Општина Неготино
ПОД-ПРОЕКТ „РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО“ PDF Print
There are no translations available.

Општина Неготино преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „ реконструкција на водоводната мрежа во општина Неготино„.
Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 9 месеци.
Проектот предвидува : Реконструкција на 10 водоводни линии во општина Неготино и изградба на нов резервоар. Водоводните линии ќе се реконструираат во град Неготино,додека новиот резервоар ќе се изгради во населбата Тимјаник. Вкупната должина на која ќе се реконструираат водоводните линии изнесува 3,903,00 метри.Реконструкцијата на постоечките водоводни линии ќе се врши со замена на старите азбест цементни цевки со нови полиетиленски цевки со различна должина и дијаметар со притисок од 10 бари.
Локацијата на водоводните цевки е по должината на 10 улици во градот Неготино.Новите ПВЦ цевки ќе бидат поставени во ровови 0.8m ширина и длабочина 2м. На дното на секој ров ќе биде поставен песок во висина од 10 см , проектот предвидува и изградба на шахти за воздушни вентили ,отпусни вентили, и хидранти за пожар.

Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот докумет кој во електронска форма може да го пронајдете на следниов линк Проектен документ или пак директно може да го  контактирате  лицето Зоран Лазов-070/306-633 This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
 
Неготинските пожарникари со показна вежба на плоштадот PDF Print
There are no translations available.

   Во среда на 20 мај на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 10,20 часот во организација на Општинскиот противпожарен сојуз, а под покровителство на Противпожарниот сојуз на Македонија и општина Неготино ќе се изврши тактичко показна вежба „Спасување и извлекување на повредени лица од возила при сообраќајни несреќи“, како и „Гасење на пожар на запалливи течности со проптивпожарен апарат“. Пред почетокот на вежбите, поздравен говор до присутните ќе имаат претставникот на Општинскиот противпожарен сојуз и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а во вториот дел од програмата сите присутни на градскиот плоштад ќе можат да ја погледнат и преку презентација да се запознаат со противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица од Неготино.

Read more...
 
До крајот на Јуни може да се аплицира за семејства-домаќини на членови на мировниот корпус на САД PDF Print
There are no translations available.

Флаер

Апликација

 
Отворено градско првенство во шах – Неготино 2015 PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по четврти пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2015. Првенството ќе започне на 22 мај (петок) во 17.00 часот, и ќе се одржува во ТИЦ Желкова куќа (на вториот кат). Истото ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на ГШК Неготино ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 22 мај (петок) до 13.00 часот.

Read more...
 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Print
There are no translations available.

ЈАВЕН ОГЛАС

за

Работно ангажирање на невработени лица-активни баратели на работа

1.     Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 15.05-22.05.2015( 8 дена).

2.     Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време со склучување на договор за работно ангажирање во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6200,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа седмично, со вклучени персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Read more...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ,во соработка со УНДП,АВРМ и МТСП по четврти пат PDF Print
There are no translations available.

ОПШТИНА НЕГОТИНО ,во соработка со УНДП,АВРМ и МТСП по четврти пат ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО–КОРИСНА РАБОТА



 
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>

Page 230 of 314