Општина Неготино
Општина Неготино донираше 100.000 денари за Ковид дневното одделение во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Поради состојбата со пандемијата од Корона вирусот во државата , Општина Неготино годинава одлучи дел од средствата кои беа предвидени за украсување на општината по повод Новогодишните празници, да ги донира за Ковид одделението во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино. Oваа одлука едногласно ја донесе и Советот на општината на својата петнаесетта вонредна седница, со што општина Неготино ќе донира 100.000 денари за потребите на Ковид дневното одделение во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино. Имено, Општина Неготино годинава ќе направи скромно украсување на градот со материјалите кои ги има набавено од претходните години, со што ќе придонесе барем малку позитивно да се чувствуваат граѓаните во текот на Новогодишните празници .
 
Преку електронско јавно наддавање ќе се отуѓува градежно неизградено земјиште PDF Print
There are no translations available.

  Општина Неготино преку електронско наддавање ќе отуѓува градежно неизградено земјиште сопственост на државата со намена А-1 индивидуално домување. Станува збор за продажба на 4  парцели со површина од 426, 250, 400 и 416 метри квадратни со почетна цена на продажба од 61 денар за метар квадратен. Сите заинтересирани физички и правни лица пријавите за учество на јавното наддавање можат да ги достават до 23.12.2020 година електронски на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk , а јавното наддавање ќе се одржи електронски на 25.12.2020 година во 10, 11, 12 и 13 часот за секоја парцела одделно

 
Хортикултурно уредена дворната површина на ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година која се реализираше преку Генералниот секретаријат на Владата, Општина Неготино доби 495.000 денари за реализација на проект. Имено, со овие средства хортикултурно се уреди и реконструира  дворна површина во ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино. Посадени се 265 листопадни, зимзелеми дрвца како и грмушки од различни видови, а инсталиран е и систем за наводнување на истите.
 
 
Read more...
 
Со сопствени средства Здравствен дом Неготино обезбеди ново санитетско возило PDF Print
There are no translations available.

   Од Здравствениот дом Неготино информираат дека и натаму продолжуваат со максимална одговорност, опременост и ангажирање на целокупниот здравствен персонал да излегуваат во пресрет на потребите на населението од општините Неготино и Демир Капија.
-За таа цел, заради дотраеност на постоечките, а зголемена потреба од санитетски возила, успеавме со сопствени средства да извршиме набавка на ново санитетско возило кое веднаш се става на потребите на населението. И покрај зголемениот број Ковид-позитивни во нашата општина, ние успеваме да се носиме во секој поглед со огромниот предизвик-потенцираат од неготинскиот Здравствен дом апелирајќи до населението за почитување на превентивните заштитни мерки.
 
Известување од ЈП „ Комуналец “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

Ги известуваме сите граѓани кои живеат на улиците : „ЈНА“, „Марксова “ „25 Мај “, „ Кирил и Методиј“,„ Борис Кидриќ “, „ Пиринска “, „ Вардарска “, „ Ѓоко Мишев “ ,  „  Вано Ташев “, „ Вељко Влаховиќ “, „ Едвард Кардељ“ , „ Илинденска “ и дел од „ Ќиро Крстев “ дека поради дефект на улична водоводна линија денес 23.11.2020 (понеделник) , ќе имаат прекин во водоснабдувањето се до санирање на дефектот.
Молиме на разбирање !!!
 
Одржан петтиот инфо ден во рамки на проектот „ ЕНПОЛ – ЕЕ “ PDF Print
There are no translations available.

   Денес во општина Неготино, односно во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ се одржа петтиот, а воедно и последен информативен ден на тема „ Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години “.
Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина“  со акроним „ ENPOL – EE “, а се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, СОУ„ Св.Кирил и Методиј “ Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Имено, пред почетокот на инфо денот беа доделени 600 зимзелени садници на сите кои земаа учество на отворениот повик „ Награди за најдобри енергетски практики “ кој беше објавен на официјалниот веб сајт на општина Неготино, но и останати граѓани од општината кои земаа учество на настанот.
 
 
Read more...
 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 57 of 314