Општина Неготино
Прогласени „најчитателите“ во библиотеката „Страшо Пинџур“ PDF Print
There are no translations available.

   12 „најчитатели“ од општина Неготино кои во текот на летниот период изнајмиле и прочитале најмногу книги од локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град, денеска на пригодна свеченост добија признанија и награди кои им ги доделија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката на установата Катерина Данаилова. По четворица „најчитатели“ беа прогласени во категориите основци, средношколци и возрасни. Инаку, станува збор за настан кој е веќе традиционален и се одржува трета година по ред и со кој се постигнуваат очекуваните ефекти- зголемен број и интензитет на читатели во неготинската библиотека. Инаку, оваа година се одбележуваат 70 години од основањето на библиотеката „Страшо Пинџур“ од Неготино.

Read more...
 
Апостолов: Очекувам квалитетни предлози за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Print
There are no translations available.

   „Во општина Неготино живеат и егзистираат поединци и установи кои на еден или друг начин имаат дадено или даваат сопствен придонес во нејзиниот развој и афирмација, па токму затоа очекувам во пресрет на општинскиот празник, а по објавениот јавен повик од страна на локалната самоуправа, на адреса на општината да пристигнат квалитетни и издржани предлози за потенцијални добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември, како и за признанието почесен граѓанин“-изјави градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Тој додаде дека сите заинтересирани правни и физички лица своите предлози во писмена форма и соодветно образложение можат да ги доставуваат во архивата на општина Неготино заклучно со 21 октомври до 16 часот, достасаните предлози ќе ги разгледува општинската комисија за награди и признанија, а одлуката за добитниците ја носат советниците во Советот на општина Неготино. Наградите на добитниците ќе има бидат врачени на свечената седница по повод општинскиот празник 8-ми Ноември.

Read more...
 
Во сабота во општина Неготино ќе се спроведе акцијата „Македонија без отпад“ PDF Print
There are no translations available.

   Ученици од двете основни и средното училиште, претставници на комуналното претпријатие, на јавната администрација, здруженија, екологисти и други заинтересирани граѓани во сабота на 3-ти овој месец ќе се вклучат во акцијата „Македонија без отпад“ која ќе се реализира на подрачјето на општина Неготино во соработка и координација со Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата се спроведува со цел за намалување на количините на несоодветно депониран отпад во одредени подрачја, а во Неготино ќе се расчистува подрачјето долж двете главни улици, градскиот пазар и плоштадот, општинската зграда, дворовите на училиштата, просторот околу СРЦ Младост, а екипи на ЈП Комуналец со механизација посебен акцент ќе стават на расчистување на дивата депонија на просторот кај фудбалското игралиште на влезот во Неготино. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино да се вклучат во саботната акција и да дадат сопствен придонес за подобрување на просторот и животната средина во која живеат и егзистираат.

 

Read more...
 
Изработен е проект за уредување на просторот околу спомен Костурницата во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино  до Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа аплицираше со предлог проект за одобрување на средства за уредување на просторот околу спомен Костурницата во Неготино. Вкупниот буџет е проектиран на 967.600 денари, од кои од Министерството се очекуваат 758.783 денари, а општина Неготино ќе обезбеди 208.817 денари. Со предлог-проектот е предвидено уредување на спомен Костурницата во Неготино кое ќе се врши преку изработка и поставување на урбана опрема, куќичка со мост, рампа и лостови за играње на деца, парковски подвижни клупи, вртелешка, лулашки, елементи за опрема и игралишта за одбојка, кошарка и за играње на шах на отворено, а со проектот е предвидена изградба и на фонтана на овој простор. Станува збор за проект кој со заложби на  градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов е вметнат како дел од годишната листа на предлог-проекти на Вардарскиот плански регион за тековнава 2015 година.

Read more...
 
Делегација на РСБСП во работна посета на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата предводени од секретарот на оваа организација Ристо Манчев во рамките на своите надлежности утврдени со Закон, целите од Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот и Програмата за работа за 2015 година денеска извршија посета на локалната самопуправа и остварија работна средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Контактите што беа остварени, пред се беа насочени кон согледување на актуелните состојби во безбедноста на сообраќајот на територијата на општина Неготино и тоа според спецификите на ова подрачје и договарање на стратешки мерки, цели и активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот во неготинска општина. Работната група на Републичкиот совет од страна на градоначалникот Апостолов беше информирана за активностите што се реализираат на локално ниво во рамките на кампањата што се спроведуваза подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а состанокот беше искористен за давање конкретни насоки за дејствување на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата од општина Неготино.

Read more...
 
Започна конзервацијата на Саат-кулата во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со археолошки истражувања на просторот со кои треба да се утврди состојбата на темелните партии и евентуалното постоење на културни слоеви или траги на живеење од минатото, започна проектот за конзервација на Саат-кулата во Неготино. Стручната екипа која работи на терен ја сочинуваат претставници од Археолошкиот музеј на Република Македонија, од Музејот на град Неготино, а надзорот на целиот проект го врши виш конзерватор од Националниот конзерваторски центар на Македонија. Работите на овој проект ќе се одвиваат во неколку фази, а по завршувањето на истите и со конзервацијата на овој споменик на културата во нашиот град граѓаните на Неготино и потенцијалните посетители ќе добијат уште еден културно-историски објект кој со сите придружни елементи кои се предвидува да се постават околу Саат-кулата ќе претставуваат атрактивна дестинација за туристите кои ќе го посетуваат Неготино.

Read more...
 
<< Start < Prev 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 Next > End >>

Page 221 of 314