There are no translations available.
По спроведувањето на постапката со објавување оглас за доделување договор за јавна набавка, изборот на најповолен понудувач и склучувањето на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата изведувач на работите „Градба промет“, извршен е вовед во работа за изградба на патен правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри. Вкупната вредност на проектот изнесува 22.421.888 денари. Изведувачот на работите е должен да отпочне со извршувањето на работите во предходно определен рок по издавањето на писмен налог од овластено лице од општина Неготино и има обврска работите на патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри да ги заврши во рок од 150 дена. За надзор на овој проект е одредена фирмата “МГ ПРОЕКТ” ДООЕЛ - Скопје, согласно годишниот договор за вршење на надзор при изведба на инвестицииски објекти и други градежни активности |
|
There are no translations available. Во рамките на реализацијата на проектот „Одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавните комунални претпријатија во 4 општини, меѓу кои и Неготино, општина Неготино склучи договор со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со кој Центарот аплицираше до Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој за набавка на специјализирано возило за смет. Јавната набавка на комуналното возило ја спроведе Центарот за развој на Варадрскиот плански регион и истиот како носител и општина Неготино како партнер во проектот ги завршија сите активности за имплементација на проектот. Со овој проект, за општина Неготино се набави специјализирано комунално возило за собирање на смет со капацитет од 8м3 со вредност од околу 5.000.000 денари, кое од денеска е наменето за потребите на ЈП„Комуналец“ од нашиот град со единствена цел за одржување на чиста и здрава животна средина. |
Read more...
|
There are no translations available. Општина Неготино објави тендер за реконструкција на улица во село Војшанци во должина од околу 300 метри. Станува збор за улица која се поврзува од регионалниот пат со мостот во самото село и истата ќе биде со ширина од 5,5 метри, со поставување на асфалтен слој, а ќе се преземат и градежни активности за одводување на водите. По завршувањето на тендерот и изборот на најповолната понуда, ќе започнат работите на терен со рок за изведување од 30 денови. |
There are no translations available. Празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ годинава ќе биде одбележан скромно и со редуцирани содржини и настани, без масовни собирања и со строго почитување на здравствените протоколи за заштита од пандемијата од Ковид 19. Една од активностите ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители на кој право на учество имаат сите производители кои во периодот до 10-ти февруари (среда) 2021 година ќе ги достават потребните мостри на ракија и вино произведени 2020 година. Истите можат да се достават во зградата на општина Неготино на трети спрат кај лицето Дени Трајков, а заинтересираните информации можат да добијат на тел. број 078-822-292 во периодот од 08 до 16 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија од членови на Здружението на енолози, а за производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија. |
There are no translations available. По потпишувањето на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата изведувач на работите „Нет инвест груп“, извршен е вовед во работа за реконструкција на внатрешноста на спортската сала „Младост“ во нашиот град. Со реконструкцијата е предвидена замена на подната и sидната керамика во тоалетите, замена на подната керамика на сите влезови во салата и надворешните скали, замена на целата санитарна опрема, на оштетените врати и прозорци, како и боење и фарбање на sидовите и таваните. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а работите за реконструкција на внатрешноста на спортската сала треба да завршат во рок од 3 месеци. По завршувањето, спортската сала „Младост“ целосно ќе биде ставена во функција на користење на спортистите, спортските клубови и рекреативците, како и за одржување на разни спортски и други манифестации. |
Read more...
|
There are no translations available.
По повод големиот христијански празник Богојавление-Водици од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино на сите православни верници на Македонската Православна Црква им упатувам срдечни честитки, со најискрени желби за одлично здравје, успех, благосостојба и мир во душата. Во духот на овој голем празник, да го поттикнуваме најдоброто во нас и најдоброто кај нашите ближни и кај нашите сограѓани, бидејќи само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна општина Неготино. Затоа, на овој голем богојавленски празник да празнуваме и да се радуваме, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да не зближи уште повеќе во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден.
|
|
|
|
<< Start < Prev 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Next > End >>
|
Page 53 of 314 |