Општина Неготино
Бесплатен превоз за жителите од населените места од општина Неготино за празникот „ Свети Трифун “ PDF Print
There are no translations available.

   По повод прославувањето на празникот на лозарите и винарите, односно за време на одржувањето на централната манифестација која ќе се случува на 14 февруари ( петок ), заедно со превозниците од општина Неготино Дајо Турс, Болеро, Бо-Трај и Си - мар обезбедивме бесплатен превоз за сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат да бидат дел од прославата. Ова го организираме со цел да им излеземе во пресрет на сите жители од населените места во општина Неготино, но и цел со која ќе обезбедиме побезбеден сообраќај во централното градско поддрачје. Сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на централната манифестација и да уживаат со добро вино, храна и музика испеана од македонските естрадни уметници се добредојдени, а тргнувањето ќе биде во 10:30 и 11:00 часот од автобуските постојки во

Пепелиште
Криволак
Тимјаник
Долни Дисан
Војшанци
Тремник.
 
Активности по повод Неделата на виното - Св.Трифун 12-14.02.2020г. PDF Print
There are no translations available.


View on YouTube
 
Недела на виното - Св. Трифун 2020 PDF Print
There are no translations available.

 
Хортикултурно се уредуваат жардинериите на булеварот „Маршал Тито“ PDF Print
There are no translations available.

   По уредувањето на жардиниерите на булеварот Маршал Тито во близина на СРЦ „Младост“, општина Неготино продолжи со хортикултурно уредување на истите. Имено, засадени се садници кои ќе го разубавуваат овој дел од градот.  Активностите кои се реализираат се во рамки на потпроектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.

Read more...
 
Засадени садници за раззеленување на повеќе локации во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со засадување на 76 садници од различни видови на повеќе локации во градот, во организација на општина Неготино денеска беше спроведена активност за раззеленување согласно Програмата за заштита на животната средина во неготинска општина. Садниците кои се засадија се набавени со средства од Буџетот на општина Неготино и истите беа засадени во паркот до зградата на локалната самоуправа, на градскиот плоштад, на потегот кај градската библиотка и на просторот кај Спомен-костурницата. Во активноста со механизација и работна рака се вклучија и вработени од ЈП Комуналец. Од локалната самоуправа се апелира до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат новозасадените садници. Со цел за зголемување на зелените површини,  во рамките на Програмата за заштита на животната средина за тековнава година се предвидени 3 пати повеќе средства за набавка на нови садници кои во 2020-та година ќе бидат засадени во градот и населените места во општина Неготино.

Read more...
 
Општина Неготино зема учество во проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“ PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставничката на МТСП Мабера Камбери и директорката на неготинската градинка Јана Коцева склучија договор за учество на општина Неготино во проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“. Проектот во нашата општина ќе започне да се спроведува од месец февруари во други просторни услови во селото Криволак каде што ќе престојуваат дечиња од македнска и од ромска националност со целодневен престој,а покрај постоечките воспитувач и негувател ќе биде ангажирана и една негувателка од ромската заедница. Целта на проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ во општина Неготино е отстранување на постоечките бариери за пристап до предучилишните установи на ромските дечиња на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.

Read more...
 
<< Start < Prev 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Next > End >>

Page 94 of 314