Општина Неготино
Се санираат последиците од дождовите во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   По обилните дождови кои изминатата недела ја зафатија општина Неготино , деновиве екипи на локалната самоуправа, механизација на ЈП „ Комуналец “ Неготино и фирмата „ Градба Промет “ Кавадарци излегоа на терен и извршија санација на оштетни делови од улици како и чистење на истите.
Имено, санација беше извршена на улица во близина на Градска порта и Урбана заедница 5.1, беше извршено и комплетно чистење на улица 4 Јули, локален пат село Криволак, улици во село Тимјаник, село Пепелиште, а во следните денови ќе се интервенира и на патниот правец Долни Дисан – Горни Дисан.
 
Read more...
 
Во тек се активности во рамки на ПЛРК под проект „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ PDF Print
There are no translations available.

Во рамки на проектот ПЛРК под проект „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ во тек се активности  за разубавување и овозможување поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции како и поставување автентични обележја.
Имено на градскиот плоштад во тек е изградба на летниковец со лозов насад и други автентични обележја, поставување на монтажни куќички за продажба на локални производи, а се врши и уредување на подрумскиот дел од ТИЦ „ Желкова куќа “ во т.н. винска архива.
Под проектот е финансиран од ЕУ и администриран преку Светска Банка.
Read more...
 
Честит празник Илинден PDF Print
There are no translations available.


Почитувани граѓани, 

Ми претставува голема чест и задоволство да Ви го честитам големиот национален празник Илинден, но и христијанскиот празник „ Свети Илија “. 

2 август 1903 година и 1944 година се двата најсветли денови од македонската историја за македонскиот народ. Овие два светли датуми не обврзуваат сите нас да ја чуваме слободата и независноста на нашата држава за која се бореле нашите херои. 

Нека ни е честит празникот, да сме живи и здрави  !!!
Честит Илинден !!!
 
Честитка по повод Курбан Бајрам PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Дозволете ми од мое лично име но и во име на Општина Неготино, на сите граѓани од Исламска верска заедница , да Ви упатам искрени честитки по повод големиот верски празник Курбан Бајрам со желби за многу здравје, среќа и многу успеси.
Курбан Бајрам е празник на хуманоста, солидарноста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Вредности кои треба да претставуваат водилка кон градењето на општество во кое сите сме еднакви и рамноправни.
Овие празнични денови нека Ви донесат мир, меѓусебно почитување, толеранција, солидарност и истите Ви посакувам да ги поминете во добро празнично расположение со вашите најблиски.

Честит Курбан Бајрам !
 
Вонредна седница на Советот на општина Неготино 30.07.2020 година PDF Print
There are no translations available.

                             Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на дванаесеттата вонредна  седница на Советот на општина Неготино


    Вонредната седница ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино   на ден 30.07.2020 година ( четврток) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот :

1.    Предлог – Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за подршка на проект
2.    Предлог – Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас за водотекот во опфат на АУП за формирање на градежни парцели согласно општ акт за с. Долни Дисан, општина Неготино на КП 1383 , 1384, 1372, 3845, 3847, 3851, 3852 и дел од 3853 КО Долни Дисан  
3.    Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за користење на јавни површини и тераси  
4.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација
5.    Предлог- Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино од сите ризици и опасности
6.    Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука за утврдување на тарифи за вода за пиење и тарифи за собирање и одведување на урбани отпадни води за регулиран период 2012-2023 година на ЈП Комуналец Неготино
7.    Предлог – Решение за давање согласност на измена на годишниот план за вработување за 2020 година на општина Неготино
8.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
9.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
10.   Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “  Неготино
11.   Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2021 година на ООМУ„ Владимир Арсовски “  Неготино
12.   Предлог- Заклучок за уссвојување на Годишниот извештај за работа на Центар за развој на ВПР
13.   Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на програмата на Центар за развој на ВПР
14.   Предлог – Одлука за давање на согласност на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
 
Поради дефект на главниот цевковод, ќе има прекини во водоснабдувањето PDF Print
There are no translations available.

   Поради нарушено водоснабдување од главниот цевковод од Кавадарци спрема Неготино, а докажано со употреба на мобилни мерачи, констатирано е дека на потегот од Ваташа до спортска сала во Кавадарци има дефекти на главниот цевковод што придонесува за загуби на количини од 10 литри вода во секунда. Поради тоа, од локалното комунално претпријатие ги информираат граѓаните дека до пронаоѓањето и отстранувањето на дефектите ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 11:00-13:00 часот. Ваквата состојба ќе биде присутна  се до отстранувањето на дефектите, што пак ќе придонесе за стабилизирање и подобрување на водоснабдувањето. Од Комуналец ги замолуваат граѓаните за разбирање и препорачуваат рационално трошење на водата за пиење, а за наводнување на дворните површини да ја користат водата од каналската мрежа.

 

 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 67 of 314