Општина Неготино
Посета на службите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните PDF Print
There are no translations available.

   Додека најголемиот дел од граѓаните на општина Неготино во своите домови и во кругот на најблиските ја дочекуваат Новата 2022 година, поради специфичноста на работата и работните задачи дел од нашите сограѓани се наоѓаат на своите работни места и посветено ги извршуваат своите работни задачи и обврски. Тоа беше повод на неколку часови пред доаѓањето на Новата 2022 година да ги посетам службите кои во новогодишната ноќ се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните. Притоа, остварив посета и престојував во Одделението за внатрешни работи-Неготино каде што имав средба со припадниците на полицијата кои вечерва се грижат за безбедноста на граѓаните, а имав средба и со припадниците на Територијалната противпожарна единица од нашиот град. Воедно, престојуваав и остварив средба со дежурните здравствени работници од Итната помош при Здравствениот дом Неготино, како и обезбедувањето во зградата на општината. На сите им ги честитав новогодишните празници со желби за се најдобро во Новата година, од име на општина Неготино им врачив пригодни подароци и им посакав да имаат што е можно помалку работни ангажмани.
Read more...
 
Усвоени Буџетот и Програмите за работа на општина Неготино за 2022 година PDF Print
There are no translations available.

   На последната седница во тековнава година, советниците во Советот на општина Неготино донесоа повеќе одлуки и решенија со кои се овозможува нормално и непречено функционирање на локалната самоуправа во наредната 2022 година. Меѓу другото, беше усвоен Буџетот на општина Неготино за 2022 година поделен на два дела-општиот кој ги содржи вкупните приходи и другите приливи и вкупните расходи и одливи за наредната фискална година, како и глобалните проекции на приходите, приливите, расходите и одливите за наредните 2 години, додека посебниот дел содржи план на потпрограмите на основниот Буџет, одобрените средства на буџетските единки по програми, потпрограми и ставки за фискалната 2022 година. Вкупниот Буџет на општина Неготино за 2022 година изнесува 426.246.964 денари, а во ист износ се проектирани и расходите. На седницата беа усвоени и Програмите за работа на локалната самоуправа за наредната 2022 година. 
 
Предновогодишен концерт на ООМУ “Владимир Арсовски“ во Музеј-Неготино PDF Print
User Rating: / 2
PoorBest 
There are no translations available.

 Ученици од ООМУ “Владимир Арсовски“ од Неготино деновиве го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт во изложбениот салон во Музеј на град Неготино. Концертот го одржаа и истиот содржеше изведби од ученици од инструменталните оддели по пијано, виолина и саксофон. Честитки за успешниот настап на учениците на последниот настап во 2021 година, многу успеси и здравје во Новата 2022 година и секако продолжување на одличната соработка меѓу ООМУ „Владимир Арсовски“,  Општинската установа Музеј на град Неготино и општина Неготино.



 

 
Доделени ваучери од 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

По пауза од 4 години, согласно одлуката донесена од страна на општинскиот Совет на мој предлог, започнавме со исплата на еднократна парична помош за родителите од општина Неготино кои имаат новороденчиња. Така, со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, денеска во кабинетот ги доделив првите 8 ваучери во вредност од 7.000 денари на родителите кои добиле деца во периодот од стапувањето на одлуката на сила, а за што до надлежните општински служби од нивна страна беше доставена неопходната документација. На сите им ги честитав новороденчињата и им посакав многу здравје и среќа, а им ги честитав и Новогодишните и Божикните празници. Мерката е донесена со цел за зголемување на наталитетот во нашата општина, а ја користам можноста да апелирам до сите родители кои во наредниот период ќе добијат новороденчиња, да ја достават потребната документација и да ја искористат можноста да добијат ваучер од 7.000 денари како еднократна помош. 

 
545 дечиња од неготинската градинка добија новогодишни пакетчиња PDF Print
There are no translations available.

 Во пресрет на Новогодишните празници, денеска градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов имаше пријатна можност да ги посети нашите најмлади сограѓани кои престојуваат во трите клона на Детската градинка „Фемо Кулаков“ и тоа Пролет, Мајски цвет и Темјанушка, како и градинките во селата Криволак, Пепелиште и Тремник. Градоначалникот Стојанов посетата ја искористи заедно со директорката на градинката Нада Најдова и со Дедо Мраз на сите 545 дечиња кои престојуваат во градинката да им поделат новогодишни пактечиња посакувајќи им добро здравје и безгрижно детство. Во знак на благодарност, од нивна страна беше изведена кратка претстава за Дедо Мраз при што дечињата ги запеаја познатите новогодишни песнички, а средбата со градоначалник Стојанов ја искористија да ги искажат и нивните искрени детски желби за поубаво Неготино.

Read more...
 
Посета од ученици од ООУ „Страшо Пинџур“ PDF Print
There are no translations available.

  20 ученици од ООУ Страшо Пинџур заедно со наставничката Цанка Костова остварија посета и средба со мене како градоначалник на која бев информиран за 2 проекти кои тие ги реализираат. Станува збор за проекти од хуман карактер,, Дарување, радување и новогодишно украсување,, и,, Секој има право на среќа,, кои имаат за цел учениците, но и пошироката јавност да се поттикнат за грижа, помагање и хуманост. Преку проектите учениците ги,, оживуваат,, работите во плакарот, на пример играчки, училишни материјали, храна и потоа истите ги донираат онаму каде што се најпотребни. Костова информираше дека е забележано масовно учество на сите наставници од ООУ Страшо Пинџур и сите собрани работи ќе се донираат. Учениците мене како градоначалник и на сите 15 советници во Советот ни подарија по една новогодишна елка, за што од мое и нивно име, се заблагодарив од се срце и им посакав уште многу вакви проекти. 
Read more...
 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 27 of 314