна средина, но и за упатување порака за подигнување на еко свеста кај населението од општина Неготино.
Read more...
 
Еколошка акција "Администрацијата чисти" утре (Сабота) 14.12.2019 Со почеток од 0️9️ часот PDF Print
There are no translations available.

   Еколошката акција, „Администрацијата чисти" во Неготино ќе се одржи на две соседни локации во градот и тоа - околината под Хотел "Парк" и паркот на СРЦ "Младост"  За сите вклучени во акцијата обезбедена е и соодветна опрема- ракавици, ќеси (за отпад и пластика), маски.

 

 
ПРОДОЛЖЕН РОКОТ за наградниот конкурс(фотографии) „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,

Во врска со претходно доставениот повик за учество на конкурс на тема „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“, Ве известуваме дека рокот за доставување на фотографии од страна на учениците во средните училишта во Општина Неготино, Република Северна Македонија и Општина Алмопиa, Република Грција се продолжува и истиот трае до 13 декември 2019 година.

 
ПРОДОЛЖЕН РОКОТ за наградниот конкурс(цртежи и есеи) „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Во врска со претходно доставениот повик за учество на конкурс на тема „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“, Ве известуваме дека рокот за доставување на цртежи и есеи од страна на учениците во основните училишта во Општина Неготино, Република Северна Македонија и Општина Алмопиa, Република Грција се продолжува и истиот трае до 13 декември 2019 година.
 
Честит 8-ми декември-Ден на Св.Климент Охридски PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани!

Денес го одбележуваме 8 декемвриенот посветен на Св. Климент Охридски, една од најзначајните личности во македонската историја и еден од најважните светители во православната христијанска религија. Свети Климент бил ученик на Светите браќа Кирил и Методиј чие што дело го продолжил меѓу македонското словенско население. Климент бил еден од основачите на Охридската книжевна школа, еден од најстарите универзитети во Европа низ која поминале преку 3500 ученици. Станал првиот словенски епископ, па затоа се смета и како патрон на Македонската Православна Црква.

Општина Неготино до сите граѓани упатува честитки по повод денешниот празник.

 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 99 of 314