Општина Неготино
Ќе се асфалтира улица во Криволак во должина од 300 метри PDF Print
There are no translations available.

   Покрај проширувањето од 3,2 на 5,5 метри и асфалтирањето на 3 километри од патниот правец Неготино-Криволак, градежни работи чие одвивање е во тек и се очекува да заврши за десеттина денови со комплетно асфалтирање на овој доста фреквентен пат, со претставници на фирмата изведувач Ве-група од Радовиш договорено е да се изврши асфалтирање на една од најоштетените улици во Криволак. Станува збор за улица во должина од 300 метри чии жители со огромна радост ја дочекаа веста која им ја соопшти градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, бидејќи како што рекоа и во лето и во зима имаат огромни проблеми при движењето по оваа улица. Асфалтирањето на улицата ќе започне по завршувањето на патот Неготино-Криволак, а предходно  работници на ЈП Комуналец ќе извршат санација на потегот кај каналската мрежа за потребите на блиските земјоделски површини-вода која се излева и им прави проблеми на жителите од оваа улица.

Read more...
 
Потисниот цевковод завршен, финишира изградбата на резервоарот за вода во Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Работници на фирмата изведувач Жикол од Струмица секојдневно се работно ангажирани на терен и ги изведуваат завршните работи од изградбата на нов резервоар за вода за потребите на жителите и правните субјекти од Пепелиште и поставување на потисен цевковод. Како што бевме информирани, работите за поставување на  потисниот цевковод се веќе завршени, а за кратко време ќе финишира и изградбата на резервоарот кој е со зафатнина од 250 м3 вода. Ако се има предвид сведочењето на жителот на селото Раде Ангелков дека досега им биле потребни од 40 до 50 метри кубни вода, повеќе од јасно е дека новите 250 м3 што ќе им бидат ставени на располагање ќе бидат доволни за задоволувањето на сите потреби од квалитетна вода за пиење за целото село, а доколку одредени количини остануваат, истите ќе бидат пренасочувани за задоволување на потребите на граѓаните од Неготино. Потребните финансиски средства за реализација на овој проект се обезбедени од Европската инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски во Владата на РМ.

Read more...
 
Се проширува и асфалтира патот Неготино-Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Од денеска започнаа работите за проширување и асфалтирање на патниот правец од Неготино до Криволак во должина од 3 километри. Увид на работите на лице место изврши градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го искажа задоволството од одвивањето на работите според утврдената динамика, при што најпрво се врши проширување и асфалтирање на дел од патот со цел наместо постоечките 3,2 метри истиот да биде со ширина од 5,5 метри и овој дел од работите се извршува со поставување на слој од 8 см асфалт, додека на постоечкиот патен правец на кој беше спроведено гребење на стариот, ќе се постави нов слој асфалт од 5 см. Исто така, изградени се потпорни зидови, поставен е дренажен систем, а ќе се постави и еластична ограда покрај патот во должина од 1.260 метри. Според одговорните од фирмата изведувач, се очекува овој проект за асфалтирање на патот Неготино-Криволак да биде завршен во наредните 10-тина денови, со што општина Неготино ќе добие модерен и современ пат кој ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Read more...
 
Прием кај градоначалникот Апостолов за светскиот вицепрвак Тоше Зафиров PDF Print
There are no translations available.

   „Секогаш сум исполнет со гордост кога спортисти или спортски клубови од општина Неготино постигнуваат одлични резултати на домашни и меѓународни натпреварувања, бидејќи освен нивната афирмација на личен план придонесуваат и за афирмација на Неготино и на Република Македонија. Еден од таквите спортисти кои конинуирано остваруваат значајни постигнувања надвор од границите на нашата држава секако е и нашиот сограѓанин Тоше Зафиров кој на Светското првенство во боди билдинг одржано во Копер-Словенија го освои одличното второ место во мошне силна конкуренција на 16 учесници во тешка категорија и со тоа уште еднаш не направи горди што токму од Неготино излезе спортист кој има врвни остварувања“-истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на приемот за двојниот светски вицепрвак во бодибилдинг Зафиров во неговиот работен кабинет. Како што истакна Зафиров, на ова Светско првенство конкуренцијата била мошне силна со учество на 300 натпреварувачи од 44 држави, а тој во својата категоријата го освоил второто место со што го повторил успехот од Светското првенство во Рим 2012 година кога исто така ја освои вицешампионската титула. Градоначалникот Апостолов додаде дека како и досега, така и во иднина, спортистите и спортските клубови од општина Неготино ја имале и ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа.

Read more...
 
Со гребен асфалт ќе се тампонираат улици во селата во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во договор со Министерството за транспорт и врски ќе се обезбеди гребен асфалт од реконструкцијата на патот Неготино-Демир Капија од коридорот 10 кој општина Неготино планира да го употреби за тампонирање на сите улици во селата кои гравитираат во неготинска општина. Во меѓувреме, додека се одвиваат градежните подготвителни работи за асфалтирање на патот од Неготино до Криволак гребениот асфалт започна да се користи со тампонирање на улици во Тимјаник, при што прва која се тампонираше е улицата карши ЗЗ Балкан која беше во исклучително лоша состојба и им правеше големи проблеми на лозарите кои овде го предаваат своето грозје. Во Тимјаник е планирано со гребен асфалт да се тампонираат и други помали улички, по што ќе следува тампонирање на улиците и во останатите села во општината.

Read more...
 
Викендов започнува асфалтирањето на патот Неготино-Криволак PDF Print
There are no translations available.

   Во моментов работници на фирмата изведувач Ве-груп ги изведуваат подготвителните градежни работи – гребење на асфалт, поставување потпорни зидови и цевки за одвод, по што се очекува веќе престојниот викенд да започне асфалтирањето на патот Неготино-Криволак. Според градоначалникот Ванчо Апостолов, станува збор за сфалтирање на 3 километри од овој патен правец до центарот на селото со средства во висина од 20.000.000 денари обезбедени во соработка со Министерството за транспорт и врски. Новиот патен правец ќе има карактеристики на регионален пат и ќе биде со ширина од 5,5 метри со што ќе се придонесе за побезбедно одвивање на сообраќајот од Неготино до Криволак, бидејќи во минатото токму на овој потег се имаа случено неколку потешки сообраќајни несреќи. Апостолов апелира до возачите да имаат разбирање бидејќи поради одвивањето на работите на патот сообраќајот се одвива отежнато, но додава дека по завршувањето на сите градежни работи, ќе се добие нов, современ, проширен и асфалтиран пат од Неготино до Криволак.

Read more...
 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 204 of 314