Општина Неготино
Редовен координативен состанок на кризниот штаб на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Кризниот штаб на општина Неготино одржа редовен координативен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци и препораки кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Согласно донесените одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија,  Кризниот штаб во координација со ОВР Неготино и ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино ги разгледаа состојбите на територијата на општина Неготино односно дискутираа за нивото на почитување на мерките.
 Согласно дискусиите беа донесени следниве заклучоци и препораки :
Се препорачува на такси компаниите од општината кои вршат јавен превоз до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино на лица позитивни или лица сомнителни на Ковид 19 во своите возила да вршат задолжителна дезинфекција. Исто така се препорачува сите такси компании во своите возила да извршат монтажа на паравани со кои ќе се оддели возачот на такси возилото од патниците;
 ОВР Неготино ќе ги засили контролите и санкциите кон граѓаните кои ќе ги прекршуваат забраните за групирање на лица на јавен простор како и непочитување  на одлуката за носење на заштита маска на јавен простор;
 Се препорачува,  ЈП „ Комуналец “ Неготино да го намали бројот на тезги на градскиот пазар, односно да направи реогранизација на тезгите со поместување на растојание, односно да се редуцираат само за продажба на земјоделски производи;
 Се препорачува, ЈП „ Комуналец “ Неготино да продолжи со редовно миење на градскиот пазар и сите улици во градот, како и редовно вршење на дезинфекција на истите;
 Согласно добиените информации од надлежните, со зголемување на бројот на позитивни лица од Ковид 19, но и пациенти со симптоми, се намалува бројот на болнички капацитети за згрижување на истите.  Општина Неготино ја разгледува можноста за зголемување на капацитетите за згрижување на болните односно искористување на објект кој е под ингеренција на општината, а кој би се ставил во функција за згрижување на болни од Ковид 19 од општина Неготино;
  Се препорачува , граѓаните кои се во самоизолација или Ковид 19 позитивни, личниот отпад ( марамчиња за еднократна употреба, маски, ракавици) како и останатиот отпад од домаќинствата да го одлагаат безбедно во кеси за ѓубре за еднократна употреба и истите да ги спакуваат во втора вреќа за отпадоци и соодветно да ги фрлаат во контејнер за отпадоци;
 Општина Неготино ја разгледува можноста за ангажирање на десеттина лица од општината кои ќе бидат во служба на Општинскиот кризен штаб за справување со Корона пандемијата во градот;
 
Во Неготино ќе се одржи петтиот инфо-ден од проектот ЕНПОЛ-ЕЕ PDF Print
There are no translations available.

   Како дел од проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира петтиот и последен  инфо ден кој ја обработува темата „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години”.

Петтиот инфо ден ќе се одржи на 17.11.2020 (вторник) во НУ Центар за култура – Ацо Ѓорчев, Неготино, со почеток од 10:50 часот.

 
ПОКАНА PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
    Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC Грција-Р.Северна Македонија”,во периодот од 2014 – 2020 година,,
 Општина Неготинo го организира петтиот инфо ден кој ја обработува темата „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години”.
    Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот. За таа цел Ве покануваме да присуствувате на петтиот и последен инфо ден на тема: „Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години” кој ќе се одржи на 17.11.2020 (вторник) во Центар за култура – Ацо Ѓорчев, Неготино, со почеток од 10:50 часот.
    Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним „ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.
Агенда
 
Во неготинскиот Музеј поставена изложба на слики од уметници од Неготино и Кавадарци PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве во изложбениот салон на општинската установа Музеј на град Неготино поставена е ликовна изложба со дела изработени во рамките на ликовната колонија Неготино – 2020 година. Како што информира директорката на Музејот Драгица Чекоровска, на изложбата се поставени вкупно 32 дела создадени од ликовни уметници од регионот на Неготино и Кавадарци. Заради присутната пандемија од Ковид 19, оваа година ликовните уметници кои учествуваа на колонијата сопствените дела ги твореа во домашни услови.

 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

   Ги известуваме граѓаните и НВО секторот, дека во тек се подготовки на предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година.
Поради пандемијата од Корона вирусот во земјава ,а со цел за зачувување на јавното и колективно здравје на граѓаните, оваа година , Општина Неготино нема да организира јавни средби со граѓаните, претставници на месните заедници и НВО секторот пред донесувањето на Буџетот на општината.
Затоа, Ве повикуваме сите заинтересирани да дадете свој предлог, идеја или препорака за реализација кои сметате дека се приоритет во вашето место на живеење за истиот да се реализира во тековната 2021 година.
Вашите идеи, препораки и предлози може да ги доставите по електронски пат со пополнување на анкетниот прашалник на следниот линк:https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfZgJoHPZEYfZVuGjWCfbGgIiFFLB4CE2Hu-PJOAHd4JRDZ-A/viewform?fbclid=IwAR1fo3cAvgSb0RwhuZ5zjH6r4yi0-1POLvEAjfcIXiux23XD51Ho24k9Mvk
или на емаил : This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 16.11.2020 (понеделник) година и да дадете свој придонес во донесуваањето на одлуките на локално ниво.
Предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година ќе бидат дадени за усвојување на Советот на Општина Неготино.

 

 
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Print
There are no translations available.

 Се известуваат потрошувачите од улииците:„ЈНА“, „Марксова„ „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, Пиринска“, Вардарска“„Ѓоко Мишев“ „Вано Ташев“„Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“ „Илинденска“дел од „Ќиро Крстев“ дека поради дефект на улична водоводна линија на ул.„Пиринска“ денес 11.11.2020 (среда) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09ч. до санирање на дефектот
Молиме за разбирање

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
11.11.2020г.
 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 58 of 314