Општина Неготино
Поради дефект денеска (вторник) ќе има прекини во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

  Од ЈП Комуналец ги известуваат потрошувачите од Неготино кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека поради дефект на транзитен цевковод Ф 200 водоснабдувањето ќе биде во прекин на 14.01.2020 г. (вторник) се до санирање на дефектот.

 

 
Празнични активности во ООУ„Гоце Делчев“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   По повод Новата година и Божиќните празници во ООУ„Гоце Делчев“ беа организирани низа активности. На најмалите ученици од 1 до 5 одделение директорот на училиштето, Петар Мантев им додели новогодишни пакетчиња посакувајќи им најубави желби во Новата година. Дел од средствата за новогодишните пакетчиња беа собрани преку хуманитарна акција на ученичката заедница на Црвен крст, организацијата “Ротаракт“ - Неготино и други. Учениците од одделенска настава заедно со своите наставници го организираа традиционалниот Новогодишен базар во централното и подрачните училишта, преку кој покажувајќи ја својата креативност, ја збогатија празничната атмосфера.Во подрачните училишта во с. Тремник и с. Долни Дисан, исто така, се одржаа и Новогодишни претстави во кои заеднички уживаа и учениците и родителите, а пак нашите музички таленти им ги разубавија празниците на корисниците од Дом за стари лица. За учениците од 6 - 9 одделение беше организирана најубавата предновогодишна забава до сега со огномет и добра музика, а со своја изведба не почести и училишниот бенд. Од училиштето им се заблагодаруваат на сите кои се вклучија во реализацијата на активностите, но и на сите кои со своето присуство придонесоа кон збогатување на доживувањата.
Read more...
 
Среќна Нова 2020-та година PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани на општина Неготино!

Ако здравјето е најважно, среќата најпотребна, а љубовта и хармонијата неопходни, искрено посакувам сето тоа да биде дел од Вашиот живот во Новата 2020-та година. Исто така, во Новата година Ви посакувам многу незаборавни моменти на среќа, радост, успех и благосостојба заедно со Вашите најблиски. Празниците се денови за опуштање и релаксирање, па токму затоа сите заедно со нашите најблиски да ги поминеме во ведра и пријатна атмосфера и во весело расположение.

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА !

 
Градоначалникот Делков во посета на службите кои дежураа за Новата година PDF Print
There are no translations available.

   На неколку часови пред поклопувањето на стрелките на часовникот и преминот од 2019 во 2020 година, градоначалникот на општина Неготино оствари работна посета на службите кои за време на „најлудата ноќ во годината“ се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните на општината. Градоначалникот ја посети Полициската станица Неготино, зградата на локалната самоуправа и Итната медицинска помош при Здравствениот дом во Неготино, оствари средби со лицата кои се наоѓаа на своите работни места додека останатите граѓани прославуваа, им ги честиташе претстојните Новогодишни и Божиќни празници и во знак на внимание на 19 вработени кои дежураа им додели пригодни подароци.

Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 30.12.2019 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    триесетти и третата    редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.12.2019 година   (понеделник) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот

                       Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2020 година
2.    Предлог-  Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020 година
3.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2020 година  
4.    Предлог- Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во  2020 година
5.    Предлог –  Програма за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2020 година во општина Неготино
6.    Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2020 година
7.    Предлог- Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2020 година
8.    Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2020 година
9.    Предлог- Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2020 година  
10.    Предлог- Буџет на општина Неготино за 2020 година
11.    Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготина за 2020 година
12.    Предлог – Буџетски календар за 2020 година
13.    Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година  
14.    Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници даватели на услуги и директорот на ЈОУДГ Фемо  Кулаков Неготино за 2020 година
15.    Предлог- Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
16.    Предлог – Решение за давање согласност на Измената на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ  ,,Гоце Делчев ,, Неготино
17.    Предлог-  Мислење по однос на Статутот на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино
18.    Предлог- Мислење по однос на Програмата за изведување на екскурзии за учениците од ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
19.    Предлог -  Заклучок за усвојување на Годишната програма за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење ,,НЕГОТИНО,, Неготино за 2020 година
20.    Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
Градоначалникот Делков додели новогодишни пакетчиња за штитениците од „Порака“ PDF Print
There are no translations available.

   Во пријатна, ведра и претпразнична атмосфера и во весело расположение денеска во пресрет на дочекот на Новата 2020-та година градоначалникот на општина Неготино Тони Делков оствари посета и другаруваше со штитениците кои престојуваат во Дневниот центар за лица со хендикеп „Порака“ од Неготино. Посетата, градоначалникот Делков  ја искористи на околу 55 штитеници од кои 43 престојуваат во малите групни домови и над 10 кои живеат во своите домови да им подари новогодишни пакетчиња и да им посака и во наредната година да се гледаат, почитуваат и да си помагаат како што тоа беше пракса и во годината која полека изминува, а воедно им ги честиташе Новогодишните и Божикните празници. Штитениците и лицата кои се ангажирани да се грижат за нив се заблагодарија на подароците и изведоа кратка забавно-музичка програма.

 

Read more...
 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 97 of 314