Општина Неготино
Акција за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, а во рамки на препораките од страна на Министерството за здравство, во текот на денешниот ден општина Неготино спроведе акција односно обезбеди хуманитарна помош ( средствa за лична хигиена ) за ранливитe категории на граѓани од општината и истите им беа доделени.
Во акцијата која денес беше спроведена во населеното место Војшанци беа вклучени десетмина волонтери поделени во пет тимови меѓу кои беа и советниците од Советот на општина Неготино.
Општина Неготино ќе продолжи со спроведување на оваа акција и следните денови во населените места Криволак и Пепелиште.
 
 
Read more...
 
Градскиот пазар во Неготино се затвора на неопределено време PDF Print
There are no translations available.

  Градскиот пазар во општина Неготино од  24.03.2020 ( вторник ) година ќе биде затворен за сите трговци и посетители. Ова денес Советот на општина Неготино  го усвои на вонредна седница со што градскиот пазар ќе биде затворен на неопределено време за што дополнително ќе биде соопштено кога повторно ќе биде отворен. Оваа одлука Советот ја донесе врз основа на  препораките од страна на Министерството за здравство за заштита и превенција од корона вирусот. Со цел спречување на ширење на корона вирусот се апелира на задолжително почитување на оваа одлука од страна на пазарџиите но и од страна на граѓаните на општина Неготино.
Read more...
 
Извршена е дезинфекција на улици, јавни површини и урбана опрема во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за заштита на здравјето на граѓаните во општина Неготино, а во рамки на препораките од Министерството за здравство на Р. С. Македонија, екипи од ЈП „ Комуналец “ заеднички со ТППЕ Неготино, денес но и изминатиот период извршуваат миење и дезинфекција на улици, урбана опрема, корпи за отпадоци на повеќе локации во град Неготино.
Во текот на денешниот ден извршена е и дезинфекција во населено место Војшанци, а во следните денови ќе се извршува дезинфекција и во останатите делови од градот но и населени места во општина Неготино.
Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во општина Неготино се со цел да се подигне нивото на јавна хигиена, но и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.
 
Read more...
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат потрошувачите од Неготино дека поради сериозноста  на дефект на главен цевковод    Ф 315 кон Неготино и санирање на истиот можно е да се јават прекини во водоснабдувањето и денес во периодот од 10 до 15 часот на 19.03.2020 г. (четврток).
Молиме за разбирање.

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
19.03.2020 г.

 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

Се известуваат потрошувачите од Неготино дека поради санирање на дефект на главен цевковод   Ф 315 кон Неготино можно е да се јават прекини во водоснабдувањето во периодот од 10 до 15 часот на 18.03.2020 г. (среда).
Молиме за разбирање.

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
18.03.2020 г.

 
Помош на мобилните тимови на Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Помошта на мобилните тимови на Општина Неготино ќе се состои од:

Помош за набавка на намирници
Подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето
Плаќање на сметки

Активноста започнува од утре 17.03.2020 (Вторник)

Сите граѓани кои имаат потреба од ваквите услуги да се обратат на телефонските броеви

070/ 407-827
043/ 361-045

 

 

 
<< Start < Prev 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Next > End >>

Page 90 of 314