Општина Неготино
Екипата на “Revolution Development” од Неготино победник на меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов 2022” PDF Print
There are no translations available.

Синоќа (04.08.) на терените на спортскиот комплекс “Младост” заврши 3-тото по ред издание на меморијалнит турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов” кое оваа година изобилуваше со квалитетен фудбал и неизвесни натпревари. Како увертира на големото финале најпрво беше одигран натпреварот во конкуренција на ветерани помеѓу екипите на ПС Комерц од с.Корешница и Ѓоко Вешки од Д.Дисан кој заврши со резултат 4:2, а веднаш потота и напреварот за третото место помеѓу екипите на Комбиниери од Росоман и Црна Река од Кавадарци, кој беше решен дури по изведувањето на пенали со резултат 4:2 за екипата од Росоман. Големото финале помеѓу екипите на “Revolution Development” од Неготино и Бучин Грижо Сникерс од Прилеп кое изобилуваше со добар фудбал и интересни моменти, во неизвесна завршница по изведувањето на пенали го доби домашната екипа со резултат 8:7.
Конечен пласман и најдобри поединци на турнирот:
1 место: Revolution Development од Неготино, награда од 70.000 денари
2 место: Бучин Грижо Сникерс од Прилеп, награда од 40.000 денари
3 место: Коминиери од Росоман, награда од 20.000 денари
4 место: Црна Река од Кавадарци, награда од 10.000 денари
Најдобар играч на турнирот е Марјан Илов од Revolution Development,
Најдобар стрелец е Ѓорѓи Стрезоски од екипата на Бучин Грижо Сникерс од Прилеп
Најдобар голман е Оливер Велески од екипата на Бучин Грижо Сникерс од Прилеп
Целокупниот награден фонд беше обезбеден од општина Неготино, а за одличната организација на тунирот свој придонес дадоа и повеќе правни субјекти од бизнис секторот од општината.
Турнирот беше одлично посетен од граѓаните на општината и пошироко, што уште еднаш потврди дека на Неготино му се потребни спортски настани од ваков карактер. Од здружението “Крсте Велјанов” кое беше одличен организатор на турнирот упатија огромна благодарност до општината за големата поддршка и најавија уште помасовен и поинтересен турнир за наредната година. 

Read more...
 
Сите дечиња од Тремник ќе бидат згрижени во градинка PDF Print
There are no translations available.

   Во тек се активности за реновирање на новиот, просторно далеку поголем од постоечкиот, објект на детската градинка во селото Тремник. Како што информира директорката на градинката „Фемо Кулаков“ од Неготино Нада Најдова, станува збор за реновирање и оспособување за престој на дечиња во простории со поголема површина од досегашната, со што пак ќе се создадат услови за згрижување на сите дечиња од Тремник, без листи за чекање. Исто така, директорката Најдова додава дека од денеска (1-ви август) во функција се ставени новите реновирани занимални во клонот „Мајски цвет“, со што дечињата кои привремено престојуваа во клонот „Темјанушка“ за време траењето на реновирањето, повторно се згрижени во „Мајски цвет“.

Read more...
 
Во среда (27.07.2022г) ќе се изврши второ прскање против комарци во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Согласно годишната Програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план, Општина Неготино во среда на 27-ми овој месец ќе спроведе активности за второ по ред прскање против комарци. Се информираат жителите дека адултната дезинсекција со машинско прскање поради запрашување од комарци ќе се изврши во среда почнувајќи од 20,00 до 05,00 часот наутро. Се апелира до граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.
 
Се реновираат занималните во клонот „Мајски цвет“ во неготинската градинка PDF Print
There are no translations available.

  Во Јавната установа за деца – Општинска детска градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино, конкретно во клонот „Мајски цвет“, во моментов течат активности за реновирање на занималните во кои што престојуваат децата на возраст од 9 месеци до 3 години. Покрај занималните, се реновира и ходникот во овој дел на градинката. Додека течат работите, децата од овие групи се сместени и престојуваат во објектот „Темјанушка“, се додека просториите во „Мајски цвет“ не се прилагодат за нивно враќање и престој во истите.

Read more...
 
Јавен повик за основање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Советот на Општина Неготино на седницата одржана на ден 31.05.2022 година донесе Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино и тоа: урбани заедници во градот и месни заедници во населените места.
На истата седница Советот донесе и Правилник за работа на облиците на месна самоуправа во општина Неготино.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат интерес за основање на урбана заедница/месна заедница да поднесат иницијатива за основање до Советот на општина Неготино.
Иницијативата за основање задолжително треба да содржи : подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање , образложение за потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани и истите да се поднесат до Архивата на Општина Неготино најдоцна до 10.09.2022 година.
Во прилог :
-    Одлука бр.08-395/4 од 31.05.2022 година
-    Правилник бр. 08-395/5 од 31.05.2022 година и
-    Одлука бр. 08-760/6 од 28.12.2066 година  
 
Започна санација на ударните дупки на улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Работници на градежното претпријатие Градба промет од Кавадарци со асистенција на претставници на стручните служби на општина Неготино од денеска започнаа со активности за санација на ударните дупки на улиците во Неготино. Ќе бидат опфатени сите улици на кои се регистрирани оштетувања, а ќе се постапува и по пријавите од граѓани на Моја патрола. Активностите започнаа со гребење на асфалтот на улиците на кои има ударни дупки, по што следува нивно асфалтирање. Се очекува овие активности да се одвиваат во наредните 15 денови.  

Read more...
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 8 of 314