Општина Неготино
Исчистени улици во градот и патишта до населените места во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  По интензивните снежни врнежи, а согласно Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, стручните служби од општина Неготино во соработка со ЈП Комуналец кој на располагање стави скип, 2 трактори и работна рака, како и фирмата задолжена за одржување на улиците во зимски услови „Минт-инжинеринг“ со грејдер, утоварувач, камион и 2 булдожери пристапија кон расчистиување на улиците во градот и патиштата до населените места во нашата општина. Приотитет при расчистувањето беше даден на следните улици:- Маршал Тито, Фемо Кулаков, Индустриска, Партизанска, Јане Сандански, Ацо Аџи Илов, Пекарев, Борис Кидрич, Киро Крстев, Ленинова, Гоце Делчев, Даме Груев и Цандо Кожинков кои спаѓаат во приодно-влезни улици, со голем интензитет на сообраќај и кои го поврзуваат административниот центар. Веднаш потоа, на терен се пристапи кон расчистување и на улиците 29 Ноември, 11 Октомври, Никола Петров, Манчо Малиминов, Димче Мирчев, Васка Калајџиска, делови од Антигона, Едвард Кардељ, Вељко Влаховиќ, Вардарска, Пиринска, Ѓоко Мишев, Вано Ташев, Првомајска, Владо Арсов Шпанац, 8-ми Ноември, Илинденска, Кирил и Методиј, Браќа Миладинови, делови од населбата Саат-кула и други улици кои ги поврзуваат сообраќајниците од првиот приоритет. Паралелно, расположливата механизација и работната рака беа ставени во функција на расчистување и на патиштата до населените места во општината. Па така, расчистени се патните правци до Тимјаник, Д.Дисан, Војшанци, Дуброво, Тремник, Пепелиште, Криволак, Г.Дисан, Вешје, Калањево, Курија, Црвени Брегови. Екипите и понатаму ќе бидат континуирано присутни на терен и ќе интервенираат секаде каде што ќе се јави потреба од нивен ангажман.

 
Ј А В Е Н П О В И К за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи од Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации за 2021 година и Правилникот за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, донесен од страна на Советот на Општина Неготино, со бр. 08-119/3 од 27.02.2019 година, Општина Неготино објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за распределба на финансиски средства на спортски клубови /спортски сојузи
од Општина Неготино


1.  На повикот можат да се пријават:
    - Спортски клубови регистрирани на територијата на Општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)
   - Спортски сојузи регистрирани на територијата на општина Неготино (кои имаат седиште на територијата на Општина Неготино)

2.  Субјектите кои ќе се пријават на јавниот повик треба да поднесат:
    -   комплетна документација од извршена регистрација на клубот/сојузот;
    -   годишна програма за работа на кубот/сојузот;
    - апликативен формулар за доделување на средства во вид на пропишан образец (апликација) објавен на интернет страната на Општина Неготино;
   - доказ дека немаат блокирана сметка, односно доказ за активна наменска сметка, добиен од надлежна институција.

Read more...
 
Денес во работна посета на општина Неготино беа претставници од Јапонска Амбасада PDF Print
There are no translations available.

  Градоначалникот Тони Делков заедно со заменик Шеф на Мисија г. Такахаши Сатору денес направија увид на работите направени од грантот кој општина Неготино, односно ПУ „ Гоце Делчев “ Долни Дисан го доби од Јапонската Амбасада. Вредноста на грантот изнесува 30.463 евра  или 1.867.434 денари,  средства  со кои се изврши инсталација на ново парно греење со пелети во училиштето. Старите печки на дрва кои се користеа во училиштето сега се заменети со радијатори. Градоначалникот Делков се заблагодари до Јапонската амбасада за донацијата со што се подобрени условите за следење на наставата на  сто и дваесет ученици од прво до деветто одделение и наставници кои одржуваат настава во ова училиште. Инаку, општина Неготино период континуирано вложува во проекти за подобрување на образованието во општината , ги подобрува условите за современо дообразување и се стреми да ја направи модерна средина во која младите ќе продолжуваат да се развиваат на секое поле.
 
Read more...
 
Интензивни активности за расчистување на снегот во Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино , од синоќа со своја расположлива механизација се на терен и вршат расчисување на повеќе локации во општина Неготино. И во текот на денешниот ден ЈП „ Комуналец “ заедно со фирмата која има склучено договор со општина Неготино со своја механизација работат на расчистување на теренот.  Најпрво исчистени се главните улици во градот, а пробиени се патиштата до сите населени места, освен патот до село Курија, кој ќе биде приоритет во раните утрински часови до целосно пробивање на трасата Теренските активности за чистење на снегот ќе продолжат и во текот на наредните денови во согласност со потребите и временските услови. Од локалната самоуправа повикуваат на разбирање на жителите од населените места во однос на чистењето на улиците кое се врши по однапред изготвен план со приоритет и упатуваат апел до сите граѓани внимателно управување со своите возилата според условите на патиштата.

Read more...
 
Честит празник на лозарите и винарите „ Свети Трифун “ PDF Print
There are no translations available.

 Со традиционално закројување на винова лоза на плантажите во близина на село Курија, денес градоначалникот Тони Делков заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа го одбележаа празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун 2021“.   Согласно протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот , беше остварена и кратка работна средба на која градоначалникот и министерпт Хоџа разговаа за состојбата со лозарите од општината. Беше разговарано и за чекорите кои ќе ги преземат за наредната реколта за подобар откуп на грозјето на лозарите од општина Неготино.  
Нека  е честит празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун “ !!! 

Read more...
 
Се одржа е-презентација на тема „Производство на вина во домашни услови“ PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација„Недела на виното“ по повод празникот „Свети Трифун 2021“ општина Неготино реализираше е-предавање на тема „Производство на вина во домашни услови“. Согласно мерките и препораките за заштита од корона вирусот предавањето се одржа преку зум-платформа, а предавач беше м-р Игно Тасев. Во воведните напомени Тасев истакна дека од година во година интересот за производство на вина во домашни услови е се поголем, а со тоа се зголемува и потребата од стручни и релевантни информации за индивидуалните производители..Во делот на производството на вина во домашни услови, м-р Игно Тасев во своето обраќање говореше за разликите меѓу белите и црвените вина, текот на производство на виното, кои се најсоодветни садови и адекватен простор за негово производство, третманот на ширата пред ферментација, оксидацијата на виното, ензимите во производството на бели, црвени и розе вина, а презентираше и други информации кои можат да им бидат од помош и корист на индивидуалните производители при производството на вина во домашни услови. 

Read more...
 
<< Start < Prev 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Next > End >>

Page 50 of 314