Општина Неготино
Општина Неготино со позитивни искуства од проектот „Општинско корисна работа“ PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов пред присутните на дводневната информативна работилница што ја организираат локалната самоуправа и УНДП, а која започна денеска, ја презентираше информацијата за досегашното функционирање на проектот „Општинско корисна работа“ на подрачјето на неготинска општина, притоа искажувајќи задоволство од досегашните позитивни искуства од спроведувањето на овој проект во општина Неготино. Апостолов додаде дека бидејќи искуствата и бенефитот од имплементирањето на овој концепт се покажа како многу позитивни во нашата општина, локалната самоуправа е заинтересирана да го применува и во иднина, а за таа цел, и овој пат согласно повикот ќе биде поднесена апликација со предлог и во иднина да биде поддржан веќе постојниот и позитивно прифатен концепт со можност за внесување иновативни компоненти. Проектот, според градоначалникот,  е од особена важност како за невработените и корисниците на социјална помош-ангажирани лица, исто така и за корисниците кое се опфатени во вакви и слични социјални сервиси и услуги.

 

Read more...
 
Во петок, 1ви Април – “Маскенбал 2016” PDF Print
There are no translations available.

  Во петок, на 1ви Април, во организација на Општина Неготино и образовните установи од општината ќе се одржи традиционалниот градски маскенбал, кој што ќе вклучува маскенбалско дефиле и културна програма на бината на градскиот плоштад со изведби на децата и учениците од двете основни и средното училиште Св.Кирил и Методиј. Во рамките манифестацијата со свои маски ќе се претстават децата од двата клона на детската градинка Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта Страшо Пинџур и Гоце Делчев и средното општинско училиште Св.Кирил и Методиј. Манифестацијата ќе започне со маскенбалското дефиле кое ќе тргне од двете основни училишта Гоце делчев и Страшо Пинџур точно во 12.00 часот на 1 Април (петок), ќе се движи по улиците Партизанска и Маршал Тито и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне културната програма на бина во рамките на која децата и учениците од Неготино ќе се претстават со хумористични точки и музички и денс изведби.

Read more...
 
Увид на работите на новиот резервоар во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

  „Работите околу изградбата на новиот резревоар во Пепелиште кој што е со зафатнина од 200 м3 вода се одвиваат според однапред утврдената динамика и договорот склучен со фирмата изведувач „Жикол“ од Струмица и се очекува истите да завршат во предвидениот рок за тоа, а веќе престојното лето проблемот со водоснабдувањето да биде минато за жителите на Пепелиште и за правните лица кои функционираат во ова село“ – истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при извршениот увид на работите на резервоарот кој е во фаза на интензивна изградба. Претставници на фирмата-изведувач во разговорот го информираа градоначалникот Апостолов за досега реализираните и активностите кои ќе следат во понатамошниот период, со единствена цел изградбата на резервоарот да биде завршена навреме, како и поставувањето на потисниот цевковод во должина од 1.260 метри со што ќе се придонесе за рамномерно распределување на водата во сите зони во Пепелиште. Средствата за реализацијата на овој проект се обезбедени од Европската инвестициона банка.

Read more...
 
Прием за младите фудбалери на „Јанг бојс“ од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Претставници на една исклучително талентирана генерација млади фудбалери-членови на Фудбалскиот клуб „Јанг бојс“ од нашиот град денеска беа примени и се задржаа во краток разговор со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Повод за средбата е освојувањето на второто место на  екипата на „Јанг бојс“ на неодамна одржаниот Балкански турнир во фудбал кој се одржа во Сандански-Бугарија со настап на фудбалери родени од 2005 година. Како што информираа претставниците на Управата на клубот, на овој турнир учествувале 68 екипи од Балканот и во таква исклучително силна конкуренција, неготинските фудбалери го освоија одличното второ место. Градоначалникот Апостолов во обраќањето го поздрави овој успех на фудбалерите на „Јанг бојс“, им порача и понатаму вредно да работат, тренираат и да ги изучуваат тајните на фудбалската игра, што неминовно ќе води кон остварување на вакви и слични резултатски постигања на задоволство на сите љубители на фудбалот, а како и досега, и понатаму ќе ја имаат неговата и поддршката на општина Неготино во рамките на расположливите финансиски средства.

Read more...
 
Проектите „Купи куќа за млади“и „Купи куќа,купи стан“ утре пред неготинци PDF Print
There are no translations available.

   Утре попладне ( четврток 31 март) во големата сала на општина Неготино пред заинтересираните граѓани стручни лица од Министерството за финансии и Катастарот на недвижности ќе извршат презентација на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ кои  предизвикаа огромен интерес кај јавноста. Младите, и не само тие, на презентацијата ќе можат да се информираат за поволностите од овој проект кој им нуди можности со субвенции од Владата на РМ да основаат сопствен дом. Се очекува пред присутните да бидат претставени и потенцирани вредностите на проектите, моделите на субвенционирање на рата, односно учество, како и можноста за градба не само на парцели кои ќе ги обезбеди општината, туку и на сопствен имот. Презентацијата на двата проекти ќе започне од 17,00 часот и на истата можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Read more...
 
Училишен час во кабинетот на градоначалникот Апостолов PDF Print
There are no translations available.

   Ученици од четврто одделение од Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Неготино во рамките на одвивањето на воспитно-образовниот процес и изучувањето по предметот општество, денеска остварија  средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во неговиот кабинет. Првиот човек на општина Неготино Апостолов во прилог на се она што учениците го учат за локалната самоуправа, ја искористи можноста да ги запознае со органите и телата на општина Неготино, што значи функцијата градоначалник и кои се неговите права и обврски, како функционира Советот на општината, локалната администрација и слично. Градоначалникот ја искористи можноста да ги информира своите најмлади сограѓани за проектите и активностите што тој и стручните служби ги реализираат, а кои имаат за цел да ги подобрат севкупните услови за живеење како во Неготино, така и во селата кои припаѓаат на неготинска општина. Апостолов истакна дека негов и општински приоритет е решавањето на проблемот со водоснабдувањето, изградба на патна инфраструктура, создавање услови за отворање производствени капацитети во кои би се вработувале невработените и друго. Учениците ја искористија можноста на адреса на градоначалникот да упатат и повеќе праѓања, на кои Апостолов им даваше одговори.

Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 210 of 314