There are no translations available.
На мое огромно задоволство денеска во мојот кабинет имав можност да ги примам и да се задржам во разговор со учениците од 4-то одделение од ООУ Гоце Делчев заедно со нивната наставничка Весна Јованова. Посетата беше во рамките на спроведувањето на наставната програма преку која учениците се запознаваат со функционирањето на општина Неготино, кои се правата, обврските и надлежностите на градоначалникот, како се избира градоначалник и колку трае неговиот мандат и слично. Искрено, бев позитивно изненаден од одличните познавања на учениците стекнати преку наставата за работата на градоначалникот и општината, а средбата ја искористивме учениците да постават и повеќе прашања до мене, на кои од срце и со задоволство дадов соодветни одговори. |
Read more...
|
|
There are no translations available.
Покажувајќи општествена одговорност, фирмата „Саше мигоз“ од нашиот град во координација со локалната самоуправа и без финансиски надомест, со сопствена механизација и работна рака, изврши комплетно расчистување на депонијата кај социјалната зграда во Неготино. При реализацијата на оваа активност, собрани се смет, земја и шут кои со 10 камиони се транспортирани на градската депонија Бучето. |
Read more...
|
There are no translations available. За потребите на Јавното претпријатие „Комуналец“ општина Неготино изврши јавна набавка на натриум хипохлорит (хлор) согласно годишните потребите на комуналното претпријатие. Хлорот ќе биде наменет за третман на водата за пиење,т.е. прочистување во населените места во општина Неготино кои со вода за пиење не се снабдуваат од градскиот водовод, односно во селата Војшанци, Пепелиште, Криволак, Тремник, Д.Дисан, Курија и Црвени Брегови и тоа во случај на заматување на водата за пиење и нејзино хлорирање. Станува збор за набавка на количина од 11.000 килограми натриум хипохлорит за третман на водата за пиење во предходно споменатите населени места, хлор кој е според стандардот МКС FN 901: 2013 или еквивалентен. |
There are no translations available.
Денеска остварив прием за членовите на Кик бокс клубот Гладијатор од Неготино на кој од нивна страна бев запознат со одличните резултати кои тие под водство на тренерот Ѓорѓи Вучков ги постигнаа на Балканскиот куп Балкан бест фајтерс кој се одржа во Ниш на почетокот на овој месец. Бев информиран дека Марија Јанева го освоила првото место и златен медал и е прогласена за најдобар борец на татами на турнирот, Душица Стојанова е освојувачка на бронзен медал, Јадранка Темелкова го освоила 4тото место, а Роберт Костовски се враќа со сребрен медал со напомена дека поради повреда не можел да настапи во борбата за златен медал. На сите членови на Кик бокс клубот Гладијатор и на нивниот тренер им честитав за одличните резултати, им посакав успех на идните натпреварувања и ја искажав мојата заложба за континуирана поддршка за сите спортисти и спортски клубови кои со своите успеси придонесуваат за личен развој и за афирмација на спортот во општина Неготино. |
There are no translations available.
Во изложбениот салон на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа концерт за флејта и пијано во изведба на младата Тамара Лазарова-флејта и Наташа Трбојевиќ-пијано. Концерт се одржа во соработка со Музичката Академија при Универзитеот “Гоце Делчев“ од Штип. Беа отсвирени врвни и професионални изведби од Bohuslav Martinu, Jules Demersseman и Carl Reinecke - соната и концерти за флејта и пијано. Тамара Лазарова е од Кочани и е апсолвент на Музичката Академија под менторство на проф.Златка Митева. Учествува во различни јавни и културни настани како “Штипско културно лето“, “Петровденски конаци“ во Кочани, во 2017 година освојува прва награда на Меѓународниот фестивал “Полихимнија“, Скопје. Во 2018 година своето образование го усовршува во Кина во “Zheijang Conservatory of Music“-Hangzghou, Republic of China, под менторство на проф.He Jing. Своето образование во Кина го завршува со солистички концерт.
|
There are no translations available.
Поради актуелната пандемија со корона вирусот, но и поради присутната енергетска криза, како и во повеќето општини во државата, и во Неготино нема да има организиран дочек на Новата 2022 година на градскиот плоштад. Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов смета дека масовните собирања и групирања во моменти кога корона вирусот и тоа како е присутен во општина Неготино не се воопшто потребни, бидејќи може да се влоши состојбата со корона вирусот и на тој начин да се зголеми бројот на заразените во нашата општина. Што се однесува до новогодишното украсување на градот, истото ќе биде со постоечките реквизити и декорации со кои општина Неготино располага од предходните години, а според градоначалникот Стојанов, ако има потреба ќе се издвои симболична сума за дополнителни украси, со единствена цел сите сограѓани од најмладите до највозрасните да можат да ја почуствуваат атмосферата на новогодишното празнување.
|
|
|
|
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>
|
Page 29 of 314 |