Општина Неготино
Е-предавање на тема „Да го истражиме виното“ PDF Print
There are no translations available.

Во четврток на 10.02.2022 година со почеток од 14,00 часот, а во склоп на активностите од „Неделатата на виното-Свети Трифун“ ќе се одржи Е-предавање на тема „ Да го истражиме виното“. Сите заинтересирани предавањето кое ќе го држи Игно Тасев можат да го следат преку линкот на ЗУМ.

Општина Неготино is inviting you to a scheduled Zoom meeting.

Topic: Да го истражиме виното - предавач м-р Игно Тасев
Time: Feb 10, 2022 02:00 PM Sarajevo, Skopje, Zagreb

Join Zoom Meeting
https://us04web.zoom.us/j/73432917890?pwd=6qfMEonMun5weRgdihw3hErGDNZrSS.1

Meeting ID: 734 3291 7890
Passcode: vpRR2T

 

 

 
Ќе се одржи 17-тата традиционална изложба на резба од ЗЗН„Стари занаети“ од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во понеделник на 14.02.2022 година во организација на градоначалникот и Советот на општината, ОУ Музеј на град Неготино и здржението „Стари занаети“, а во рамките на одржувањето на „Неделата на виното-Св.Трифун“ во изложбениот салон на неготинскиот музеј ќе се одржи традиционалната 17-та по ред изложба на резба од ЗЗН „Стари занаети“ од нашиот град. На изложбата со свои дела ќе се претстават копаничарите од здружението „Стари занаети“, а изложбата е од отворен карактер и можат да ја посетат сите заинтересира со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид 19. 

 

Read more...
 
Свети Трифун во Неготино ќе се одбележи со редуцирани, но квалитетни содржини PDF Print
There are no translations available.

  Традиционалната манифестација „Недела на виното-Свети Трифун 2022г“ во општина Неготино годинава ќе се одржи со редуцирани, но квалитетни содржини, во чиј склоп е предвидено одржување на повеќе настани на разни локации. Во услови на пандемија од Ковид 19 и поради лошата епидемиолошка состоја во нашата општина, ќе се спроведат програмски активности при чија реализација најдобро можат да се применуваат мерките и препораките за заштита и спречување на вирусот со обезбедена безбеност на учесниците и посетителите. 
 

 
Јавна расправа за отворање нови работни места преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Се известува јавноста од нашата општина дека на ден 09.02.2022 година (среда) со почеток од 18,30 часот во салата за состаноци на општина Неготино ќе се одржи јавна трибина на која ќе се расправа по проектот „Стимулација за инвеститори“. Имено, општина Неготино започна постапка за донесување Правилник со кој ќе се утврдуваат мерките и критериумите за стимулација на инвестиции, односно изградба на нови и проширување на постоечките стопанско-индустриски капацитети. Основната цел на проектот „Стимулации за инвеститори“ е отворање на нови работни места во општина Неготино преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси.

ПРАВИЛНИК

 
Оддадовме почит по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев PDF Print
There are no translations available.

   Заедно со делегација од општина Неготино, како и пратеникот Златко Пенков  и други присутни на настанот, денеска во кругот на ООУ Гоце Делчев во нашиот град положивме свежо цвеќе и се поклонивме пред споменикот на патронот на училиштето. Ова во рамките на настаните за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев-великанот на македонското национално револуционерно дело и таткото на македонската национална самосвест и патриотизам. Делчев кој е роден на 4 февруари 1872 година е визионерот и организаторот на македонското револуционерно ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век како раководител на Македонската револуционерна организација.


Read more...
 
ЈАВЕН ПОВИК за избор на изработувач на урбанистички план PDF Print
There are no translations available.

ЈАВЕН ПОВИК за избор на изработувач на урбанистички план
 
<< Start < Prev 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Next > End >>

Page 24 of 314