There are no translations available.
Во организација на општина Неготино, Стопанската комора и Здружението Еко-вита се одржа презентација на можностите за производство на енергија преку искористување на земјоделски отпад, како на пример лозови прачки, гранки од праски, сливи и слично кои имаат висока калорична вредност од речиси 99 отсто, исто како и пелетите и брикетите. Идејата е преку нивно рециклирање да се дојде до искористување на земјоделскиот отпад преку 2 аспекта- енергијата која се губи во природата и заштита од заразни болести во лозарството преку собираање на заразени прачки кои потоа би се гореле. На тој начин, отпадот од виновата лоза и гранките од овошки, односно био маса, би се согорувал и претварал во топлинска енергија. За таа цел, беше претставен прото-тип на машина за рециклирање на отпадот кој би се собирал од земјоделските површини, истиот се складира во контејнери, се гори во индустриски печки и се добива топлинска енергија, а подоцна има можност и за електрична енергија. Свои излагања на презентацијата имаа експерти од оваа област, а со свои прашања и дискусии се вклучија и заинтересираните присутни на настанот. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Во дворот на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа промоција на монографијата насловена како “Хумана мисија и активно стареење“ по повод 10 години Клуб на пензионери-хуманисти “Анри Динан“ од Неготино и по повод 20 септември - Денот на пензионерите. Промоцијата започна со воведно излагање на Петар Стефанов во кое што го раскажа целиот пат и настани од основањето на клубот па се до денес. Почетоците се од 2010 година како предизвик од зголемувањето на бројот на волонтерите и јакнење на волонтерскиот капацитет, како движечка сила за имплементација на активностите насочени кон подобрување на животот на ранливите целни групи од заедницата. За таа цел Општинската организација на Црвениот крст, вклучувајќи се во Програмата за интензивна надградба на капацитети (ИНК) на Црвениот крст, својата активност ја насочи кон вклучување на волонтери од трето доба бидејќи тие со своето работно и животно искуство, желбата за волонтирање, хуманите капацитети и активирањето на разните видови хуманитарни ангажмани ќе придонесат за квалитетно и квантитативно јакнење на човечките ресурси во Црвениот крст. Идејата беше предочена во проект, изготвен од Александар Гичовски, професор по македонски јазик во СОУ “Св.Кирил и Методиј“ од Неготино, кој беше и усвоен од Црвениот крст на Македонија, поддржан и поткрепен со финансиска помош од 70.000, денари. Веднаш по усвојувањето на проектот, Извршниот одбор на Општинската организација на Црвен крст-Неготино определи лица за координација и комуникација во подготвителната фаза од реализацијата на проектот. За пензионерите е определен Петар Стефанов-член на Извршниот одбор, за младите-Александар Гичовски, а за комуникација со институции и фирми и за буџет-Блаже Настов-Секретар на Општинската организација на Црвен крст-Неготино.
|
Read more...
|
There are no translations available. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков изразува најискрено сочуство до семејствата на загинатите во пожарот кој ја зафати модуларната болница во општина Тетово во која се лекуваа болни од КОВИД 19, а на сите повредени им посакува брзо закрепнување. |
There are no translations available.
Покрај реконструкцијата на коловозот и тротоарите на улицата утврдено е дека е потребна замена на водоводната линија долж цела улица со приклучоци до самите објекти како и изградба на два дополнителни сливници за атмосферски води со кои ќе ги решиме проблемите кои најчесто се предизвикани од поројни дождови. По изведување на овие активности следува тампонирање и асфалтирање на целата улицата како и реконструкција на постоечките тротоари. Според утврдената динамика се очекува градежните работи комплетно да завршат до првата половина од месец октомври |
Read more...
|
There are no translations available.
Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков донесе решение со кое се формираше Комисија за проценка на штети предизвикани од суша која ги зафати земјоделските култури во месеците јули/август 2021 година на територијата на општина Неготино. Се повикуваат сите граѓани кои имаат претрпено материјална штета од природна непогода суша, истата да ја пријават во деновите 09,10 и 13 септември во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Неготино и со себе да носат лична карта и имотен лист. Комисијата ќе ја утврдува фактичката состојба на самото место и истата ќе состави записник за извршен увид на самото место. При утврдување на проценката на штетата, Комисијата ќе постапува согласно Единствената методологија за процена на штетите од елементарни и други непогоди и ќе изработи збирен извештај за проценетите штети на општина Неготино и ќе ги достави до Советот на општина Неготино.
|
There are no translations available. Почитувани, И годинава како и претходната, согласно мерките и препораките на надлежните институции но и моменталната ситуација со пандемијата од КОВИД 19, Советот на Општина Неготино на последната 52 редовна седница донесе Одлука со која се откажува традиционалната манифестација „ Неготински панаѓур 2021 “ која секоја година се одржуваше од 21 до 23 септември. Се надевам дека ситуацијата со пандемијата ќе се стабилизира со што сите заинтересирани гости ќе ги очекуваме наредната година. |
|
|
|
<< Start < Prev 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Next > End >>
|
Page 34 of 314 |