Општина Неготино
Повардарие ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината PDF Print
There are no translations available.

   Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Оваа одлука произлезе од денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, а во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  Средбата беше организирана од страна на МЗШВ, со цел итно да се најде решение за исплата на долговите што визбата ги има кон лозарите. На состанокот, раководство на ВВ „Поварадарие“ изрази уверување дека ќе бидат комплетно расчистени долговите кон лозарите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година. Од винарската визба посочија дека имаат залихи за извоз во странство од чија што продажба  ќе се се реализира исплатата на долговите кон лозарите.  
Оваа состојба ја потврди Државниот инспекторат за земјоделство, кој изминатите денови изврши  контроли во В.В „Повардарие“ и утврди дека визбата има залихи на вино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вчера изјави дека има потпишано решенија со кои се одобрува продажбата на вино од залихите на винарската визба, но под услов со тие финансиски средства да бидат исплатени лозарите. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ќе ја следи состојбата со текот на исплатата, и во тој контекст МЗШВ на секои 15 дена ќе прави контрола за количините на извезено вино, уплатата на финансиските средства за истото и исплатат кон лозарите.
Првично долгот на ВВ „Повардарие“ кон лозарите беше 3,5 милиони евра, а сега изнесува околу еден милион евра.  
 
Конституиран Советот на општина Неготино-Диме Витанов избран за претседател PDF Print
There are no translations available.

   Во големата сала на локалната самоуправа денеска се одржа конститутивната седница на Советот на општина Неготино на која најпрво се изврши верификација на мандатите на новоизбраните членови на општинскиот Совет. По предлог на мнозинството советници, за нов претседател на Советот на општина Неготино со мандат од 4 години беше избран Диме Витанов кој по преземањето на функцијата нагласи дека очекува конструктивна соработка меѓу сите советници без разлика на нивната политичка провиниенција-се во интерес на доброто на граѓаните на општина Неготино. Новиот градоначалник на општина Неготино Тони Делков истакна дека очекува добра и плодна соработка со сите советници и реализација на проекти со кои ќе се подобри квалитетот на секојдневното живеење во неготинска општина. Советниците на првата седница расправаа и за други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

Read more...
 
Деветто издание на турнирот во табла “Неготино опен 2017” PDF Print
There are no translations available.

     Во рамките на програмата за одбележување на празникот на градот 8ми Ноември и оваа година Општина Неготино ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2017”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември во просторот над обложувалницата “Марбет” во старата градска чаршија. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на овој настан изнесува 15.000 денари, односно 8.000 денари за освоено прво место, 5.000 денари за второ и 2.000 денари за освоено трето место. Пријавувањето ќа се врши на e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , моб.телефон 072/320-842 или директно во кафе-бар ЈОКО и берберница КОКО. Бројот на учесници на турнирот е ограничен на 64, а учеството на истиот е бесплатно. Отварањето на турнирот и одигрувањето на првото коло од истиот се закажани за 6 ноември во 17.00 часот.
Read more...
 
Тони Делков ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со чинот на примопредавањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Ванчо Апостолов на новоизбраниот градоначалник Тони Делков, од денеска Делков и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино која ќе ја врши во наредниот 4-годишен мандат. По краткиот разговор, досегашниот градоначалник Апостолов на актуелниот Делков му го честиташе изборот за прв човек на општина Неготино посакувајќи му успех во работењето во наредниот период и реализација на проекти од интерес на граѓаните, а се заблагодари и на соработката со администрацијата, Советот и граѓаните во изминатите 4 години. Новиот градоначалник Делков во изјавата истакна  дека му е чест што ја презема градоначалничката функција која за него значи обврска, а не привилегија, додадавајќи дека ќе вложи максимални напори како градоначалник да се реализираат проектите од програмата со која настапи на изборите, Неготино да се движи напред и да се врати стариот сјај на нашиот град. Градоначалникот Делков потенцираше дека секое дадено ветување пред граѓаните на општина Неготино ќе биде реализирано во наредниот 4 годишен период за времетраењето на неговиот мандат.

Read more...
 
Новоизбраниот градоначалник Тони Делков го доби уверението од ОИК PDF Print
There are no translations available.

   По одржувањето на локалните избори општина Неготино доби нов градоначалник, Тони Делков, кој ја доби довербата на мнозинството гласачи во наредните 4 години да ја води општината. Делков, кој беше кандидат на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ победата ја освои уште по првиот круг од гласањето со освоени 6.455 добиени гласови или 51,44 отсто од излезените 12.107 гласачи од вкупно запишаните 16.084 избирачи во единствениот избирачки список. На денешната пригодна свеченост која се одржа во големата сала на локалната самоуправа, претстедателката на Општинската изборна комисија на Тони Делков му го врачи уверението со што тој и официјално стана нов градоначалник на општина Неготино. Примопредавањето на функцијата најавено е да се случи во текот на утрешниот ден. Новиот градоначалник Делков ја искористи приликата да им се заблагодари на сите кои учествуваа во спроведувањето на изборниот процес, на граѓаните кои својот глас го дадоа за неговата кандидатура, како и на сите 12.107 гласачи кои го искористија правото на глас на неодамна одржаните избори. Градоначалникот Делков вети дека ќе работи во интерес на сите граѓани на општина Неготино преку реализирање на неговата Програмата за работа со која настапи пред граѓаните и со заеднички напори Неготино и населените места да станат што е можно попристојно место за живеење.

Read more...
 
Новите советници во Советот на општината добија уверенија од ОИК PDF Print
There are no translations available.

   На неодамна одржаните локални избори на територијата на неготинска општина, листата со советници на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ освои најмногу гласови-6.349 и со тој резултат обезбеди 8 мандати во Советот на општина Неготино, додека советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освои 5.287 гласови со обезбедени 7 мандати во општинскиот Совет во кој делуваат вкупно 15 советници.
Еве ги и новите советници чии мандат трае 4 години. СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“ во Советот на општината ќе бидат претставувани од носителот на листата Диме Витанов, Гордана Филипова, Вуле Младеновиќ, Дане Мајсторчев, Трајче Димков, Ивана Трајкова, Игор Ѓорчев и Борче Коцев. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ги застапуваат носителот на листата Петре Манчев, Љупчо Пасинечки, Гордана Јованова, Зоран Стојанов, Флорида Илиевска, Игор Јованов и Трајко Стафилов.
Се очекува во најскоро време да се одржи конститутивна седница на која ќе се избере претседател на Советот на општина Неготино и ќе бидат формирани соодветните комисии, по што советниците ќе започнат со одржување седници и носење одлука од нивниот делокруг на работа.

 

Read more...
 
<< Start < Prev 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Next > End >>

Page 184 of 314