Општина Неготино
Новогодишни пакетчиња за учениците до 5-то одделение PDF Print
There are no translations available.

   На над 900 ученици кои наставата ја следат во двете општински основни училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур од прво до петто одделение на пригодна свеченост која се одржа во училиштата им беа поделени исто толкав број на новогодишни пакетчиња. Овие новогодишни пакетчиња се обезбедени со средства од буџетот на локалната самоуправа, а на учениците од прво до петто одделение им ги подели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Во знак на благодарност учениците од двете училишта подготвија богата забавно-музичка програма која ја презентираа пред градоначалникот и наставниот кадар, ветувајќи  дека и во наредната 2017-та година ќе бидат примерни и добри ученици. Од свои лично име и од име на општината градоначалникот Апостолов на сите ученици, нивните родители и на вработените во основните училишта им ги честиташе Новогодишните и Божикните празници посакувајќи им многу здравје и среќа во Новата година.

Read more...
 
Новогодишни пакетчиња за децата во игралните PDF Print
There are no translations available.

  Како и секоја, така и оваа година во пресрет на Новогодишните и Божикните празници градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги посети детските игрални кои функционираат во населените места, искористувајќи ја можноста нив, но и на нивните родители, да им ја честита Новата 2017-та година и да им посака се најдобро. За радоста на дечињата да биде поголема, но и да се задоволат нивните очекувања, градоначалникот Апостолов на децата од игралните во Тимјаник, Д.Дисан и Црвени Брегови им додели новогодишни пакетчиња, а во четврток пакетчиња ќе добијат и децата од игралните во Криволак, Пепелиште, Тремник и Војшанци. Како што информираат од локалната самоуправа, општина Неготино обезбеди новогодишни пакетчиња и за учениците до 4-то одделение во двете основни училишта, за дечињата во двата клона на градинката Фемо Кулако, за самохраните родители, штитениците од Порака и други.

Read more...
 
Општина Неготино организира дочек на Новата година на градскиот плоштад PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, Советот на општината и локалната самоуправа ги покануваат сите граѓани од неготинска општина, но и од соседните општини, во сабота на 31-ви декември да повелат на градскиот плоштад во Неготино и со организирана забава заеднички да ја испратиме 2016-та и да ја дочекаме Новата 2017-та година. Имено, како и предходните, така и оваа година локалната самоуправа им овозможува на сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на заедничкиот дочек на Новата година на кој за забавата и доброто расположение ќе се погрижат членовите на групата „Кристал“, а на полноќ ќе има и спектакуларен огномет.

Read more...
 
По 32-ри пат во Неготино се одржа државниот квиз-натпревар PDF Print
There are no translations available.

   Неготино денеска беше домаќин на учесниците и нивните ментори, како и претставници на Противпожарниот сојуз на Македонија, бидејќи токму во нашиот град се одржа 32-иот по ред Државен квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита на кој учество зедоа најдобрите екипи од Република Македонија во конкуренција на кадети и јуниори во кои се натпреваруваат по 7 екипи во двете конкуренции. Државниот натпревар за отворен го прогласија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претседателот на Противпожарниот сојуз на Македонија проф. д-р Никола Николов кои на сите учесници им посакаа пријатен престој во нашиот град и многу успех и среќа во натпреварувачкиот дел со желби да победат најдобрите. За регуларноста на натпреварувањето се грижеше тричлена жири комисија составена од стручни лица и делегат од Противпожарниот сојуз на Македонија, а квиз-натпреварите де одвиваа според однапред утврдени пропозиции. За најдобро пласираните екипи беа обезбедени пригодни награди и  признанија.

Read more...
 
Комплетно изградени новите тениски терени PDF Print
There are no translations available.

   Со средства во висина од 9.200.000 денари Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и општина Неготино го реализираа проектот за изградба на двоен тениски терен во населбата Саат кула кој е лоциран веднаш до мултинаменското игралиште и забавно-рекреативниот парк, со што граѓаните на Неготино на располагање добија уште еден спортско-рекреативен комплекс. По асфалтирањето, на двете тениски игралишта се постави акрилна подлога, неопходните реквизити за нивно оформување, поставена е ограда и осветлување со цел терените да можат да се користат и во ноќните часови. Сите љубители на тенисот и другите заинтересирани спортисти и рекреативци терените ќе можат да ги користат бесплатно.

Read more...
 
Одржана завршна конференција за општина Алмопиа Грција PDF Print
There are no translations available.

   На 5 декември во општина Алмопиа Грција се одржа завршна конференција за проектот BEE CONOMY за партнерот од Грчката страна – општина Алмопиа кои по 24 месеци ги презентираа севкупно постигнатите резултати. Истовремено на завршната конференција свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој исто така говореше за постигнатите резултати од проектот во општина Неготино и за она што треба да се заврши во следниот период со оглед на тоа што проектот за општина Неготино сеуште трае. Двајцата градоначалници заклучија дека проектот BEE CONOMY овозможи продлабочување на соработката, заедничките интереси на двете општини се рефлектира и преку следен аплициран проект од програмата IPA 2014-2020. Истиот во моментот е во фаза на евалуација за што веруваме на успех и понатамошна плодна соработка помеѓу овие две општини.

Read more...
 
<< Start < Prev 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Next > End >>

Page 194 of 314