Општина Неготино
ЛАЗАР МАНЧЕВСКИ ПОСТХУМНО ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Со одлука на Советот на општина Неготино познатиот поет и романсиер Лазар Манчевски- Пинџур постхумно е прогласен за почесен граѓанин на општина Неготино, а во негово име високото признание му беше доделено на член на неговото потесно семејство. Инаку, Лазар Манчевски е роден на 21 ноември 1922 година во Неготино,  Филосовски факултет завршува во Скопје, каде што и работел како советник во Работничкиот унивезрзитет Кочо Рацин. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1968 година. Автор е на голем број книги меѓу кои и делата Песни за татковината, Поцврсти од камен, Делото на едно дете, Градот и љубовта, Дијалектика на празникот, Пред новото време, Болка во одот, Татко, кажи ми и многу други. Лазар Манчевски починал во 1997 година во Скопје. Клучот од градот на член од неговот семејство му го врачи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

Read more...
 
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДАТА И ПРИЗНАНИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Транспортната компанија Емша-шпед од Неготино која е основана во 1999 година, располага со над 200 камиони, има 130 вработени и се вбројува меѓу најуспешните 200 компании во Република Македонија е годинашен добитник на највисоката општинска награда ,, 8-ми ноември ,, која се додели по повод 69-годишнината од ослободувањето на Неготино на свечената седница на општинскиот Совет. Континуитетот во работењето, отворањето нови работни места и позитивното работење во услови на сеуште присутна економска криза, беа само дел од причините поради кои се одлучи токму оваа компанија да ја добие оваа престижна награда. Инаку, приснанија им беа доделени на Дрекслмајер мануфактуринг Македонија, земјоделецот Васка Мојсовска, иноваторот Филип Пушкинов, специјалистот радиолог д-р Иван Иванов, докторот по филосовски науки Дејан Донев, Карате клубот Антигона, Културно-уметничкото друштво Јане Сандански и фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев. Наградите им ги врачи и понатамошни успеси во кариерата им посака градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.

Read more...
 
ПРЕДАДЕНО ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНОТО УЧИЛИШТЕ ВО Д.ДИСАН PDF Print
There are no translations available.

   Во изминатиот период со средства во висина од 2,7 милиони денари беа изведени зафати со кои подрачното училиште во неготинското село Долни Дисан доби нов и модерен лик, а наставниците и учениците добија подобри услови за одвивање и следење на наставниот процес. Во рамките на градежните работи, се изврши комплетна реконструкција на кровната конструкција со замена на стариот со нов кров со што целосно се елиминирани можностите од протекување во случај на врнежи од дожд и снег што беше честа појава во минатото. Исто така поставена е и нова фасада која целосно го промени ликот на ова подрачно училиште, а изведени се и други поситни зафати со единствена цел за подобрување на условите за одвивање на наставата. Оваа пригодна свеченост се одржа во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино 8-ми ноември, а реконструираното училиште свечено во употреба го предадоа градоначалникот Ванчо Апостолов, директорката на ООУ Гоце Делчев и претседателот на МЗ Долни Дисан Тони Ризов.

Read more...
 
СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА УРЕДЕНИОТ ЦЕНТАР ВО СЕЛОТО ВОЈШАНЦИ PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на голем број жители на селото и други гости, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на месната заедница Благоја Пановски на пригодна свеченост го ставија во функција комплетно реконструираниот, уреден и асфалтиран центар во селото Војшанци. Во обраќањето пред присутните градоначалникот Апостолов ги искажа своето задоволство од реализацијата на овој проект со чие спроведување во значителна мерка се подобрени условите за живот на месното население. Апостолов потенцираше дека на овој простор извршено и асфалтирање на вкупна површина од 1.800 м2 или асфалтирани се 5 подолги и пократки улици во Војшанци во должина од 300 метри, поставени се бетонски рабници на улиците во должина од 600 метри, а на постоечките тротоари поставени се бехатон плочки на површина од 850 м2. На иницијатива на локалните жители, извршена е комплетна санација и оспособување на постоечкиот бунар во селото кој сега е во функција на жителите. Здоволство од спроведените градежни активности со кои центарот на Војшанци доби нов и современ лик искажа и претседателот на месната заедница Пановски, додавајќи оти се надева дека и во иднина во соработка со локалната самоуправа во Војшанци ќе се реализираат и други проекти од витално значење на тамошните жители.

Read more...
 
МИНИСТЕРОТ НАУМОФ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Министерот за странски инвестии при Владата на РМ Џери Наумоф во рамките на посетите што ги прави на општините од земјава, а со цел да се запознае и да добие прецизни сознанија за капацитетите со кои располагаат општините, а можат да бидат интересни за потенцијалните инвеститори, оствари работна посета на општина Неготино. Притоа, се сретна и се задржа во краток разговор со градоначалникот Ванчо Апостолов од кого беше информиран дека општина Неготино има подготвено една индустриска зона на површина од 30 хектари во близина на селото Црвени Брегови  која има извонредна местоположба  и покрај која минува автопатот и железницата, а на која од понудени 6 веќе се продадени две градежни парцели за изградба на објекти за откуп, преработка и складирање на земјоделски производи и за објекти од лесната и незагадувачка индустрија. Исто така, градоначалникот го запозна министерот Наумоф дека се работи и на проширување на индустриската зона Дуброво со нови 80 хектари градежни парцели, а имајќи предвид дека на овој простор има и постоечки индустриски капацитети, ќе дојде до заокружување на оваа индустриска зона на површина од 224 хектари. Инаку, во рамките на средбата беше остварена посета и беа разгледани дел од халите на фабриката за кабли Неготино.

Read more...
 
8 - ми НОЕМВРИ - ПРАЗНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

 

 

Read more...
 
<< Start < Prev 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Next > End >>

Page 263 of 314