Општина Неготино
Подрачното училиште во Д.Дисан добива нова фасада PDF Print
There are no translations available.

   Во завршна фаза се градежните активности за поставување нова фасада на целиот објект на подрачното училиште во Д.Дисан на површина од 680 м2. Станува збор за проект кој се реализира согласно јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија за енергетска ефикасност на кој одделението за локален економски развој при општина Неготино аплицираше и согласно рангирањето за нашата општина беше издвоен износ од 1.500.000 денари за реконструкција на фасадата на подралното училиште. Директорот Петар Мантев истакнува дека работите се одвиваат согласно утврдената динамика и се очекува комплетниот проект да заврши до крајот на тековнава година, по што подрачното училиште во Д.Дисан ќе добие сосема нов и модерен лик. Инаку, во ова училиште во изминатиот период беше поставено парно греење во сите простории, обновен е дворот со бекатон коцки и постоечките спортски реквизити, а извршена е и реконструкција на тоалтетите.

Read more...
 
Во Музејот на град Неготино се одржа концерт на „Пијано трио“ PDF Print
There are no translations available.

 Деновиве во Музејот на град Неготино се одржа концерт на ПИЈАНО ТРИО во состав:- Весна Ангелова Христов-пијано, Момчило Куфојанакис-виолина и Марјан Ивановски-виолончело, а по повод одбележувањето на 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (1770-1927), подржан од страна на Министерството за култура на РСМ.
Програма: БАГАТЕЛИ оп.119 (избор)
Л.В.Бетовен ПИЈАНО ТРИО оп.1. бр.1
Allegro
Adagio Cantabile
Scherzo-Allegro Assai
Finale-Presto
Циклусите „Багатели“, иако мал дел од неговиот опус, претставуваат своевиден лирски дневник на овој автор. Багатела претставува мала инструментална пиеса. За прв пат називот е искористен за циклус пиеси на Ф. Купрен. Багателата како вид на лирска пиеса е особено развиена од Лудвиг Ван Бетовен.
Концертот се одржа според протоколот  за заштита од КОВИД-19 со ограничен број на посетители, одржување дистанца, дезинфекција на раце и задолжително носење заштитна маска.

 
 
Распределени 8000 заштитни маски до институции и граѓани на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.


Општина Неготино ги распредели 8000 заштитни маски кои фирмата „ Зока Енерџи Солушн ДООЕЛ “ Неготино ги додели за заштита од ширењето на пандемијата со Ковид 19 во нашата општина . Имено беа донирани:

- 2000 заштитни маски на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино

- 2000 заштитни маски доделени на граѓаните на општина Неготино

- 1000 маски за локална самоуправа

- 1000 маски на ЈП „ Комуналец “ Неготино

- 500 маски на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино

- 250 маски на Музеј на град Неготино

- 250 маски на Центар за социјални работи Неготино

- 250 маски на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино

- 250 маски на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино

- 250 маски на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино

- 250 маски на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино


Read more...
 
Честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски PDF Print
There are no translations available.

Почитувани,
Дозволете ми на сите верници од православна вероисповед да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Свети Климент Охридски.
Kако најистакнат ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, ја продолжил мисијата на православието, солидарноста и јакнењето на христијанскиот дух и вредности кај луѓето и нивно подучување и описменување.
Свети Климент Охридски е основач на Охридската архиепископија, првепископ, основоположник на Охридската Книжевна школа и творец на кириличното писмо, втемелувач на старословенскиот јазик како службен јазик на православната црква.
Нека ни е честит празникот и за многу години.
 
Донација од 8000 заштитни маски за Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со Корона вирусот во нашата држава, а посебно во нашата општина, комапнијата Зока Енерџи Солушн ДООЕЛ Неготино донираше 8000 заштитни маски за Општина Неготино. Од мое име но и од име на општината, упатуваме огромна благодарност за оваа донација, а како општина маските ќе ги пренасочиме до граѓаните и институции во нашата општина.

Read more...
 
До 31 декември ќе се врши аеро-фото снимање на армискиот полигон Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население дека во периодот до 31 декември 2020 година ќе се реализира активност за аеро-фото снимање од воздух на армискиот полигон Криволак. Токму затоа, се  соопштува на населението од општините кои гравитираат околу армискиот полигон во повеќе реони во наведениот период, дека се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во овие реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства,  истите да се одбележат и да се известат надлежните армиски и полициски органи. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат активностите ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи, како и обезбедени со физичко присуство.

 
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>

Page 56 of 314