Општина Неготино
Замената на водоводната мрежа се одвива со одлична динамика PDF Print
There are no translations available.

   Започнаа и со интензивна динамика се одвиваат градежните работи за замена на старата и дотраена водоводна мрежа на улица „Ленинова“ во должина од над 500 метри – активност која се одвива во рамките на проектот што локалната самоуправа Неготино го спроведува за замена на старата и дотраена водоводна мрежа на улици во Неготино, а е финансирана со средства од 38 милиони денари обезбедени од Светска банка. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакна дека е повеќе од задоволен од досегашната динамика на изведување на работите изразувајќи убедување дека доколку временските услови го дозволат тоа, може лесно да се случи реконструкцијата на водоснабдителниот систем на предвидените улици да заврши и пред предвидениот рок за тоа од 9 месеци. Инаку, во изминатиот период работи за замена на старата водоводна мрежа која беше и главниот предизвикувач на огромни загуби на вода за пиење се реализираа на уште 4 улици во Неготино и тоа „Енгелсова“, „Ило Виларов“, „Душан Јуруков“ и „Никола Петров“. Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните кои живеат или се движат по улиците на кои се изведуваат работи да покажат разбирање за отежнатото движење во одреден временски период, со напомена дека по завршувањето на замената на водоводната мрежа, сите улици ќе се вратат во првобитната состојба.

Read more...
 
Започна изградбата на 3 улици во Тимјаник PDF Print
There are no translations available.

   По обезбедувањето на финансиските средства во висина од 10.000.000 денари неопходни за реализацијата на проектот, во селото Тимјаник започнаа градежните работи за изградба и асфалтирање на 3 улици во вкупна должина од 1.000 метри. Во моментот се изведуваат зафати на најдолгата улица која води кон гробиштата и земјоделските површини лоцирани во атарот на Тимјаник во должина од 530 метри, при што во консултација со изведувачот, а на барање на населението, истата ќе биде продолжена за уште 30 метри. Работници на фирмата изведувач Градба-промет веќе имаат тампонирано една улица во селото во должина од 260 метри, а со проектот ќе биде изградена и асфалтирана уште една улица во должина од 210 метри. Сите 3 улици ќе бидат со ширина на патот од 5 метри, а се очекува работите да завршат во предвидениот рок за тоа и тимјаничани да добијат уште 3 нови асфалтирани улици.

Read more...
 
„Недела на виното-Св. Трифун 2016“ – Неготино. PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на делегации-гости на денешната прослава во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов започнаа активностите по повод одбележувањето на верскиот празник „Св. Трифун“-заштитникот на лозарите и винарите, додека низ улиците на градот дефилираа членови на 4 културно-уметнички друштва. Централната прослава се одржа на градскиот плоштад во Неготино каде што пригодни обраќања пред присутните имаа вицепремиерот и министер за финансии во Владата на РМ Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кои на сите лозари им посакаа да имаат бериќетна година со богат и квалитетен род кој пак ќе биде предуслов винариите да произведат квалитетно вино кое ќе го најде својот пласман на домашниот и странските пазари. По обредот на осветување на лозата од страна на свештено лице од МПЦ„Св. Атанасиј“, вицепремиерот Ставрески и градоначалникот Апостолов го извршија симболичниот чин на закројување на виновата лоза со што неофицијално го означија стартот на работите во лозарството наздравувајќи со чаша неготинско вино. На свеченоста на најдобрите производители на вина и ракии во категоријата индивидуални производители и винарски визби има беа доделени пригодни награди и признанија,а настанот продолжи со богата културно-забавна програма и дегустација на вина и специјалитети од храна.

Read more...
 
Се одржа дегустација-натпревар на вина и ракии PDF Print
There are no translations available.

   Стручна комисија составена од 8 членови-претставници на Здружението на енолози на Македонија во рамките на активностите од манифестацијата „Недела на виното“ денеска дегустираа и ги оценуваа доставените мостри од вина и ракии и тоа како од индивидулани производители, така и од винарски визби. Карактеристично за овогодишниот натпревар е тоа што е регистриран најголем број на учесници досега, при што во категоријата ракии произвидени од индивидуални производители се оценуваат и дегустираат 18 доставени мостри, бели вина 21 и мостри од 25 црвени вина. Исто така, енолозите ги дегустираа и оценуваа белите и црвените вина произведени од винарии од земјава и странство. Наградите на најдобрите производители ќе им бидат врачени во недела во рамките на одржувањето на централната свеченост по повод Свети Трифун.

Read more...
 
Во манастирот „Св. Ѓорѓи“ се одржа настанот „Ден на вранецот“ PDF Print
There are no translations available.

    Во присуство на голем број гости од општинава, земјава и странство, а во склоп на активностите кои општина Неготино ги организира во рамките на „Неделата на виното“ по повод одбележувањето на верскиот празник „Свети Трифун“, денеска во манастирот „Свети Ѓорѓи“ се одржа традиционалниот настан  „Ден на вранецот -2016“. Посетителите од Неготино, регионот, од Охрид и делегациите од Унгарија и Бугарија имаа можност да дегустрираат од вранецот произведен од повеќе винарски визби кои се претставија на настанот и сите кои пробаа беа со едногласна оценка дека станува збор за првокласно и едно од најдобрите македонски вина. Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ја искористи оваа прилика на сите винарски визби кои со свои производи учествуваа на „Денот на вранецот“ да им врачи пригодни благодарници.

Read more...
 
За неполни 2,5 години општина Неготино има доделено 585 вредносни ваучери PDF Print
There are no translations available.

  Од почетокот на примената на мерката која се реализира на предлог на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од август 2013-та година, во изминатиот период од близу  2,5 години општина Неготино има доделено вкупно 585 вредносни вауза повеќе мерки. Ова меѓу другото го истакна градоначалникот Апостолов во пригодното обраќање пред родителите на кои денеска им беа доделени нови 83 ваучери, како и 2 ваучери за мажи на возраст над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. На 78 родители им беа врачени вредносни ваучери од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 5 ваучери во вредност од 14.000 денари им се доделија на семејства кои имаат трето дете, а денеска за прв пат на иницијатива на градоначалникот Апостолов се доделија и 2 ваучери во вредност од по 30.000 денари на мажи на возраст над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Апостолов ги информираше присутните дека од започнувањето на спроведувањето на овие мерки наталитетот во општина  Неготино е зголемен за 19 отсто додавајќи дека додека е тој градоначалник мерката ќе продолжи континуирано да се реализира. Родителите кои ги добија ваучерите јавно се заблагодарија на овој гест на општината истакнувајќи дека за нив како семејства со новороденчиња секоја финансиска помош е добредојдена.

Read more...
 
<< Start < Prev 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 Next > End >>

Page 212 of 314