Општина Неготино
ДОНАЦИЈА ОД „ДРЕКСЛМАЕР“ ЗА НЕГОТИНСКАТА ГРАДИНКА ОД 1.200.000 ДЕНАРИ PDF Print
There are no translations available.

   Благодарение на одличната соработка што неготинската локална самоуправа ја има со германски „Дрекслмаер“ на иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а  во консултации со раководниот тим на компанијата, за потребите на детската градинка „Фемо Кулаков“ претставници на „Дрекслмаер “ донираа опрема во вредност од 1.200.000 денари. Донацијата ја врачија претставнците на менаџерскиот тим на германската компанија Лукас Мирингер и Ѓорѓи Треновски кои истакнаа дека по сеопфатно направени анализи и во договор со градоначалникот Апостолов се одлучиле донацијата да се намени за потребите на дечињата кои престојуваат во двата клона на градинката, со што уште еднаш „Дрекслмаер“ на дело  го покажува високиот степен на општествена одговорност. Станува збор за донација во опрема и тоа 195 нови креветчиња и душеци и 125 анатомски столчиња што претставува над 60 отсто од целокупно потребната опрема за градинката. Заблагодарувајќи се на донацијата и доделувајќи им пригоден подарок на Мирингер и Тренковски, градоначалникот Апостолов потенцираше дека како резултат на постојаните контакти со раководниот тим и одличната соработка, досега во германскиот гигант „Дрекслмаер“ се вработени околу 1.000 лица од општина Неготино со тенденција, доколку има потреба, нивниот број континиуирано да се зголемува. Претставниците пак на „Дрекслмаер“ додадоа дека и понатаму ќе донираат онаму каде што има потреба, со единствена цел за подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните на општина Неготино и на регионот.

Read more...
 
СПРОВЕДЕНО ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ И СКАКУЛЦИ PDF Print
There are no translations available.

   Цела територија на општина Неготино беше опфатена со реализираното ноќно машинско прскање против комрци и скакулци што го спроведува стручни лица од Центарот за јавно здравје Велес и вработени во локалната самоуправа. Приоритет при прскањето беше даден на централното градско подрачје и градскиот кеј, течението на реката Вардар, селата Криволак, Војшанци и Тремник, просторот кај депонијата, односно опфатени беа сите локации кои се сметаат за критични за појава и присуство на кормарци. Се прскаше со препаратот аква-котрин кој се смета за најефикасен при уништувањето на комарците, а оваа активност беше спроведена согласно годишната Програма за работа на локалната самоуправа за преземање мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинсекција, дезинфекција и дератизација на територијата на нашата општина. Имајќи предвид дека во овој период е забележано и масовно присуство на скакулци на ова подрачје, стручниот тим од Центарот за јавно здравје од Велес изврши и прскање со употреба на препарати за уништување на скакулците, со напомена дека за 3 недели ќе следува уште едно прскање против скакулци.
Read more...
 
Едукативно советодавни работилници со родители на деца од предучилишна возраст во руралните средини на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на проектот,,Општинско корисна работа –промовирање на одржливи вработувања 3,, а во рамките на проектот  на општина Неготино ,,Грижата за децата од предучилишна возраст–врвен приоритет за руралната средина,, деновиве се одржаа 7 едукативно советодавни интерактивни работилници со  родителите на децата во 7 рурални средини на општина Неготино каде што и функционираат игралните.
    Темата на првата работилница од ваков вид беше со наслов,,Родителството и развитокот на детето,,.Притоа воспитувачите во асистенција на нивните помошнички, а во присуство на бројни заинтересирани родители беа воведени во тајните на доброто воспитување, како да се биде добар родител, како да се учи и да  се унапредува родителството.Истовремено родителите беа запознати со шесте основни родителски вештини , а беа споделени и позитивните и негативните искуства   за тоа  кога се препознаваат како добар пример за децата, кога биле добри учители, кога биле добри другари , а кога не.
    Целта на оваа работилница беше постигната преку покажаниот интерес и присуството на родителите,како и преку желбата да следуваат и други вакви работилници во овие средини, кои се од голема важност за севкупниот развој на  децата и на нивните семејства, бидејќи родителството е  најубавата , но воедно и најодговораната должност на човекот.
Инаку до крајот на  месец  ноември 2014 година , планирано е покрај редовните секојдневни активности со децата во овие средини да бидат реализирани уште две едукативно-советодавни работилници со родители.

Read more...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ДОДЕЛИ 28 ВАУЧЕРИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА PDF Print
There are no translations available.

   Следејќи ја политиката на Владата на РМ, на предлог на градоначалникот Ванчо Апостолов, кон крајот на септември, минатата година, Советот на општината донесе одлука за доделување вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за секое новородено дете на подрачјето на општина Неготино. Мерката во пракса се спроведува веќе 10 месеци, а на почетокот на јули градоначалникот Апостолов на пригодна свеченост додели 28 ваучери на семејства кои имале новороденчиња во мај и во јуни. Како што истакна Апостолов во пригодното обраќање пред присутните во изминатиот период од кога е започнато спроведувањето на оваа мерка, општина Неготино има доделено вкупно 150 ваучери, што значи дека месечно се раѓаат во просек околу 15 бебиња. За реализацијата на проектот на годишно ниво од Буџетот на општина Неготино предвидено е да се издвојуваат околу 1,5 милион денари.

Read more...
 
ЗАВРШИ АСВАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ОД КУРИЈА ДО ПАЛИКУРА PDF Print
There are no translations available.

   Работници на Градежното претпријатие Гранит ги зваршија асвалтерските работи на патот Курија – Паликура во должина од околу 3 километри – проект за кој беа издвоени средства во висина од 25.000.000 денари, а заеднички го спроведоа општините Неготино и Росоман со поддршка на Агенцијата за државни патишта. За разлика од порано, сега жителите на двете села на располагање имаат нов, модерен и асвалтиран патен правец од и до Курија и Паликура, а покрај нив бенефитите ќе го користат и огромниот број земјоделци кои на овој потег имаат сопствени површини со разни култури. Градоначалниците Ванчо Апостолов и Стојанче Лазов кои беа на терен искажаа задоволство од одлични изведената работа од страна на ГП Гранит, а асвалтираниот пат покрај за зголемувањето на безбедноста на сообраќајот, ќе придонесе за многу полесен и побезбеден транспорт на земјоделските производи од овој регион кои се носат до откупните центри, без разлика дали станува збор за праски, сливи, грозје или други култури. Наедно, на инсистирање на градоначалникот Апостолов, а по барање на месното население, се изврши тампонирање на една улица во Курија во должина од 150 метри, а се уред и просторот пред селските гробишта.
Read more...
 
ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДОТ ВО НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Во салата на општината се одржа јавна презентација за издржливоста на физибилити студијата за изводливост на проектот „Реконструкција на водоводната мрежа во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3“ - што претставува дел од сетот-мерки и проекти што општината ги предвидува за реализација со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и обезбедување на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување на граѓаните. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги запозна присутните дека после 60 години ќе дојде до реконструкција на водоводониот систем во Неготино кој е во должина од околу 70 километри, со тоа што ќе бидат опфатени 15 улици во должина од 8 километри кај кои стручни лица од ангажирана реномирана фирма утврдија дека има најголеми загуби кои на некои места достигнуваат и до 70 отсто од количините кои доаѓаат до домовите на граѓаните. Инаку, во моментов до Неготино од регионалниот водовод Лукар дотекуваат 77 литри вода во секунда-количини кои би биле доволни за нормално водоснабдување, ако не се присутни големиот број на дефекти кои придонесуваат за нејзино губење. Проектот ќе се реализира со кредитни средства од Светска банка во висина од 850.000 евра со каматна стапка од 0,6 проценти, грејс-период од 3 години и рок на отплата од 10 години.

Read more...
 
<< Start < Prev 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Next > End >>

Page 250 of 314