Општина Неготино
Поставен камен-темелник за изградба на патниот правец Г.Дисан-Вешје PDF Print
There are no translations available.

   На пригодна свеченост која се одржа во регионот на Дисанијата, започна реализацијата на еден мошне значаен проект за месното население од овој крај, но и за сите граѓани кои во овој регион имаат лозови насади или други земјоделски клултури, а тоа е изградбата на комплетно нов пат од Горни Дисан до Вешје. Почетокот на работите го означија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, пратеничката во Собранието на РМ д-р Благородна Бојаџиева и претставник на месната заедница.  Станува збор за изградба на делница од патот во должина од 800 метри која се гради со средства од ИПАРД програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој на РМ. Инаку, овој патен правец ќе се гради во фази, при што покрај започнатата делница, со средства од Светска банка преку ИПА програмата за рурален развој и со средства од Проект за прекугранична соработка ќе се пристапи кон изградба на делниците во должина од 634 и 400 метри, додека со средства од Буџетот на општина Неготино ќе се градат 150 метри од патот Горни Дисан-Вешје.

Read more...
 
Поставен камен-темелник за изградба на патот од Калањево до Бела вода PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, пратеничката од нашиот град во Републичкиот Парламент д-р Благородна Бојаџиева и претставник на месната заедница со поставувањето на камен-темелник го означија започнувањето на градежните работи за изградба на патниот правец од селото Калањево до излетничкото место Бела вода. Станува збор за изградба на линиска патна инфраструктура која ќе обезбеди полесен и посигурен пристап до ова извонредно атрактивно излетничко место кое е масовно посетувано како од граѓани на општина Неготино, така и од жители на други градови од Македонија. Вредноста на работите изнесува 15.000.000 денари – средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделието и руралниот развој на Република Македонија, додека средствата за данокот на додадена вредност ги обезбедува локалната самоуправа Неготино. Со реализацијата на овој проект ќе се изгради модерен и современ пат од Калањево до Бела вода кој ќе гарантира и поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот кои се упатуваат кон ова излетничко место.

Read more...
 
8-ми НОЕМВРИ 2015-та ПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА PDF Print
There are no translations available.

                                         

                                            8-ми НОЕМВРИ 2015
                                  71 ГОДИНА СЛОБОДНО НЕГОТИНО

                                          Празнична програма

ЧЕТВРТОК 05.11.2015

10.00  Поставување на камен темелник за изградба на патот Калањево – Бела Вода

11.30  Поставување на камен темелник за изградба на патот Горни Дисан – Вешје
                                                            
13.30    Традиционални осмоноемвриски трки
     - Организирање на настанот
     - Доделување на награди
(настанот се организира во соработка со Сојуз на училишни спортови Неготино)
Место: Градски плоштад Неготино                                                                 

17.00   Традиционален осмоноемвриски турнир во табла
    - Отварање на турнирот
Место: ТИЦ Желкова куќа                                                             

19.00    Ликовна изложба на локални ликовни уметници
              - Отварање на традиционална ликовна изложба на локални уметници
Место:  Музеј на град Неготино                 


ПЕТОК 06.11.2015
09.30  Прием на членовите на делегациите кај градоначалникот на Општина Неготино                                              

10.00  Полагање на свежо цвеќе пред бистите на борците од НОБ
Место: Спомен бисти пред Собранието на Општина Неготино
                                                                                                              
10.45  Отварање на Музеј на олд тајмери во Неготино
Место:  Музеј на олд тајмери
12.00  Свечена Седница на Советот на Општина Неготино
           - Свечен Концерт
Место: Сала на НУЦК “Ацо Ѓорчев”    


САБОТА 07.11.2015
08.00  Традиционална осмоноемвриска планинарска тура             

10.00  Регионални игри “Гол Бал” во организација на Здружение на слепи лица и Општина Неготино
     - Oтварање на игрите                       
Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј”      
                                              
12.00  Риболовен натпревар во чест на 8 Ноември
          - Доделување на награди
Место: Манастир “Св.Ѓорѓи”        

14.00  Младински турнир во мал фудбал
(настанот се организира во соработка со Младински Совет Неготино)
           - Oтварање на турнирот
Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј”  
                                       
18.00  Традиционален осмоноемвриски турнир во табла
 - Доделување на награди
Место: ТИЦ Желкова куќа

 
Распишан тендер за изградба на нов резервоар за вода во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Министерството за траснпорт и врски при Владата на РМ врз основа на поднесената апликација и потребната техничката документација од страна на општина Неготино го распиша тендерот за изградба на нов резервоар за вода во селото Пепелиште со зафатнина од 210 м3 и изградба на потисен цевковод во должина од 1.216 метри. Резервоарот ќе се гради со средства од Европската инвестициона банка во висина од 4.500.000 денари со цел за обезбедување доволни количини вода за населението од Пепелиште, посебно за месното население кое живее во повисоките зони кое во изминатиот период и имаше најмногу проблеми во делот на водоснабдувањето. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека со завршувањето на овој проект ќе дојде до долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето на жителите од ова неготинско село, а населението ќе има 24 часовно континуирано водоснабдување.

Read more...
 
Турнир во табла по повод Денот на градот – 8 Ноември PDF Print
There are no translations available.

   По повод одбележувањето на Денот на градот – 8 Ноември, општина Неготино и оваа година традиционално по седми пат го организира ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА “НЕГОТИНО 2015”, кој ќе се одржи од 5 до 7 ноември 2015 година во туристичко-информативниот центар “Желкова куќа”. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите во вкупен фонд од 15.000 денари ги обезбеди општина Неготино (прва награда 7.000 денари, втора награда 5.000 денари и трета награда 3.000 денари). Пријавувањето за учество на турнирот е на телефонскиот број 075/777-919 кај лицето Зоран Недев. Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во кафе бар “Јоко” и берберница “Коко” во Неготино.

Read more...
 
Во Неготино се одржа манифестацијата „Пензионерите пеат“ PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на Републичкиот сојуз на Здруженија на пензионери, Здружението од нашиот град , Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ и општина Неготино во кино-салата се одржа традиционалната манифестација „Пензионерите пеат 2015 г.“. Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој на почетокот го поздрави присуството на претседателот на Републичкото здружение на пензионери Драги Аргоровски, а на сите учесници им посака успешен настап и пријатно заедничко музичко другарување со желби ваквите манифестации во иднина да бидат побројни на задоволство на претставниците на „третото доба“. Инаку, на регионалната ревија на песни, игри и музика-Неготино 2015 настапија пензионери од повеќе здруженија од Република Македонија и тоа од градот домаќин Неготино, Битола, Кавадарци, Велес, Гевгелија и Штип кои пред присутните се претстави со изведба на изворни и  стари македонски песни.

Read more...
 
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>

Page 219 of 314