Општина Неготино
ПОКАНА за учество на информативни денови за граѓаните - Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

ПОКАНА
за учество на информативни денови за граѓаните - Општина Неготино


Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на двата информативни денови наменети за граѓаните на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдување“ кои ќе се одржат на 8ми и 9ти октомври 2020, со почеток во 11:00 ч. во хотел Памела, општина Неготино.
Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10:30 ч.

Првиот инфо ден ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општината г – н Тони Делков, додека одговорното лице на проектот ќе даде пресек на проектните активности. Понатаму, експертот за биодиверзитет и води ќе даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата.
Вториот инфо ден ќе даде преглед на расположивите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино.

Со цел подобра организација Ве молиме потврдете го Вашето присуство на 078-344-904 или на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 14:00 часот на 06 октомври 2020 година.

Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella). Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e  општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е  Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4  е  ЈП ,,Комуналец“, Неготино.

Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе присуствувате на информативните денови, останувам со почит,     

АГЕНДА

 

 
Инфо ден - „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област” PDF Print
There are no translations available.

                              ПОКАНА
За учество на информативен ден – Општина Неготино

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија” , во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo организира инфо ден кој ја обработува темата „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област”.
Биомасата има значително место во енергетскиот биланс на Република Северна Македонија. Биомасата особено е застапена во домаќинствата, со задоволување на 30–33% од вкупните потреби од енергија. Околу 430.000 домаќинства (76%) користат биомаса за затоплување. Од вкупната биомаса која што се користи за енергетски потреби, дрвото и дрвениот јаглен заземаат 80%.

Овој инфо ден е дел од повеќето планирани активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на третиот инфо ден на тема „Локални потенцијали за производство на енергија од биомаса во Општина Неготино и во прегураничната област”, кој ќе се одржи на 07.10.2020 (Среда) во Хотел Памела, со почеток од 10:45 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.

АГЕНДА

 
Увид при работа на терен - изградба на нова детска градинка PDF Print
There are no translations available.

Градежните активности овде се одвиваат со предвидената динамика, каде се очекува да се заврши со работа до крајот на годината, односно месец Декември. Потоа ќе следи внатрешно, партерно уредување и изградба на мал парк во склоп на детската градинка. Овој нов објект ќе има вкупно 9 занимални со капацитет за 168 дечиња.

Read more...
 
Започна новата учебна година PDF Print
There are no translations available.

Драги ученици,
Денес започнува новата учебна година, Ви посакувам среќен и успешен нов почеток!

 
Од 1 до 30 октомври на АП „ Криволак “ ќе се изведуваат вежбовни боеви активности PDF Print
There are no translations available.

  Поради безбедносно извршување на планирани гаѓања, Командата на гарнизон Криволак го известува месното население од општините кои гравитираат околу АП „ Криволак “ ,  дека во периодот од 01.10.2020 до 30.10.2020 година , во реоните Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик, Алајка, Кур Тепе, Штраклево и Енешево ќе се извршуваат вежбовни и боеви активности.
Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани  проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколу се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП „ Криволак “ или СВР Штип, ПС од ОН Неготино – ПС од ОН Кавадарци и ПС Градско.
Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно Законските прописи на Армијата како и обезбедени со физичко обезбедување.

 
Честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Дозволете ми од мое лично име но и од име на Општина Неготино да Ви го честитам денешниот ден 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците со желби за многу здравје, успех и благосостојба на секое поле во општественото живеење.
Општина Неготино и понатаму ќе продолжи да ги почитува културата и обичаите на сите етнички заедници, бидејќи само заедно сплотени и единствени почитувајќи ги различностите ќе можеме да изградиме посреќна и просперитетна држава.
Честит 28 Септември, Меѓународен ден на Бошњаците !!!
 
<< Start < Prev 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Next > End >>

Page 62 of 314